фудбал

Кимих и Баерн заедно до 2029 година

Џошуа Кимих потпиша нов договор со Баерн Минхен, што значи дека ќе остане во Баварија уште најмалку четири години.

Разоворите за продолжување на соработката меѓу актуелниот германски вицешампион и репрезентативецот се водеше жестока дебата со месеци, а во минатото и двете страни даваа алтернативни изјави за нејзиниот исход.

Фудбалерот, кој е член на Баерн од 2015 година, на новинарите по триумфот во Леверкузен (2-0, вкупни 5-0) и пласманот меѓу осумте најдобри тимови во Европа, изјави дека сагата дефинитивно има среќен крај.

„Новиот договор дефинитивно ќе дојде во следните неколку дена. Невозможно е да се фокусираме на тоа во последно време поради големиот број на натпревари“, изјави капитенот на Баерн.

Кимих во четвртокот го продолжи договорот до јуни 2029 година, што клубот предводен од Винсент Компани го потврди на социјалните мрежи.

Овој 30-годишен играч од Баден-Виртемберг одигра 429 натпревари за Баерн, постигна 43 гола и забележа 114 асистенции.


Астон Вила може да го откупи Рашфорд за само 20 милиони евра

Манчестер Јунајтед би можел да добие само 20 милиони фунти за продажбата на Маркус Рашфорд.

27-годишниот фудбалер игра на позајмица во Астон Вила а клубот од Бирмингем кој покрива 75% од неговата плата, има опција да го купи за 40 милиони фунти. Јунајтед за да го надомести намалувањето на платата при евентуалниот трансфер, ќе мора да му плати одредена сума на играчот, пишува Дејли Мејл.

Висината на отштетата би можела да достигне 20 милиони фунти што значи дека приходите на клубот од продажбата на фудбалерот ќе бидат намалени


Продадени 5.000 билети за мечот Македонија – Велс

Македонската репрезентација за речиси две недели ќе го пречека Велс на Националната арена „Тодор Проески“ во меч од квалификациите за СП 2026, се очекува дека конечно поголем број на публика ќе биде на стадионот.

Во изминатите натпревари на македонската репрезентација немаше многу навивачи, но се навестува дека тоа конечно ќе се промени.

Според информациите од ФФМ, на две недели пред натпреварот веќе се продадени 5.000 влезници, што во поново време се нема сличено на меч на репрезентацијата.

Ваквиот интерес за билети е показател дека македонските фудбалери ќе имаат голема поддршка за мечот со Велс кој се игра на 25. март, три дена претходно му гостуваме на Лихтенштајн.


Израел Гонзалез доби отказ од клупата на Алба Берлин

Алба Берлин има нов тренер откако управата на берлинскиот евролигаш реши да му врачи отказ на Израел Гонзалез поради слабите резултати на тимот оваа сезона.

На местото на Гонзалез пристигнува нов Шпанец, Педро Калјес, кој од почетокот на годинава беше дел од стручниот штаб на Алба, а денеска ја доби функцијата на прв тренер.

Станува збор за млад стратег кој сезонава ја почна во Олденбург каде доби отказ во ноември, а претходно во германскиот шампионат ги има водено и екипите на Вехта и Хамбург.


Роналдо се повлече од трката за претседател на Бразилската федерација

Легендарниот Роналдо Назарио да Лима (48) ја повлече кандидатурата за претседател на Бразилската фудбалска конфедерација.

Двократниот светски шампион со „кариоките“, сега бизнисмен, рече дека му недостига поддршка од локалните фудбалски претставници за да го предизвика актуелниот претседател Едналдо Родригез.

Роналдо во декември најави дека ќе го предизвика Родригез, кој беше критикуван од навивачите и поранешните играчи, но не и од локалните фудбалски претставници.

Изборите треба да се одржат во наредниот период, се уште не е познат точниот датум. Инаку мандатот на Родригез истекува во март следната година.

На Роналдо му беше потребна поддршка од најмалку четири локални сојузи за да се кандидира, но поранешниот напаѓач на Интер и Реал Мадрид не обезбеди поддршка.

„Локалните сојузи одбија да ме примат во нивните седшта, тврдејќи дека се задоволни од актуелното раководство и ја поддржуваат кампањата за реизбор на Родригез. Не можев да го претставам мојот проект, да ги споделам моите идеи. Немаше простор за дијалог. Јасно е дека немам шанси да се кандидирам. Повеќето федерални функционери го поддржуваат актуелниот претседател, тоа е нивно право и јас го почитувам тоа без оглед на моите убедувања“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Мандатот на Родригез беше обележан со правен спор, при што тој беше сменет во декември 2023 година поради нерегуларности во изборниот процес, но еден месец подоцна бразилскиот Врховен суд ја поништи таа одлука.


Ван Дајк: Не знам каде ќе играм следната сезона

Ливерпул, синоќа ја заврши сезната во Лигата на шампионите. „Црвените“ на пенали беа елиминирани во осминафиналето од ПСЖ.

По елиминацијата од Лигата на шампионите, новинарите го прашаа капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк дали ќе остане во клубот и по истекот на договорот ова лето.

„Честитки за ПСЖ, тие се најдобриот тим против кој сме играле оваа сезона. Заслугите одат кај тренерот Луис Енрике. Тој изгради многу добар тим“, изјави Холанѓанецот пред да зборува за својот статус во клубот. „Не знам што ќе се случи со мене следната сезона. Ако некој ви каже дека знае, ве лаже во лице. Дали мојот договор е на листата на чекање? Не. Јас секогаш го велам истото. Кога ќе има некакви вести ќе ве известам“.

Со Ливерпул Ван Дајк ја освои Лигата на шампионите во 2019 година, Премиер лигата во сезоната 2019/20, Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА. Тој е во клубот од 2018 година и забележа 310 настапи и постигна 26 голови.

Неговиот договор со Ливерпул важи до 30. јуни оваа година. По натпреварот со ПСЖ, тој беше виден како разговара со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Луис Кампос. Некои навивачи претпоставуваа дека зборувале за потенцијалниот потпис на Ван Дијк за клубот од Париз.


Борусија Дортмунд го освои Лил и закажа четвртфинале со Барса

Борусија Дортмунд преку Лил се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Минатогодишните финалисти, во реваншот во Лил победија со 1-2. Првиот меч заврши без победник 1-1. Борусија во четвртфиналето ќе игра против Барселона.

Реваншот започна со голот на Џонатан Дејвид, во петтата минута, по грешката на голманот Грегор Кобел.

Откако се опоравија од шокот, израниците на Нико Ковач возвратија и создадоа неколку изворедни шанси, но во првиот дел не успеаја да го совладаат брилијантниот Лукас Шевалие.

Прв се обиде Џулијан Рајерсон, потоа Паскал Грос. Шевалие ја закачи топката, која Рибеиро ја исфрли од гол линијата.

Шевалие набрзо мораше да интервенира уште еднаш по ударот на Рајерсон, а во 20. минута Дортмунд остана вчудовиден кога не успеа да израмни најпрвин ударот на Јулијан Брант, а потоа и на Серу Гираси. Неколку минути подоцна Брант повторно шутираше, но Бенџамин Андре успеа да реагира на гол-линијата.

„Милионерите“ силно го отворија второто полувреме, притискаа и тоа вроди со плод во 52. минута, кога судијата Сандро Шерер покажа на белата точка по невнимателниот стар на Мение, кој го собори Граси. Пеналот го реализираше Емре Џан во 54. минута.

Потоа гредата ја погоди Карим Адејеми, а потоа и Максимилијан Баер не успеа да го совлада шевалие.

Баер во 65. минута постигна убав гол. Убаво се намести, а потоа ја закова топката под гредата.


Реал со доза на среќа и по пенали го елиминира Атлетико

Реал, миленик на среќата, успеа да го елиминира Атлетико во драматичен меч на „Метрополитано“ во Мадрид. Бранителот н титулата, победи по изведувањето пенали со 4-2. Претходно натпреварот заврши со резултат 1-0.

Атлетико, вечерва одигра подобро од својот ривал и покрај тоа што поседот на топката беше на страната на Реал. Играчите на Карло Анчелоти упатија само два удари и двата не преставуваа никаква опасност за Јан Облак.

На спротивната страна Тибо Куртоа имаше седум интервенции.

Конор Галагер ја анулира предноста на Реал (2-1) од првиот меч по само 27 секунди игра. Реал најдобрата шанса ја имаше во 70.минута кога ударот на Винисиус од пенал заврши далеку крај стативата.

Пенал серијата ја реши бизарниот пенал на Алварез во втората серија. Аргентинецот се лизна и два пати играше со топката, поради што голот беше поништен.

Претходно во првата погодија Мбапе за Реал и Серлот за Атлетико. Во втората сигурен за Реал беше Белингем. Во третата погодија Валверде и Кореа. Облак му го одбрани идарот на Васкез, а по него Љоренте ја погоди гредата. Конечно Ридигер со ммногу среќа погоди во последната серија и го однесе Реал во четвртфиналето.

Реал Мадрид во четвртфиналето ќе игра против Арсенал.


Македонија потфрли во вториот дел и загуби од Словенија во Скопје

Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Словенија со 26-32 во квалификацискиот натпревар за Европското првенство, кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Момците на Кирил Лазаров покажаа две лица на овој натпревар, одигравме одлично во најголемиот дел од првото полувреме, но попуштивме во вторите триесет минути.

Македонија одлично го почна натпреварот, во текот на првиот дел имавме предност и од шест голови разлика, беше 11-5 за нас, но како одминуваше времето Словенија почна да ја топи нашата предност. Првото полувреме заврши со водство на македонската репрезентација од 16-15.

Во вториот дел Словенија брзо излезе од негатива, Македонија особено падна во финишот од мечот во кој противникот направи серија од 5-1 и на крајот победи со убедливи 26-32.

Филип Кузмановски со десет голови беше најефикасен наш ракометар, Митев постигна пет, а Пешевски четири. Митревски запиша девет одбрани.

В недела овие две селекции играат во Копер, во рамките од четвртото коло на квалификационата група.


Кејн: Не браневме предност, игравме на победа во Леверкузен

Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн ги искажа своите впечатоци по победата над Баер Леверкузен (0-2) синоќа во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Многу добар натпревар. Од првата минута не сакавме да бидеме тим што се повлекува за да одбрани предност. Сакавме да бидеме офанзивни, да извршиме притисок, да создаваме шанси и да победиме. Направивме многу од ова и во првото полувреме, кога бевме поблиску до гол. Што се однесува до второто полувреме, разбравме дека противникот ќе се обиде да промени нешто, но го казнивме. Ова е петти пат да играме со Баер, а тука победија само еднаш пред еден месец. Во други случаи победивме. Ова во голема мера се должи на активниот висок пресинг“, изјави Кејн.

Баерн ќе игра против Интер во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар е закажан за 8 април во Минхен, а реваншот по седум дена во Милано.