фудбал

Јапонецот Камада ќе биде првото засилување на новиот Милан

Милан ја победи конкуренцијата за јапонскиот репрезетативец и ѕвезда на Ајнтрахт, Даичи Камада, пренесува „Билд“.

Камада игра фантастична сезона и до овој момент има 16 гола и 6 асистенции, а на лето ќе биде слободен агент и без обештетување ќе го напушти клубот. За Камада интерес покажуваа уште Борусија Дортмунд и Наполи, но Милан ја победи конкуренцијата.

„Калчомеркато“ пренесува дека „росонерите“ постигнале договор со Јапонецот, кој во наредните денови ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи.

Камада ќе потпише четиригодишен договор со Милан и ќе заработува три милиони евра по сезона.


Дибала неизвесен за финалето на Лига Европа против Севиља

Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, тешко се опоравува од повредата. Тоа се лоши вести пред  финалето во Лигата на Европа против Севилја.

Аргентинецот нема да игра на мечот со Фиорентина во текот на викендот во Серија „А“, тврдат медиумите во Италија.

Според нив, искусниот напаѓач веројатно нема да игра и на 31 мај во финалето на Лига Европа против шпанскиот тим кој патем кажано е „специјалист“ за трофеи во таа конкуренција.


Кунде не сака повеќе да игра на позиција десен бек

Жул Кунде не е задоволен што постојано го форсираат на позицијата лев бек и затоа најавил дека ќе си замине од редовите на Барселона.

Дефанзивецот иако е класичен стопер, Чави најчесто го става по страничните позиции. Затоа Кунде се заканил дека ќе побара преселба во друг состав.

Медиумите наведуваат дека тренерот на Каталонците не сака да го загуби и му ветил на Кунде дека ќе игра во срцето на одбраната и дека ќе му ја исполни желбата.


Клоп сакал Милнер да остане, но клубот имал други планови

Џејмс Милнер откри дека менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сакал да го има и понатаму во клубот но, челниците на „црвените“ не се согласиле со неговото мислење.

„Клоп е добар менаџер, рече дека можам да останам и тоа ме направи среќен. Сепак, клубот донесе друга одлука“ – вели 37 годишниот играч.

Милнер кој во осум сезони на стадионот – „Енфилд“ освои три титули, во текот на летото ќе го облече дресот на Брајтон.


Сака останува во Арсенал, доби најголем договор во клубот

Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака го продолжи договорот со клубот. Ова го објави официјалниот сајт на Арсенал.

Терминот на договорот не беше соопштен, но јасно е дека договорот е долгорочен.

„Навистина сум среќен. Се зборуваше многу и помина многу време, но сега сум тука. Мислам дека ова е вистинскиот клуб, вистинското место за да се направи следниот чекор. Тоа е голем клуб – погледнете каде сме. За мене се работи за остварување на мојата лична амбиција, се трудам и давам се од себе на секој натпревар. Опкружен сум со сите вистински луѓе во однос на семејството, а кога доаѓам на тренинзите, моите соиграчи, стручниот штаб се чувствувам како да сум од секогаш овде. Мислам дека имам се што ми е потребно за да бидам најдобриот играч што можам да бидам и затоа сум среќен што останувам овде и ќе бидам тука во иднина бидејќи навистина верувам дека можеме да направиме големи работи“, рече Сака.  

21-годишниот напаѓач, кој се појави на сите натпревари во Премиер лигата во изминатите две сезони, постигна 14 гола во сите натпреварувања во сезоната 2022/2023 и исто така даде 11 асистенции. Досега Букајо Сака има 178 настапи за Арсенал.


Фабиан Руиз ќе го менува Рабио во Јуве

Јувентус на лето готово сигурно ќе остане без Адриен Рабио, па веќе почна да му бара замена.

Рабио влезе во последната година на договорот и на лето ќе биде слободен агент, а нема најави за негово продолжување. Најголема желба на „бјанконерите“ е Фабиан Руиз, кој не се снајде баш најдобро во ПСЖ и е спремен да ја промени средината.

Шпанецот блескаше неколку сезони во Наполи, па минатото лето за 24 милиони се пресели во ПСЖ.  Меѓутоа, Руиз не се снајде баш најдобро во Париз и во системот на игра на Галтие, па сака да ја промени средината.

Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе во Милано на позајмица со право на откуп.


Тен Хаг пак ќе тргне по Френки де Јонг

Манчестер Јунајтед не се откажува од Фернки де Јонг и повторно ќе се обиде да го доведе на „Олд Трафорд“ ова лето.

Барселона минатото лето се договори со Манчестер Јунајтед за трансфер вреден 85 милиони евра за 25-годишниот фудблер од средниот ред, но тој одби да разговара за трансфер.

За Барселона најголем проблем е високата плата, а поради финансиските проблеми на лето повторно ќе мора да продава играчи.

Манчестер Јунајтед е во потрага по квалитетен играч за врска и најголема желба на Те Хаг е токму Де Јонг.

Сега раборите се променија, Манчестер Јунајтед ќе игра во ЛШ и сака да ја нападне титулата, па Холанѓанецот е отворен за преселба на „Олд Трафорд“.


Матеус: Тухел имаше договор со Јуве пред да потпише за Баерн

Лотар Матеус, во своето последно интервју за германските медиуми, објасни зошто морале да го обезбедат Томас Тухел и да го сменат Јулиан Нагелсман.

Искусниот стратег дојде на местото на Нагелсман, кој немаше добра сезона, па поради опасност дека Тухел ќе биде договорен од тим од Серија А, Баерн Минхен морале да направат радикален потег и на средина од сезоната да го ангажираат Томас Тухел.

„Отказот на Нагелсман не беше изненадување само за нас, туку и за сите околу нас. Нагелсман направи добри работи во Бунделсигата, можеби не беше добар во ЛШ, но годинава ги победи ПСЖ, Интер, Барселона два пати, не беше совршено, но не беше далеку од трофеј. Мислев дека во клубот се шегуваат, но сепак, тоа не беше први април“.

„Тухел имаше пред-договор со Јувентус, а Баерн Минхен беше нервозен поради тоа сознание. Тухел беше слободен и скоро договорен со Јувентус, а не му веруваа 100% на Нагелсман. Но кога сфатија дека мора брзо да реагираат за Јуве да не го обезбеди Тухел, му врачија отказ на Нагелсман“, открива Лотар Матеус.


Артета сака уште еден шампион во Арсенал, Гундоган опција за „топџиите“

Арсенал сака на лето значително да го засили тимот, откако оваа сезона не успеа да стигне до титулата.

„Топџиите“ во текот на целата сезона беа лидери, но на крајот има пад на формата и ја загубија титулата.

Артета сака да го засили средниот ред, а со оглед на потешкотиите да дојде до Даклан Рајс од Вест Хем сега ќе се насочи кон други цели.

Тренерот на Арсенал ќе се обиде да го добие потписот на Илкај Гундоган кој има договор со Манчестер сити до крајот на сезоната.

За Германецот интерес покажува Барселона, но „топџиите“ се спремни да ја победат конкуренцијата со побогата понуда.


Италијанските клубови го сакаат Ансу Фату од следната сезона

Ансу Фати после уште една слаба сезона најверојатно ќе ја напушти Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Агентот на Фати, Жорж Мендеш не е задоволен од третманот кој го има неговиот клиент во Барселона и веќе почнал да му бара нов клуб.

На Барса и се потребни пари да ги среди финансиските документи и Фати изгледа како добра можност за солидна заработка. Најсилен интерес за талентот покажуваат италијанските гиганти Милан, Јувентус и Интер.

„Калчомеркато“ пренсува дека најконкретен е интересот на Милан, кој е спремен да понуди 35 милиони евра за потписот на Фати.