фудбал

Гасперини: Ако си замине Коне, тоа ќе биде голема загуба за нас

Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини даде свој коментар за можниот трансфер на играчот од средниот ред Ману Коне во Интер.

„Ќе видиме што ќе се случи во следните петнаесет дена. Коне е играч од врвно ниво. Неговото заминување би било голема загуба за нас. Треба да видиме што можеме да направиме. Сите знаете дека финансискиот фер-плеј е проблем за нас. Не сме активни на пазарот повеќе од дваесет дена. И не сум задоволен од тоа.

Ќе видиме дали можеме да постигнеме нешто без да изгубиме играчи. Јасно ставив до знаење што треба да се направи. И клубот беше многу отворен со мене. Се надеваме дека можеме да го постигнеме она што го сакаме“, рече 67-годишниот италијански тренер на прес-конференција.

24-одишниот француски играч од средниот ред Ману Коне игра за Рома од август 2024 година. Во сезоната 2024/25, тој постигна два гола и направи три асистенции во 46 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор е до 30 јуни 2029 година.

Трансфермаркт ја проценува трансферната вредност на играчот на 40 милиони евра.


Гвардиола: Не сум најзадоволен со така голем ростер на фудбалери

Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Пеп Гвардиола, изјави дека во моментов има премногу играчи во тимот.

„Ми се допаѓа кога силен тим игра во сите натпреварувања, но не сакам да ги оставам играчите дома. Тоа е штетно. Невозможно е да се создаде добра атмосфера. Секој треба да чувствува дека може да игра и да помогне. Клубот знае за ова уште од минатата сезона, не е вест, но ситуацијата е таква каква што е. Во следните две недели ќе разговараме со фудбалерите и нивните агенти за да најдеме решение“, рече 54-годишниот шпански специјалист на прес-конференција.

Во првиот натпревар од сезоната 2025/26 во Премиер лигата, Манчестер сити вчеравечер го победи Вулверхемптон на гостински терен со 0-4.


Екитике: Темпото во Премиер лигата е пеколно

Новото засилување на Ливерпул, Уго Екитике призна дека бил изненаден од темпото и физичките барања на Премиер лигата по еден од неговите први натпревари на Островот.

„Интензитетот е различен. Тие не лажат за Премиер лигата. Добив грчеви во 60-тата минута“, изјавил напаѓачот.

Французинот имаше одлично деби во Премиер лигата за клубот од Мерсисајд, постигнувајќи еден гол и асистирајќи за друг во натпреварот од првото коло против Борнмут.


Луис Енрике: Целта на ПСЖ се две титули во ЛШ по ред

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, зборуваше за целите на тимот за сезоната 2025/26.

„Да продолжиме да создаваме историја. Ова е целта што ја следам од првиот ден кога пристигнав тука. Во моментов, го правиме тоа, но многу е тешко да се освои Лигата на шампионите двапати по ред. Но, ова е нашата цел. Многу сме амбициозни. Знаеме дека ќе биде тешко, но за таков менталитет, ова е нормално. Сè ќе зависи од нас, од нашето ниво“, изјави Енрике за „RMC Sport“.

Во сезоната 2024/25, парискиот клуб, предводен од шпанскиот специјалист, ја освои Лигата на шампионите, стана шампион на Франција, а исто така го освои и Купот и Суперкупот на земјата.

На 13 август, ПСЖ го победи Тотенхем во натпреварот од Суперкупот на УЕФА (2-2, на пенали 4-3).


Бепе Марота купи акции на Интер

Интер соопшти дека претседателот на клубот, Џузепе Бепе Марота стана и дел од сопственичката структура купувајќи акции.

Марота купил 2% од акциите на Интер. Во соопштението се вели дека неговата инвестиција ја покажува комплетната приврзаност и верба во клубот на долг рок.

Тој во клубот е веќе седум години, а од минатата година ја доби претседателската функција.


Вест Хем се вклучи во трката по Елмас

Во финишот од преодниот рок Елиф Елмас би можел да направи атрактивен трансфер во Премиер лигата, македонскиот фудбалер е на врвот на желбите на Вест Хем.

Наполи сака да го врати Елмас, но италијанскиот шампион не е единствениот кој се интересира за македонскиот репрезентативец.

Последните информации велат дека Вест Хем е сериозно заинтересиран за Лајпциг и за разлика од Наполи може да ја плати целата сума која ја бара германскиот клуб.

Чеканите бараат играч од средниот ред, а предноста на Елмас е што може да игра на сите позиции во средината.

Во меѓувреме Елмас одбил годишна плата од 5 милиони евра од Бешикташ, тој сака да игра во Серија А или во Премиер лигата.


Шкендија и Башкими носат значајни победи од Скопје

На двата денешни прволигашки натпревара од второто коло гостинските екипи остварија победи.

Шкендија ја совлада Македонија ЃП со 1-3, Башкими го освои трите бода на дуелот со Работнички славејќи победа со 0-2/

И вчера се радуваа гостинските екипи. Вардар го победи Тиквеш со 1-2, додека Струга ТЛ го совлада Арсими исто така со 1-2.

Службена победа во второто коло ќе оствари и Силекс, откако нивниот домаќин Шкупи не успеа да обезбеди терен за одигрување на дуелот што требаше да се игра утре.

Во понеделник се игра дуелот АП Брера Струмица – Пелистер.


Два гола на Халанд, Сити лесно до бодовите со „волците“

Фудбалерите на Манчестер сити убедливо славеа на гостински терен кај Вулверхемптон (0-4), на почетокот од сезоната во Премиер лигата.

Ерлинг Халанд ја започна сезоната со два гола, а со по гол на официјален натпревар дебитираа Тижани Рејдерс и Рајан Шерки.

Сити ќе го пречека Тотенхем следната недела, додека Вулверхемптон ќе биде домаќин на Борнмут.


Мајорка заврши со деветмина, Барса рутински ги освои Балеарските острови

Фудбалерите на Барселона триумфираа на Мајорка (0-3), во натпревар за кој ќе се зборува поради судиските одлуки на Хозе Луис Мунуера.

Домашниот тим играше со двајца играчи помалку од 39. минута. Ведат Муриќ доби директен црвен картон, само шест минути по вториот жолт картон што го заработи Ману Морланес.

Во ситуација „11 на 11“, Барселона покажа класа, постигнувајќи два гола за околу дваесет минути.

Прво, Рафиња го совлада Лео Роман во седмата минута, но домашните сметаа дека голот е нЈрегуларен. На почетокот од акцијата, се чини дека топката излезе надвор, пред Ламин Џамал да ја собере и да ја продолжи играта

Во 23. минута, Феран Торес, постигна гол од околу дваесет метри, но откако претходно судијата не ја прекина играта бидејќи еден играч на Мајорка остана да лежи на теренот откако топката го погоди во главата.

Судијата Мунуера беше во центарот на вниманието во судиското продолжение од првото полувреме, кога го казни Рафиња за особено остар и невнимателен старт само со жолт картон.

Не беше реално Мајорка да му наштети на шампионот во вториот дел со деветмина на теренот. .

Јамал го постави конечниот резултатво четвртата минута од судиското продолжение.

Барселона ќе го пречека Леванте во следната рунда, додека Мајорка ќе ја пречека Селта Виго.


Калимуендо пред потпис со Нотингем Форест

Фудбалерот на Рен, Арно Калимундо, ќе се пресели во Нотингем Форест откако беа договорени сите услови за реализација на трансферот.

Нотингем за 23-годишниот напаѓач ќе плати околу 31,5 милиони евра. Французинот беше најдобар стрелец во Рен во изминатата сезона.

Тој одигра 33 средби во ЛИга 1 со ефект од 17 голови и три асистенции.