фудбал

Новиот Оби Микел? Челси тргнува по млада нигериска ѕвезда

Челси наводно се подготвува да го ангажира нигерискиот талент Абдуљелил Камалдин пред јануарскиот преоден рок. 16-годишниот фудбалер моментално настапува за Нигерија на Светското Првенство за играчи до 20 години во Чиле и веќе ги импресионираше навивачите со својата зрелост и техника. 

Иако Нигерија загуби од Норвешка, Камалдин остави силен впечаток и се очекува да започне во следниот натпревар од групната фаза против Саудиска Арабија. Неговите настапи се привлечни за скаутите на Челси, кои се сѐ поактивни во барањето на млади таленти со голем потенцијал. 

Во случај на трансфер, тој би започнал со развојот во младинскиот систем на Челси, кој под сегашното раководство активно промовира млади фудбалери кон првиот тим. Настапите на меѓународната сцена на толку млада возраст само го зголемуваат неговиот потенцијал. 

Овој потег исто така ја покажува посветеноста на Челси кон африканскиот пазар, особено Нигерија, каде клубот гледа голем неискористен потенцијал. Камалдин би можел да биде следното големо име во низата на африкански таленти во Лондон. 


Матета блеска, Јунајтед жали?

Трансфер политиката на Манчестер Јунајтед ова лето е под сериозна лупа, откако клубот реши да вложи голема сума во словенечкиот напаѓач Бенјамин Сешко, наместо да тргне по голгетерот во форма, Жан-Филипe Матета од Кристал Палас. 

Сешко, 22-годишен, пристигна на Олд Трафорд од Лајпциг за 74 милиони фунти. Клубот го гледа како долгорочна инвестиција. Иако има забележителна статистика со 39 голови во 87 натпревари за Лајпциг, неговиот почеток во Јунајтед е тивок, само еден постигнат гол досега. 

Од друга страна, Матета е веќе докажан голгетер во Премиер Лигата. Со 47 голови во дресот на Кристал Палас, Французинот изгради репутација на сигурен напаѓач кој знае да се снајде пред гол. Неговата конзистентност и искуство во најсилната лига на светот се токму квалитетите што, според многумина, му недостигаат на Јунајтед по офанзивнво разочарувачката сезона. 

Со својата физичка подготвеност, смиреност во завршницата и искуството, Матета изгледаше како логичен избор за засилување на нападот. Но Јунајтед се реши за помлад, потенцијално талентиран играч, надевајќи се на долгорочен успех. 

Таа одлука веќе предизвикува дебати. Со нападот на Јунајтед што уште се мачи да проработи, прашањата се множат: Дали клубот премногу веруваше во потенцијал наместо проверено искуство? И дали Сешко ќе созрее доволно брзо за да го оправда трансферот? 

Сезоната е долга, но Јунајтед мора брзо да дознае дали го фатил вистинскиот воз, или пак го испуштил со Матета. 


Валверде се отвори околу неговата посветеност кон Реал Мадрид

Феде Валверде ја скрши тишината поради шпекулациите околу неговата посветеност кон Реал Мадрид поради тоа што не беше во почетниот состав против Каирaт Алмати. Средниот играч призна дека неговата форма малку опаднала, но нагласи дека никогаш не одбива да игра и дека ја прифаќа критиката како дел од својот развој. Истакна дека е професионален, откривајќи дека често играл повреден без да бара одмор. 

Валверде зборуваше и за односот со Чаби Алонсо, опишувајќи го како базиран на меѓусебно почитување и доверба. Иако преферира да игра во средината на теренот, нагласи дека е подготвен да се прилагоди на која било позиција што тренерот ќе ја побара и е подготвен да помогне кога и да се повика. Играчот ги увери навивачите дека е посветен и дека дава максимум дури и кога не е задоволен од својот настап. 

Внатрешни извори го опишуваат Валверде како повлечен, но клучен играч посветен на успехот на тимот, без реален конфликт со тренерот. Оваа изјава има цел да ги разјасни гласините и да ја потврди решеноста и гордоста на Валверде да се бори за своето место. 


Орозко, новото засилување на Манчестер Јунајтед од Јужна Америка

Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на 17-годишниот колумбиски талент Кристијан Орозко од Форталеза, кој ќе се приклучи на клубот во јули 2026 година. Договорот, чија вредност се проценува на околу 1 милион долари, е финализиран пред 18-тиот роденден на играчот, со што му е дозволено да го ја заврши сезоната во Колумбија пред да се пресели во Англија. 

Овој трансфер е во согласност со стратегијата на Манчестер Јунајтед да инвестира во ветувачки таленти од Јужна Америка. Скаутите забележале брз напредок и технички способности кај Орозко, сметајќи го за значаен за иднината. 

Со тоа што ќе го доведат Орозко во Англија дури во сезоната 2026/27, Јунајтед сака да биде сигурен дека младиот играч ќе биде подготвен физички и ментално за предизвиците на Премиер Лигата.  


Работнички со два убедливи порази елиминиран од младинската ЛШ

Македонскиот првак Работнички загуби вечерва во Скопје од ирски Шелбурн со 7-1 и со вкупен резултат од 12-1 претрпе елиминација во воведното коло во младинската Лига на шампиони.

По високиот пораз минатата недела во Даблин од 5-0, младинците на Работнички уште поубедливо беа поразени на реваншот на теренот на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Ирскиот шампион доминираше од самиот почеток и со головите на Сами (5, 39, 80), Бејли (49, 78), Вуна (53) и Мекарти (59) го завери пласманот во второто квалификациско коло во кое за противник ќе го има словачкиот првак Жилина.

Почесниот гол за Работнички го постигна Бошнаков во 44 мин та.

Со оваа елиминација Работнички ја продолжи негативната серија на македонските претставници кои сè уште немаат победа во младинската Лига на шампиони.


Консеисао: Јувентус загуби два бода во натпреварот против Виљареал

Фудбалерот на Јувентус, Франсиско Консеисао, не е задоволен од нерешениот резултат (2-2) синоќа на гостувањето кај Виљареал во второто коло од Лигата на шампионите

„.Чувствуваме дека загубивме два бода бидејќи сакаме да победиме на секој натпревар од Лигата на шампионите, а тоа не го постигнавме денес. Виљареал е одличен тим кој има одлични резултати на домашен терен. Овој натпревар покажа дека треба да продолжиме да работиме напорно“, изјави Консеисао.

Јувентус е 23. на табелата со два бода, Виљареал е 26-ти со еден бод.

Во 3. коло, Виљареал ќе игра против Манчестер сити (21 октомври), а Јувентус ќе се сретне со Реал Мадрид (22 октомври).


Флик: Мојата Барса треба да учи од ПСЖ

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот пораз (2-1) од ПСЖ во второто коло од Лигата на шампионите.

„ПСЖ имаат брзина и класа. Откако го подобрија своето ниво, ја заслужија победата. Имавме многу натпревари во последните недели, па в петок ќе направиме состанок и ќе разговараме за нив. 100 проценти сум уверен дека играме на нивото на ПСЖ, но треба да го правиме тоа во текот на сите 90 минути. Целиот тим треба да работи напорно, да се брани, да ги користи шансите, да учествува во поседот… Сите видоа дека во ПСЖ, секој ја сака топката, знае како да го искористи просторот на теренот и знае како да игра еден на еден. Треба да учиме од нив“, изјави Флик за сајтот на УЕФА.

ПСЖ е на третото место на табелата со шест бода, Барселона е 16-та со три бода.

Во третото коло, парискиот тим ќе игра против Баер Леверкузен, додека Каталонците ќе се соочат со Олимпијакос. И двата натпревари ќе се одржат на 21 октомври.


Се повреди Алисон Бекер, ќе го скокне дербито со Челзи

Англискиот шампион Ливерпул поминува низ тежок период. Покрај тоа што го претрпеа вториот последователен пораз во сезоната синоќа, во Ливерпул го загубија и својот стартен голман Алисон Бекер. Во поразот од Галатасарај со 0:1 во Лигата на шампионите, бразилскиот голман се повреди на почетокот на второто полувреме и мораше да биде заменет од Ѓорѓи Мамардашвили. Повредата сигурно ќе го оддалечи за претстојниот натпревар со Челзи, а може да пропушти и повеќе натпревари. Состојбата на Уго Екитике го загрижува и менаџерот Арне Слот, кој беше принуден да го замени и него.

„Не можам точно да ви кажам што се случи со Алисон бидејќи не сум доктор, но обично кога играчот ќе се врати со спринтање, ќе почувствува нешто и ќе падне на земја, тој не се враќа. Ќе мора да почекаме и да видиме колку е сериозна повредата, но дефинитивно нема да може да игра против Челзи оваа сабота. За Екитике, не мислев дека е повреда, но тој рече дека не може да продолжи, па мораше да го извадиме. Да видиме како ќе биде во текот на викендот“, загрижено објасни менаџерот на Ливерпул.


ПСЖ во последната минута се избори за победа во Барселона

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја победија Барселона со 1-2 (1-1) во дербито на втората рунда во Лигата на шампионите. ПСЖ победи и покрај тоа што против Барселона Луис Енрике играше без петмина од првиот тим.

На стадионот „Монжуик“ видовме „само“ три гола, иако двата тима имаа неколку изгледни шанси, да постигнат уште некој гол.

Натпреварот отвори Ламин Јамал кога со убав потег се ослободи од двајца играчи, подготви шанса за Феран Торес во втората минута.

Во 19-та минута, Витиња ја загуби топката на својата половина, а потоа Маркус Рашфорд со прекрасна асистенција му овозможи на Торес да го совлада Шевалие.

По 25-та минута ПСЖ ја презеде контролата врз играта. Во 38-та минута, Нуно Мендеш ја претрча одбраната на Барселона, а тинејџерот Мајулу го изедначи резултатот.

Во второто полувреме Хакими спаси сигурен гол по обидот на Олмо и тоа беше најдобрата и единствена шанса на Барселона во овој период од играта.

Како што доминуваше натпреварот ПСЖ се повеќе го засилуваше темпото. Играчите на барселона не може да да се спротивстават. Баркола имаше два обиди, Ли ја погоди стативата, а во 90-та минута изворедна акција на Хакими која Рамош ја претвори во гол за победа.

ПСЖ ја забележа втората победа, а Барселона го запиша првиот пораз во сезоната во сите натпреварувања.


Сити и Јуве испуштија победи во последната минута

Јувентус и Манчестер сити во последната минута испуштија победи на гостувањата во Виљареал, односно Монако. Благодарение на „врската од Манчестер“ и голманот Вања Милинковиќ Савиќ, Наполи славеше против Спортинг. Арсенал се мачеше против Олимпијакос, но забележа сигурна победа. Борусија Дортмунд беше убедлива, додека на Баерл Леверкузен и ПСВ одиграа без победник.

Вечерашните натпревари во Лигата на шампионите, покрај победата на ПСЖ во Барселона (2:1), со голот на Рамош во 90-та минута, ја обележаа дефанзивецот на Јувентус, Федерико Гати со спектакуларен гол против Виљареал во 49-та минута, и Скандинавците Расмус Хојлунд и Ерлинг Халанд, кои постигнаа по два гола за Наполи, односно Манчестер сити.