фудбал

Бекам го купи Интер Мајами за „ситно“, а клубот сега вреди скоро милијарда!

Eфектот на Лионел Меси се гледа откако објави дека пристигнува во Интер Мајами, клубот каде што еден од сопствениците е Дејвид Бекам.

Пред објавата дека Меси ќе потпише за Интер Мајами овој клуб на социјалните мрежи имаше околу 900 илјади слдбеници сега таа бројка е на 6.5 милиони. Слично влијание имаше Меси и во ПСЖ кога се пресели пред две години, клубот од Париз од спонзори и продажба на дресови поради Меси заработи околу 700 милиони евра.

Еден од најзаслужните за доаѓањето на Меси во Интер Мајами секако е Бекам, а приказната започна уште во 2018 година. Бекам доби награда на 25-годишнината од МЛС лигата и тогаш доби честитка од Меси кој му кажа да го побара за неколку години. Очигледно Бекам тоа го послуша и сега Меси е играч на неговиот клуб.

Кога пристигна во МЛС лигата, Бекам еден од условите кои ги побара беше дозвола да купи клуб за 25 милиони долари, а тоа го направи по завршувањето на кариерата во 2014 година. Клубот официјално беше претставен во 2018 година, првиот натпревар го одигра во 2020.

До тогаш вреднсота на клубот порасна на 857 милиони долари, доаѓањето на Меси, инфлацијата во САД и останатите фактори сигурно ќе придонесат за уште поголема вредност која сигурно ќе надмина милијарда долари.


Легендата Неста е нов тренер на второлигашот Реџана

Легендата на Милан, Алесандро Неста е блиску до назначување за главен тренер на Реџана.

„Договорот со Реџана е речиси затворен. Сакав да се вратам на работа и сега ми е мило. Чекам клубот официјално да го објави назначувањето“, потврдил Неста.

Последната работа на 47-годишниот Италијанец беше клупата на Фросиноне. Претходно ги водеше и Перуџа и Мајами. Минатата сезона Реџана се пласираше во Серија Б.


Австриецот Лајмер прво засилување на новиот Баерн

Баерн денес и официјално го потврди трансферот на Конрад Лајмер. Како што објавија од клубот, договорот со Лајмер е заклучен и тој ќе биде со важност до 30 јуни 2027 година.

26-годишниот централен играч за врска се сели во Минхен како слободен играч од победникот на Купот на Германија, РБ Лајпциг.

„Ова е остварување на сонот за мене. Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Ќе дадам сè за клубот и навивачите. Баерн секогаш има највисоки цели – исто како и јас. Едвај чекам да почнеме“, изјавил Лајмер.


Унаи Емери го носи Пау Торес во Астон Вила

Астон Вила доставила официјална понуда до Виљареал за централниот бек Пау Торес, тврди „Кадена Сер“. Изворот не наведува кои се конкретните финансиски параметри на понудата, но тврди дека менаџерот на тимот од Бирмингем, Унаи Емери, кој во ноември го напушти Виљареал за да ја преземе Астон Вила, инсистира повторно да соработува со шпанскиот интернационалец.

„Жолтата подморница“ заврши на петтото место во Ла Лига, што значи дека втора сезона по ред тимот нема да игра во Лигата на шампионите. Тоа неминовно ќе се одрази и на финансиите на клубот, кој според „Кадена Сер“ е подготвен да продаде некоја од своите ѕвезди.

Јувентус е заинтересиран исто така за Пау Торес, кој пред една година беше трансфер цел на Манчестер Јунајтед. Астон Вила се поврзува и со капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер.


Бекам го носи Ди Марија во Интер Мајами?

Интер Мајами вчера го потресе фудбалскиот свет со веста дека Лионел Меси треба да потпише за нив и покрај тоа што за него со бореа Барселона и шампионот на Саудиска Арабија Ал-Итихад.

Сепак, американскиот тим, кој е во сопственост на Дејвид Бекам, нема намера да застане тука и сега е насочен кон уште една голема ѕвезда во европскиот фудбал – Анхел Ди Марија, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Соиграчот на Меси во националниот тим на „гаучосите“ стана и слободен играч откако не доби понуда за нов договор од Јувентус. Европа и понатаму е приоритет, а аргентинскиот крилен напаѓач има понуди од неколку различни тимови, а Бенфика е најупорна во моментов.

Но, и Мајами стапи во контакт со претставниците на играчот и ја достави својата понуда, а веќе најавеното привлекување на Меси е исклучително силен адут во нивна полза, бидејќи двајцата се блиски со Ди Марија. Тимот од МЛС продолжува да го брка Серхио Бускетс кој пред само неколку дена објави дека ја напушта Барселона.


Вест Хем потврди дека Деклан Рајс заминува летово

Играчот од средниот ред и капитен на Вест Хем Деклан Рајс ќе го напушти тимот. Ова го соопшти претседателот на „чеканите“ Дејвид Саливан.

„Мислам дека тоа беше последниот натпревар на Деклан за нашиот клуб. Му ветивме дека ќе може да си замине. Решил да замине. Не можете да му застанете на патот на човек кој направи толку многу за тимот оваа сезона“, изјави Саливан.

Претходно беше објавено дека Вест Хем се согласил на понудата на Арсенал од 105 милиони, но клубот бара оваа сума да ја плати до летото 2024 година. Вест Хем е меѓу клубовите на списокот за следење на УЕФА за финансиски фер-плеј минатиот септември и две големи годишни паушални исплати би им помогнале удобно да се усогласат со законите на бизнисот за фудбалски трансфери.

24-годишниот Рајс вчера, заедно со тимот ја освои Конференциската лига. Ова е негов прв трофеј во кариерата. Вкупно минатата сезона Англичанецот учествуваше во 50 натпревари на кои постигна пет гола и даде четири асистенции.


Французинот Ндика се договори со Рома

Рома постигна договор со дефанзивецот на Ајнтрахт, Еван Ндика, потврди новинарот Фабрицио Романо.

22-годишниот Ндика игра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, а оваа година се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.

Неговиот договор истекува на крајот на месецот и ќе замине како слободен агент, а за неговиот потпис интерес покажаа неколку европски клубови.

Рома ја победила конкуренцијата и постигнала договор со неговиот агент за 4-годишна соработка.

Трансферот ќе биде официјализиран во наредните денови откако дефанзивецот ќе ги мине лекарските прегледи.


Роналдо најави дека ќе купи сопствен фудбалски клуб

Еден ден по официјалниот трансфер на Карим Бензема во редовите на саудискиот шампион Ал Итихад, Кристијано Роналдо се осврна на заминувањето на францускиот напаѓач од Реал Мадрид, нагласувајќи дека е само прашање на време кога саудиската лига ќе привлече дел од најдобрите играчи во светскиот фудбал.

Роналдо стана член на Ал Наср на почетокот на годината и се чини дека тоа беше само почеток на она што следува, кога бројни големи ѕвезди ќе бидат привлечени од богати понуди, кои едноставно е тешко да не се прифатат.

Бензема вети дека ќе остане во Реал Мадрид, но 600 милиони евра за три години… Не можеше да не прифати, како и Н’Голо Канте кој си заминува од Челзи, додека за Ријад Махрез се подготвува богата понуда, како и за многу други ѕвезди на европскиот фудбал.

Се веруваше дека и Лионел Меси ќе оди во Саудиска Арабија, но Аргентинецот ги избра Интер Мајами и МЛС наместо Ал Ахли.

„Веќе знаев дека одењето во Саудиска Арабија ќе ја „отвори кутијата“. Не погрешив. Сигурен сум дека за две или три години ќе биде една од најважните лиги во светот. Бензема сега пристигна. Желбата е компетентност. Кога има компетентност, пазарот има корист. Нека дојдат сите ѕвезди“, рече португалскиот интернационалец на прес-конференцијата на која ја претстави својата нова работа.

Роналдо увери и дека не ја исклучува можноста во иднина да биде сопственик на свој клуб.

“Тоа е нешто за што размислував пред неколку години. Навистина би сакал да имам клуб. Отсекогаш сум бил многу решителен човек и многу професионалец. Веќе сум на крајот од кариерата, ќе играм само две или три години“, додаде тој на крајот.


Реал се предомисли, нема да испрати понуда за Хари Кејн

Реал Мадрид се предомислил да го купи напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн. Од Мадрид не се подготвени да им платат на Тотенхем 116 милиони евра за трансферот, како и да му исплати на напаѓачот годишна плата од 20 милиони евра, објави „АС“.

Според изворот, 29-годишниот англиски напаѓач исто така не се вклопува во стратегијата за подмладување на составот. Во исто време, Реал Мадрид може да се обиде да го откупи напаѓачот на Еспањол, Хоселу, кој моментално има 33 години. Забележано е дека Реал Мадрид е подготвен да замижи пред годините на напаѓачот на каталонскиот клуб исклучиво поради неговата ниска цена и високиот учинок минатата сезона. В

Во сезоната 2022/2023, Кејн одигра 49 настапи за Тотенхем во сите натпреварувања, во кои постигна 32 гола и пет асистенции. Договорот на играчот со лондонскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2024 година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт е 90 милиони евра. Претходно беше објавено за желбата на Кејн да игра за мадридскиот клуб.


Пулишиќ го напушта Челзи, Милан најсериозна опција а Американецот

Кристијан Пулишиќ готово сигурно на лето ќе го напушти клубот.

24-годишниот Пулишиќ не е задоволен од својот статус во Челзи и малата минутажа која ја добива, а Покетно не го гледа во тимот.

Американецот влегува во последната година од договорот, па „сините“ се спремни да го пуштат за сума од околу 20 милиони евра. Најсилен интерес за Пулишиќ покажува Милан, кој веќе стапил во контакт со Челзи и почнал преговори.

Милан сака да ја засили десната крилна позиција, а Пулишиќ е голема желба на тренерот Пиоли.