фудбал

Наполи не успеа да го доведе Хуанлу од Севиља

Италијанскиот шампион Наполи не успеа да го комплетира трансферот на Хуанлу Санчез. Имено, Севиља одби да го продаде Санчез иако наполитанците испратиле солидна понуда.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, шпанскиот клуб ја отфрлил понудата од 17 милиони евра од „наполитанците“. Севиља наводно бара 20 милиони евра и процент од секоја последователна продажба за 21-годишниот дефанзивец, услови што Вулверхемптон ги предложи пред неколку дена.

Минатата сезона во Ла Лига, Хуанлу постигна 4 гола и имаше 4 асистенции.


Шкендија го декласира Шкупи на почетокот на новата сезона

Шкендија ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со убедлив триумф од 5-1 над Шкупи, во пауза меѓу двата дуела со Карабах во квалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Тетово немаше проблеми против гостите, кои настапија со значително подмладен состав, дури седум младинци во стартниот тим.

Првиот гол во сезоната го постигна Флорент Рамадани во 8. минута со силен удар од 25 метри, но Шкупи брзо израмни преку Малик Хајвали во 14. минута. Само три минути подоцна, гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Ендрит Рустеми, поради два жолти картони, а Шкендија тоа го искористи, Арбин Зејнулаи погоди во 21. минута за ново водство.

Вториот дел мина во целосна доминација на домаќините. По еден час игра, тренерот Јетон Беќири внесе свежи сили од клупата, меѓу кои и капитенот Бесарт Ибраими, кој за кратко време постигна два гола, во 70. и 76. минута. Крајниот резултат го постави Лиридон Љатифи во 83. минута, за убедлив старт на сезоната за шампионот.


Коман пред потпис со саудиски Ал Наср

Саудискиот клуб Ал-Наср му понудил на крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман, договор до 2028 година со плата од 20-25 милиони евра по сезона, објави новинарот Флоријан Плетенберг на својата страница на социјалната мрежа X.

Според изворот, 29-годишниот фудбалер во моментов размислува за евентуален трансфер во саудискиот клуб. Баерн Минхен е свесен за интересот на Ал-Наср за Коман, но германскиот гигант не добил официјална понуда.

Францускиот напаѓач игра за германскиот клуб од летото 2017 година. Во овој период, Коман одигра 339 натпревари на сите турнири, постигнувајќи 72 гола и 71 асистенција. Тековниот договор на играчот со клубот е до летото 2027 година, а според информациите, пазарната вредност на играчот е 30 милиони евра.


Вардар го надигра Пелистер во првото „вечно дерби“ сезонава

На втората пресметка од новото првенство, екипата на Вардар на домашен терен на Националната арена “Тодор Проески”, го совлада Пелистер во вечното дерби на фудбалска Македонија со резултат од 4-1.

Домаќинот имаше повеќе од играта, ги искористи шансите во вистинско време, за разика од противникот и заслужено славеше на дуелот.

Вардар ја имаше првата зицер ситуација во првиот дел откако Димитар Данев излезе сам пред Јовчевски. Сепак, младинскиот репрезентативецот, не се снајде најдобро во ситуацијата, не шутираше на време и шансата пропадна. На другата страна пак, Петар Ристиќ излезе сам, пред Талески шутираше, но голманот на Вардар прекрасно брани. Во самиот финиш на првиот дел, односно во втората минута од судиското продолжение, токму Димитар Данев од позиција централно во шеснаесетникот шутираше неодбранливо во долниот лев агол од голот на Пелистер за 1-0.

Во вториот дел Вардар започна офанзивни и рано постигна и втор гол. Во 50. минута, Роџерс Мато со акробатски потег ја зафати топката, го лобуваше Јовчевски и влезе во голот на подалечниот дирек.

Пелистер резултатски се враќа во игра по добрата акција во 65. минута во која одлично се снајде Лука Булатовиќ кој погоди под Талески во неговата лева страна.

Сепак, домаќинот делуваше пресилно на овој дуел. Долго нафрлување дојде до Димитар Данев, кој што со дриблинг го измами директниот чувар, а потоа прекрасно погоди за 3-1. Негов втор гол на овој дуел со што дефинитивно покажа дека е топ засилување за Вардар оваа сезона.

Во судиското продолжение од дуелот, резервистот Кастањеда со соло пробив и одмерен удар со десна нога ги постави конечните 4-1 на овој дуел.


УЕФА изрече казни за Флик и фудбалери на Барса

Hansi Flick head coach of Barcelona during the Spanish Super Cup semi-final match between Athletic Club de Bilbao and FC Barcelona at King Abdullah Sports City on January 8, 2025 in Jeddah, Saudi Arabia. (Photo by Jose Breton/Pics Action/NurPhoto via Getty Images)

УЕФА ги казни напаѓачите на Барселона, Ламин Јамал и Роберт Левандовски, со 5.000 евра за кршење на антидопинг правилата по реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, објави „Марка“.

Според изворот, двајцата фудбалери не ги исполниле барањата за антидопинг контрола, игнорирајќи го барањето да дојдат на контролниот пункт веднаш по натпреварот за кој станува збор.

На последниот турнир од ЛШ, Јамал постигна пет гола и имаше три асистенции во 13 натпревари. Левандовски постигна 11 гола во 13 натпревари од Лигата на шампионите.

Европската фудбалска асоцијација ( УЕФА ) го казни тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, со 20.000 евра и го суспендираше на еден натпревар во клупските натпреварувања на УЕФА поради кршење на општите принципи на однесување и основните правила на пристојно однесување, објави „Марка“.

Според изворот, Маркус Сорг, асистентот на Флик, исто така добил слична казна.

Минатата сезона, тимот на Флик стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, каде што загуби од Интер со вкупен резултат 6-7. Во последниот натпревар од натпреварувањето, „нероаѕурите“ загубија од ПСЖ со 0-5.


Итан Нванери доби нов договор во Арсенал

Премиерлигашот Арсенал и 18-годишниот Итан Нванери го продолжија договорот до 2030 година.

Крилниот напаѓач постигна 4 гола и имаше 2 асистенции во Премиер лигата минатата сезона. Со ова Арсенал покажува дека во Итан Нванери гледа перспектива на клубот. Лондонскиот клуб официјално објави дека потпишал долгорочен договор со 18-годишниот крилен напаѓач. Според Фабрицио Романо, договорот е на пет години.

Итан Нванери минатата сезона одигра 26 натпревари од Премиер лигата, со просек од 34 минути по натпревар.


Астон Вила ја одби понудата на Евертон за Мекгин

Астон Вила уште еднаш стави до знаење дека нема намера да го продаде капитенот Џон Мекгин. Евертон понуди 18 милиони фунти за 30-годишниот шкотски репрезентативец од средниот ред, но клубот од Бирмингем го одби.

Мекгин е исто така мета на Њукасл, но „страчките“ сè уште не испратиле понуда.

Договорот на играчот од средниот ред со Вила е со важност до јуни 2027 година. На 49 натпревари минатата сезона во сите натпреварувања, тој постигна 4 гола и имаше 6 асистенции.


Хет-трик на Роналдо, Ал Наср го прегази Рио Аве

Кристијано Роналдо даде три од четирите гола на Ал Наср во победата над португалскиот клуб Рио Аве во пријателски натпревар.

Роналдо е одличен во подготвителниот период, Португалецот покажува глад пред почетокот на новата сезона.

Денеска Ал Наср со 4-0 го победи Рио Аве, а три гола беа дело на Роналдо.

Резултатот го отвори Симакан во 15. минута, а пред крајот на првото полувреме Роналдо го даде првиот свој гол на мечот за 2-0.


Тудор го обединува Јуве на подготовките во Германија

Во пресрет на почетокот на новата сезона, тренерот на Јувентус, Игор Тудор одлучи да преземе важен чекор за јакнење на тимскиот дух што може да биде многу значајно за добра сезона.

Целиот тим, вклучувајќи ги играчите чија иднина е неизвесна во клубот, Тудор ги однел на вечера во Германија каде тимот се подготвува за пријателскиот меч против Борусија Дортмунд.

Тудор ги почастил играчите со вечера во азијски ресторан во Нирнберг, а италијанските медиуми овој потег го оценуваат како клучен за изградба на зедништво во тимот.

На вечерата не присуствувале само фудбалерите, туку и клупското раководство, вклучувајќи го и извршниот директор Маурицио Сканавино, директорот Франсиа Модесо и тим менаџерот Мареа Фбрисио.

На вечерата биле сите фудбалери, дури и оние кои се прогнозира дека ќе заминат. Меѓу нив биле и Даглас Луис, Артур Мело, Душан Влаховиќ, Нико Гонзалез и Тиаго Џало, со што Тудор испрати важна порака за заедништво на целата група.


Шешко го избра Јунајтед, доаѓа на лекарски прегледи на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед постигна принципиелен договор со РБ Лајпциг за трансферот на Бенџамин Шешко.

Њукасл даде почетна понуда од 69,9 милиони фунти за 22-годишниот напаѓач пред една недела, но Манчестер Јунајтед се приклучи на лицитацијата со своја понуда.

Шешко јасно стави до знаење дека сака само преселба на Олд Трафорд – уште еден удар за трансфер кампањата на Њукасл, кој веќе не успеа да ги потпише Лиам Делап, Жоао Педро, Уго Екитике и Џејмс Трафорд ова лето.

Според новинарот Фабрицио Романо, трансферната цена ќе биде 76,5 милиони евра, од кои 8,5 милиони евра се бонуси. Договорот со 22-годишниот Шешко ќе важи до 2030 година.

Минатата сезона, 22-годишниот напаѓач одигра 45 натпревари на сите турнири, постигнувајќи 21 гол и шест асистенции. Тековниот договор на играчот со германскиот клуб е со важност до летото 2029 година. Според информациите пазарната вредност на играчот е 70 милиони евра.