Поранешниот фудбалер и стратег на Барселона, Чави Ернандез, би можел многу брзо повторно да седне на тренерска клупа.
Според последните информции, легендата на каталонскиот гигант е главен фаворит за кормилото на Ал-Итихад, клуб кој остана без тренер откако Лоран Блан доби отказ по поразот од Ал-Наср.
Чави е слободен откако во сезоната 2023/24 доби откз во Барселона и тогаш најави дека ќе направи пауза пред да прифати нов предизвик. Сега можеби опција е Ал-Итихад, а азискиот фудбал му е добро познат бидејќи во Ал Сад тој ја заврши играчката кариера и ја започна тренерската.
Ал-Итихад има шампионски амбиции во Саудиска Арабија, а по четири одиграни кола освоија девет бода.
Каква е судбината на Аморим на „Олд Трафорд“?
И покрај поразот на Манчестер Јунајтед од Брентфорд со 3-1 во 6. коло од Премиер лигата, клубот сè уште изразува доверба во главниот тренер Рубен Аморим, објави „Би-Би-Си“.
Според извор, ко-сопственикот на тимот, Џим Ратклиф, верува дека работата на Португалецот треба да се оцени по цела сезона, нагласувајќи дека клубот е задоволен од насоката во која се движи.
Челниците на Манчестер Јунајтед, исто така, ги негираа гласините за потрага по нов менаџер, нагласувајќи дека прашањето за промена на главниот тренер во моментов не се разгледува.
Под водство на Аморим, тимот собра 34 бода во 33 натпревари во Премиер лигата и сè уште не победил на два натпревари по ред.
Во Казахстан едвај го чекаат гостувањето на Реал Мадрид
Тренерот на Каират, Рафаел Уразбахтин, ги сподели своите очекувања пред натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Можете ли да ги споделите вашите очекувања пред натпреварот против Реал Мадрид?
„Со нетрпение ја очекуваме големата фудбалска престава. Ова е историски настан за клубот и за Казахстан. Сите со нетрпение очекуваат да видат ѕвезди од светска класа. Покрај тоа, Реал Мадрид пристигна со својот најдобар состав. Желни сме да се тестираме, за нас, ова е и сон и тест“, рече Уразбахтин во интервју пред натпреварот со Реал Мадрид.
Натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Каират и Реал Мадрид ќе се одигра утре (30 септември) на Централниот стадион во Алмати, со почеток во 18:45 часот.
Џерeд Братвајт интересен за два премиерлигашки гиганти
Ливерпул и Манчестер Јунајтед би можеле да влезат во ново големо ривалство – овојпат на трансфер-пазарот. Според информациите на англискиот медиум „Мирор“, актуелниот шампион на Англија се приклучил во трката за дефанзивецот на Евертон, Џерeд Братвајт.
23-годишниот стопер сезонава е еден од најстабилните играчи на „карамелите“ и веќе подолго време е на радарот на големите клубови. Претходно беше блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед, но зделката пропадна по одлука на извршниот директор на клубот, Омар Берада.
Сега Јунајтед повторно покажува интерес, но конкуренцијата е посилна од кога било – Ливерпул е подготвен да влезе во жестока борба за потписот на Братвајт.
Евертон за својата млада ѕвезда бара обештетување од околу 65 милиони фунти, што би го направило еден од најскапите англиски дефанзивци во историјата.
Братвајт ја започна својата професионална кариера во Карлајл Јунајтед, а во 2020 година се пресели во Евертон. За сениорската репрезентација на Англија веќе има еден официјален настап, а неговиот потенцијал го прави многу привлечна опција за клубови кои бараат долгорочно решение во одбраната.
Шкендија го доби дербито со Силекс и се искачи на врвот на табелата
Шкендија забележа уште една победа сезонава во ПМФЛ, трета по ред откако денеска го совлада и тимот на Силекс со 2-0. Тетовскиот тим ја искористи првата сериозна шанса, потоа успеа да се одбрани за на крај да стави „печат” на трите бода.
По првиот дел немаше голови. Во првите 45. минути се играше главно на средината, со неколку нафрлени топки пред двата гола, но без посериозна шанса.
Конечно нешто конкретно на мечот се случи во 50. минута, и од тоа произлезе водство на Шкендија. Бесарт Ибраими од левата страна проби, и се одлучи на удар, упати силен шут кој го изненади голманот Џеков и топката заврши во мрежата.
Силекс веднаш нападна да израмни. Најдобрата шанса ја имаше Алиќ кој беше изблокиран од Вебстер. Првиот удар кон голот на Гаје екипата на Силекс го упати во 57. минута преку Донов, меѓутоа голманот на Шкендија беше на место. Гаје беше на место и одбрани во корнер по ударот на Ефтимов во 78.минута од левата страна. Подоцна се обиде и Додев чиј удар заврши над голот на домашниот тим.
Офанзивниот пристап на Силекс отвори можност за Шкендија да го реши победникот. Во 84.минута удар на Мазари од дваесетина метри, но Џеков беше сигурен.
Сериозна шанса за „егал” Силекс имаше и во 90.минута преку Говедарица, но Гаје беше одличен. Од истата акција Бутуровиќ беше во идеална позиција, но не успеа.
Шкендија во финишот успеа да ги казни неискористените шанси на Силекс. Во втората минута од судиското надополнување Красниќи постигна речиси идентичен гол како претходно Ибраими, само од десната страна, за ставање на крај на неизвесноста околу победникот на овој дуел.
Симеоне: Многу емоции минуваат низ мене по оваа голема победа
Главниот тренер на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се насочи кон вчерашната голема победа против градскиот ривал Реал со 5-2 во дербито од седмто коло на шпанското првенство.
„Од почетокот на натпреварот знаевме како да им предизвикаме проблеми. Нико Гонзалез, Џулијано Симеоне, Пабло Бариос и Жулијан Алварез се движеа по крилата, привлекувајќи ги централните дефанзивци.
Има многу емоции. Оваа сезона започна со тешкотии. Многу луѓе вложуваат огромни напори кои остануваат незабележани но, работата оди одлично“, рече Симеоне
Инциденти на изборното собрание на Бенфика
Изборното собрание на португалскиот фудбалски гигант Бенфика беше прекинато денеска поради физичка пресметка што се случи меѓу членовите на собранието на лисабонскиот клуб.
Две собранија на Бенфика беа закажани за денеска, првото за анализа на финансиската состојба од претходната сезона, а второто за дискусија за изборните прописи.
Првото собрание заврши до крај, но страстите се разгореа за време на второто собрание кога потенцијалните кандидати за нов претседател почнаа да се појавуваат на главната сцена. Речиси сите кандидати кои успеаја да зборуваат за своите програми жестоко го нападнаа сегашниот претседател на клубот и поранешен португалски репрезентативец, Руи Кошта.
Претседателската позиција на Кошта, која датира од 2021 година, е сè понеизвесна, првенствено поради лошите резултати во последните години. Бенфика освои само една португалска титула во последните пет сезони. Во меѓувреме, Кошта ја загуби и довербата на навивачите.
За време на говорот на Луис Филипе Виеира, неколку присутни во салата влегоа во физичка пресметка, по што собранието беше прекинато. Изборот на новиот претседател е закажан за 25 октомври.
Делофеу најави враќање на фудбалот по долгата пауза
Големиот талент, Жерард Делофеу вели дека не се откажува од идејата да се врати на терените и покрај тоа што две ипол години е надвор од стројот, сака децата да го видат како фудбалер.
Жерард Делофеу важеше за еден од најталентираните фудбалери во школата на Барселона, се најавуваше како новиот Лео Меси, но не само што не го достигна тоа ниво, тој е пред пензија со само 31 година.
Шпанецот поради сериозна повреда на коленото две ипол години е надвор од стројот и не може глава да крене од проблеми.
„Ќе биде многу тешко, но сакам да влезам во историјата. Мислам дека би можел да бидам фудбалерот што најдолго бил отсутен од терените и сепак успеал да се врати, Тоа би било големо достигнување за мене. Сакам да го направам тоа и за моето семејство и за моите деца. Тие се родија знаејќи дека нивниот татко е фудбалер, а сега кога се малку постари, ме прашуваат кога ќе истрчам на теренот и тоа ми го крши срцето. Деулофеу потоа додава: „Мојата повреда е повеќе од само повреда, таа е како траен инвалидитет, како да ми е вградено вештачко колено. Кога не можеш да направиш чекор бидејќи коска удира во коска, тоа е многу сериозно. Водам борба не само со биологијата, туку си со себе и мојата глава. За среќа можам да тренирам секој ден и тоа ми дава огромна сила“, рече Делофеу.
Фелер заминува од позицијата спортски директор на репрезентацијата во 2028 година
Легендарниот фудбалер на Германија, Руди Фелер, ќе се повлече од функцијата спортски директор на репрезентацијата на „панцирите“ откако ќе му истече тековниот договор на крајот од Евро 2028. Тој ја презеде функцијата по испаѓањето на тимот од групната фаза на Светското првенство во Катар.
„Двапати го обновив договорот, но ќе се повлечам по летото 2028 година“, изјави тој за списанието „Штерн“.
Фелер беше селектор на Германија во 2002 година кога во финалето на Мундијалот загуби од Бразил со 2-0.
Чаби Алонсо во проблеми, тројца дефанзивци најавија отсуство заради повреди
Екипата на Реал Мадрид потврди дека капитенот, Даниел Карвахал, се повреди на вчерашното градско дерби со Атлетико и дека ќе мора да паузира околу еден месец.
Карвахал има кинење на мускулот на десната нога. Тоа значи дека искусниот десен бек најверојатно ќе биде надвор од игра за дербито против Барселона на 25 октомври. Во таборот на „белите“ во наредниот период ќе ги нема и Трент Александар-Арнолд и Едер Милитао.
Сите тројца нема да патуваат за Казахстан за пресметката во вторник во Лигата на шампионите против Каират.