фудбал

Каиро уште не размислува за преодниот рок и откуп на Елмас

Торино вчера не успеа да ја победи Венеција на домашен терен, во натпревар од Серија А на кој нашиот репрезентативец Елиф Елмас повторно беше стартер и одигра цел натпревар за „биковите“.

Македонецот не успеа да реализира, но продолжува да покажува дека игра во одлична форма и се наметнува за останување во италијанскиот клуб и по крајот на сезоната.

Елмас дојде на заем од РБ Лајпциг, а претседателот на Торино, Урбано Каиро, синоќа зборувал за откупувањето на неговиот договор.

– Се уште е рано да зборуваме за преодниот рок, има време за тоа.

– Ми се допаѓа Елмас, има одличен втор дел од сезоната, постигнува голови, прави одлични потези и движења. Она што го сакам кај него е и специфичниот темперамент, па генерално имам само позитивно мислење за него како фудбалер, – рекол Каиро, кој навестува дека Торино ќе проба да договори целосен трансфер на Македонецот.


Алиоски: Штета што нема да играме во финалето со Ал-Наср и Роналдо

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски ќе се бори за титулата во азиската Лига на шампиони. Неговиот Ал-Ахли Џеда ќе се соочи со јапонски Кавасаки Фронтале во големото финале што се игра во сабота попладне.

Иако оваа сезона не настапува во домашното првенство поради ограничувањето за бројот на странци, Алиоски доби клучна улога во азиската кампања на Ал-Ахли. Според него, тимот е спремен да го направи последниот чекор.

„Пласманот во финалето беше брутално убаво искуство, вистинска лудница. Имаме фантастична екипа, неверојатни играчи и тренинзи на највисоко ниво. Од минатата сезона сме под водство на германски стручњаци – тренери, нутриционисти и физиотерапевти. Се чувствувам одлично, подготвен сум како да имам 25 години“, кажа Алиоски.

Алиоски признава дека посакувал финале со Роналдо и Ал-Наср, но додава дека и ова е огромна шанса:

„Посакував да се сретнеме со Кристијано во финалето, но и вака ни се отвора можност за историски успех. Ако стигнеме до трофејот, ќе биде неверојатно“.

Можеби ќе ве интересира


Реал спремен да го врати Тео Хернандез

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран за левиот бек на Милан, Тео Хернандез.

Реал Мадрид се очекува престојното лето да се засили на двете бековски позиции.

На денеската бековска позиција треба да пристигне Трент Александер-Арнолд,а „АС“ пишува дека за лев бек е одбран Тео Хернандез од Милан.

Актуелниот договор на Ернандез со Милан истекува во јуни 2026 година, па голема е веројатноста росонерите да го продадат по крајот на оваа сезона.

Хернандез важи за еден од најдобрите играчи на неговата позиција, но оваа сезона има пад во формата.


Саудиска Арабија ќе го организира и следниот Суперкуп на Италија

Фудбалскиот сојуз на Италија потврди дека следното издание на Суперкупот на оваа земја ќе биде исто како претходното.

Тоа значи турнир со полуфинале и финале, а одново домаќин се очекува да биде Саудиска Арабија. Овогодинешното издание беше прво со четири учесници, на кое трофејот го крена Милан.

„Росонерите“ одново се сигурен учесник на Суперкупот заедно со Болоња како финалисти во Копа Италија. На добар пат да си обезбедат „виза“ за Саудиска Арабија се првопласираните две екипи во калчото Наполи и Интер.

Одново се очекува турнирот да се одржи на стартот на новата година, а по крајот на сезоната би требало да бидат познати и паровите.


Фенер сака да го купи Влаховиќ од Јуве

Фенербахче сака да го купи Душан Влаховиќ, пишува „Сабах“. Истанбулскиот клуб е подготвен да плати 40 милиони евра за напаѓачот на Јувентус.

Раководството на Фенербахче размислува да го продаде Јусеф Ен-Несири за 30 милиони евра на клуб од Саудиска Арабија. Разликата од 10 милиони ќе биде покриена од клупски средства и спонзорски договори.

Тековниот договор на Влаховиќ со Јувентус е до јуни 2026 година. Во последните месеци стана јасно дека српскиот репрезентативец нема да го обнови договорот со „бјанконерите“.

Годишната плата на 25-годишниот фудбалер е 12 милиони евра. Јувентус плати вкупно 80 милиони евра на Фиорентина за Србинот во 2022 година.

Оваа сезона, Влаховиќ одигра 26 натпревари во Серија „А“, во кои постигна 9 гола и имаше 4 асистенции.


Конор Бредли е замената за Трент на „Енфилд роуд“

Англискиот фудбалски репрезентативец Трент Александер – Арнолд по завршување на сезоната оваа лето ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Токму затоа сите со нетрпение очекуваат кој ќе биде играчот кој ќе биде замената за Трент, дали “Редси“ ќе се активираат на трансфер пазарот.

Се чини дека Арне Слот, стратегот кој во својата прва сезона му ја донесе титулата на Ливерпул, замената за Трент ја има и тоа во своите редови.

Бредли Конор би требало да добие првотимски статус, се разбира ако Трент навистина направи трансфер на “Сантијаго Бернабеу“.


Париз се врати во Лига 1, од следната сезона ќе игра градско дерби со ПСЖ

По 46 години, фудбалскиот клуб Париз се врати во Лига 1, елитниот ранг на францускиот фудбал.

На коло до крајот на сезоната, Парижаните го потврдија второто место, зад Лориен, со нерешен резултат со Мартиго на гости (1:1), и со тоа овие два клуба обезбедија директен премин во Лига 1.

Клубот, кој е мнозински контролиран од семејството Арно, кој е управуван од најбогатиот Европеец во светот (Бернард Арно), сигурно нема да застане тука.

Со буџетот што го има на располагање, амбициите се големи, најголеми.

За потсетување, Париз е клуб кој е основан по одвојувањето од Пари Сен Жермен во 1972 година, последен пат играше во Лига 1 во 1978 година и оттогаш игра во пониските лиги.

Во последните години, тој играше четири пати во плејофот за пласман во Лига 1 и секој пат беше елиминиран. Тоа беше време кога семејството Арно не го водеше клубот.

Семејството Арно владее со ФК Париз од ноември 2024 година.


Аргентинецот Пелегрино интересен за Интер

Интер сериозно ја следи ситуацијата со 23-годишниот напаѓач на Парма, Матео Пелегрино. Тој е ставен како потенцијална трансфер цел за летниот преоден рок.

Пелегрино, кој дојде во Парма од Велез Сарсфилд во јануари 2025 година, импресионираше со три гола во осум натпревари во Серија А, помагајќи и на Парма во борбата за опстанок во елитата. Интер, кој сака да го засили својот напад со помлади таленти поради истекувањето на договорите со играчи како Марко Арнаутовиќ, Хоакин Кореја и евентуално Мехди Тареми, го додаде Пелегрино на својот список, но ќе мора да ја добие битката со уште неколку клубови кои ќе преговараат со него. Болоња е исто така заинтересирана, а Велез Сарсфилд се уште има 50% од секоја идна трансферна сума која ќе биде платена за него.


ПСЖ е прв фаворит за освојување на ЛШ

Францускиот шампион ПСЖ е прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите на УЕФА во сезоната 2024/25, по одигрувањето на првите полуфинални дуели. Според пресметките на суперкомпјутерот на Опта, засилени од нивната победа од 1-0 над Арсенал во првиот натпревар и поволниот домашен натпревар во вториот натпревар, ПСЖ е прв фаворит за пласман во финалето, но и Барселона останува силен кандидат за трофејот.

Комбинирајќи ги проекциите на Опта, квалитативната анализа на формата и натпреварите, му даде на ПСЖ 38% шанси за освојување на ЛШ оваа сезона.

Втор фаворит и покрај оние 3:3 на домашен терен со Интер е екипата на Барселона со 28% шанси да го крене шампионскиот пехар.
На третото место на фаворити сега е Интер со 22% шанси, додека најмалку шанси за титулата во ЛШ оваа сезона сега има Арсенал, само 12%.


Спортскиот директор на Аталанта се сели во Милан

Информациите од Италија тврдат дека Милан сè уште се надева дека ќе го назначи Тони Д’Амико за нов спортски директор на клубот, и покрај неподготвеноста на Аталанта да го пушти да си замине, а најновите информации тврдат дека Маурицио Сари ќе стане водечки кандидат за следен тренер на „росонерите“.

Милан сè уште е во потрага по нов спортски директор и нов главен тренер кој ќе го замени Серхио Консеисао за сезоната 2025-26. Начелно, „росонерите“ постигнаа договор со поранешниот извршен директор на Јувентус и Тотенхем, Фабио Паратичи, во април, но тој подоцна беше отпуштен поради правни компликации. Исто така, имаше серија средби со поранешниот директор на Лацио, Игли Таре во последните неколку недели, но сепак, поновите извештаи тврдат дека Д’Амико од Аталанта сега е претпочитана опција за Милан.