фудбал

Манчестер Јунајтед заинтересиран во Вања Милинкович-Савич

Манчестер Јунајтед воспостави „контакт“ со тимот од Серија А, Торино, околу трансферот на српскиот репрезентативец Вања Милинкович-Савич ова лето, според Фабрицио Романо. 
 
Голманската ситуација на Олд Трафорд е извор на загриженост за Рубен Аморим оваа сезона. 
 
Првиот голман Андре Онана претрпе лоша кампања со каталог на грешки, особено во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа со Лион. 

Вториот голман, Алтај Бајиндир, изгледа подеднакво неубедлив кога го заменува Онана, и е поврзан со преселба надвор од Олд Трафорд во потрага по повеќе минути за првиот тим откако Јунајтед доби понуди во јануари. 

Оваа сезона, србинот има одиграно 34 натпревари во италијанската лига, без да прими гол во 11 од нив. Неговиот договор со Торино ќе истече во јуни 2026 година, но клубот има опција да активира автоматско продолжување за уште една година. 
 
Изворите додаваат дека Милинкович-Савич би уживал во можноста да  игра во Манчестер, но останува да се види дали двата тима ќе успеат да склучат договор. 


Алесандро Бастони: „Јамал е најдобриот играч со кој сум се соочил“

Италијанскиот шампион, Интер, ќе ја хостира Барселона во полуфиналниот реванш во Лигата на Шампиони, и повторно ќе се соочи со заканата од Ламин Јамал. 

Шпанецот постигна прекрасен гол на првиот натпревар и имаше блескав настап, наведувајќи ја изјавата на Симоне Инзаги дека тој е таков талент што се гледа само еднаш во 50 години. 

Јамал денес повторно ќе биде во акција, и Алесандро Бастони беше прашан за младиот и неговите способности. 
 
На прес-конференцијата Италијанецот изјави дека Јамал е најдобриот играч со кој што се имал соочено. Тој рече: „Мислам дека е така, тој е најдобриот играч со кој сум се соочил. Јас веќе се соочив со него против Шпанија, но тој сè уште не беше на ова ниво. Импресиониран сум од нивото што го има достигнато, за неговата возраст и способноста да создаде нешто на теренот, мислам дека е меѓу најдобрите“. 

Ова би бил еден од најголемите натпревари во кариерата на Јамал и додека тој има одиграно поголеми натпревари за Шпанија, можноста за пласман во финалето на Лигата на Шампионите претставува огромен чекор во кариерата на тинејџерот. 


Стуани донесе „златни“ три бода за Џирона против Мајорка

Фудбалерите на Џирона ја победија Мајорка во 34-то коло од Ла Лига со 1-0 и освоија три вредни бода во борбата за опстанок.

Тимот од Каталонија успеа да слави со голот на искусниот Стуани и да направи разлика од шест бода во споредба со зоната за испаѓање.

Стуани ја искористи првата можност на натпреварот, во 10.минута и го постигна голот што се покажа како единствен на натпреварот.

Проблемот на Мајорка беше што воопшто не можеа да го погодат голот. За 90 минути, тие шутираа вкупно девет пати, топката само еднаш одеше во рамката на голот.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по подоглго време доби шанса, и тоа минимална, влезе на теренот во 87.минута, на местото на стрелецот Стуани.

Жирона ја прекина серијата од 11 натпревари без победа. Нивниот последен триумф беше пред три месеци против Лас Палмас. Од друга страна, Мајорка се мачи да постигнува голови. Тие не постигнале гол во претходните три натпревари, а освоија само еден бод.

Џирона моментално е 15-та и има 38 бода, додека Мајорка е десетта со 44 бода, исто колку и Рајо Ваљекано.


Милан бира меѓу Сари и Алегри

Масимилијано Алегри и Маурицио Сари се чини остануваат главни фаворити за тренерското место во Милан следната сезона. Информациите од Апенините велат дека пред се поради нивната достапност, педигрето во Серија А и усогласеноста со непосредната потреба на Милан за стабилност, овие двајца тренери се во фокусот на управата на тимот.

Роберто Де Зерби е силен кандидат за долгорочен проект, но неговата сегашна улога во Марсеј може да ја одложи неговата кандидатура. Антонио Конте, кој исто така се споменува како можно решение, засега е недостапен поради неговиот договор со Наполи. Конечната одлука за новиот тренер, веројатно ќе зависи од визијата на новиот спортски директор и преговорите во наредните месеци кои треба да се случат.


Бруно Фернандеш приоритет во летните планови на саудиски гиганти

Ал Хилал покажал интерес за капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш и би бил подготвен да преговара со „Црвените Ѓаволи“ за да го интегрира офанзивниот играч во нивниот супер-тим за следната сезона. 

30-годишниот играч е талисман откако им се приклучи на „Црвените Ѓаволи“ во 2020 година. Имаше шпекулации дека ќе го напушти клубот минатото лето, со Барселона пријавени како заинтересирани, пред тој да потпише продолжување до 2027 година, поврзувајќи ја неговата иднина со клубот. 

Ал Хилал наводно е подготвен да понуди неверојатни 120 милиони евра. Оваа сума може да сврти глави на Олд Трафорд, каде што новиот одлучувач Џим Ретклиф сигнализираше јасна намера да ги рестриктира финансиите на клубот. Продажбата на еден од најскапите играчи во клубот за толку голема сума би донела инстантно финансиско олеснување – но по која спортска цена? 

Фернандеш не е само стрелец, тој е креативецот и емотивниот лидер на Јунајтед. Загубата на Фернандеш би оставила огромна дупка во структурата на тимот и не е сигурно дали клубот може да најде соодветна замена. Иако понудата е примамлива, Манчестер Јунајтед мора да одлучи дали вреди за нивниот капитен и срце на тимот. 


Само реми за Нотингем Форест на гостувањето кај Кристал Палас

Фудбалерите на Кристал Палас и Нотингем Форест одиграа нерешено 1-1 во последниот натпревар од 35. коло од Премиер лигата.

Натпреварот заврши без победник, а конечниот резултат беше 1:1.

Кристал Палас поведе во 60. минута кога Езе постигна гол, а Форест израмни само четири минути подоцна преку Муриљо.

Форест со овој бод останаа во трката за пласман во Лигата на шампионите, на пестото место имаат 61 бод, два помалку од Њукасл и Челси и три од Манчестер сити.

Кристал Палас се 12. на табелата со 45 бода.


Како закаснат пасош го смени патот на кариерата на Рафиња

Фаворитот за златната топка изјави дека бил блиску да прифати повик да игра за италијанската репрезентација пред да го претставува Бразил. 
 
Зборувајќи со новинарката Изабела Паљари, Рафиња призна дека бил блиску до приклучување на Италијанскиот тим кој го освој европското во 2020 година.  
 
Бев блиску до прифаќање на повикот од италијанската репрезентација! рече Рафиња. „Требаше да одам на европското што го освоија во 2020 година. За среќа, пасошот не излезе на време“. 

„Во тој период ме повикуваа луѓе од италијанската репрезентација. Жоргињо ми се јавуваше постојано. Италијанскиот персонал имаше неверојатен проект за мене, навистина ми го привлече вниманието“, додаде тој. 
 
И покрај големиот интерес и шансата да се приклучи на голем европски турнир, Рафиња рече дека сеуште имал мала надеж да игра за својата земја на раѓање. 

Рафиња го одигра својот прв натпревар за Бразил во 2021 година и оттогаш стана редовен играч за Селекао, настапувајќи на Светското првенство во 2022 година и Копа Америка 2024 година. 


Арсенал фаворит за потписот на Родриго

Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго би можел да ја продолжи кариерата во Арсенал.

Според „Relevo“, лондончани се заинтересирани за евентуалниот трансфер на 24-годишниот Бразилец. За играчот е заинтересиран и Манчестер сити.

Претходно изданието објави дека Реал Мадрид е подготвен да се раздели со Родриго за 100 милиони евра. Договорот на Родриго истекува во летото 2028.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 100 милиони евра.

Во тековната сезона Родриго има 13 гола и 10 асистенции на 50 натпревари.


Милер ги израмни и собори сите бундеслигашки рекорди

Баерн Минхен стана шампион на Германија неколку кола пред крајот на сезоната 2024/25. Баварците ја освоија Бундеслигата по рекорден 34-ти пат.

Играчот од средниот ред на Баерн, Томас Милер, го освои 34-от трофеј во својата кариера и го израмни најдобриот резултат меѓу германските играчи, кој му припаѓаше на поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, објави „Скај Германија“.

Милер го израмни и рекордот на една од легендите на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, по број на златни медали во првенствата на првите 5 европски лиги – 13 трофеи.

Воедно Томас Милер е играч со најмногу освоени титули во Бундеслигата, тој има 13 титули, една повеќе од Мануел Нојер и три повеќе од Роберт Левандовски и Давид Алаба.


Александар-Арнолд најави заминување од Ливерпул по дваесет години

Десниот бек, Трент Александар-Арнолд, потврди дека како слободен играч ќе го напушти Ливерпул по завршувањето на сезоната.

ТАА јавно се збогуваше со клубот чиј член беше 20 години.

„По 20 години во фудбалскиот клуб Ливерпул, време е да потврдам дека заминувам на крајот од сезоната. Ова е најтешката одлука што некогаш сум ја донел во мојот живот. Знам дека многумина од вас ме прашаа зошто или бевте фрустрирани што сè уште не сум зборувал за ова, но отсекогаш ми беше намера целосно да се фокусирам на најдобрите интереси на тимот, а тоа е обезбедување на 20-та титула“, рече Александар-Арнолд.

„Овој клуб, 20 години беше целиот мој живот, целиот мој свет. Од академијата до сега, поддршката и љубовта што ги чувствував од сите во и надвор од клубот ќе останат со мене засекогаш. Засекогаш ќе ви бидам должен на сите вас. Но, никогаш не сум знаел ништо друго и оваа одлука се должи на нов предизвик, да излезам од мојата зона на удобност и да се туркам себеси и професионално и лично“.