фудбал

Ким заминува од Баерн во летниот преоден рок

„Скај Германија“ објави дека искусниот стопер во редовите на Баерн Минхен, Ким Мин-Јае, може да си замине од клубот во текот на летото.

Дефанзивниот фудбалер кој пристигна во Баварија пред 2 години, наводно сака да ја промени срединта. Претходно имаше шпекулации дека за неговиот потпис се заинтересирани Челзи и Њукасл од Англија и екипата на увентус од Италија.

28-годишниот јужнокорејски репрезентативец во сезонава се појави на 42 натпревари во сите конкуренции на кои постигна 3 гола.


Ал-Хилал го сака Симоне Инзаги за тренер од идната сезона

„Газета дело Спорт“ тврди дека екипата на Ал-Хилал сака да го ангажира тренерот на Интер, Симоне Инзаги и фудбалерот на „нероаѕурите“, Николо Барела.

Наводно, првиот човек на екипата од Саудиска Арабија, Фахад бин Нафел, неколку денови престојувал во Италија за да се сретне со луѓето од „Џузепе Меаца“. Инзаги ќе треба да го замени Хорхе Жесус кој има реална шанса да го преземе кормилото на Бразил.

Од друга страна за Барела се наведува дека нема амбиции да ја напушти Европа иако добил одлична финансиска понуда.


Галатасарај го сака Гранит Џака за следната сезона

Турскиот елитен фудбалски состав, Галатасарај, сака во текот на летото да испрати понуда до играчот на Баер Леверкузен, Гранит Џака, наведуваат дел од медиумите.

32-годишниот играч за врска на „фармацевтите“ има тековен договор до 2028 година. Според објавеното, преговорите се започнати иако за репрезентативецот на Швајцарија се заинтересирани и клубови од Саудиска Арабија.

Претходно беше потенцирано дека Баер Леверкузен нема намера да се раздели со Џака доколку не добие добра понуда.


Чилеанецот Санчез заминува од Удинезе на крајот од сезоната

Чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез како што стојат работите ќе го напушти Удинезе, а веќе се најавува и каде би можел да продолжи.

Екс-напаѓачот на Арсенал и Барселна, токму во Удинезе го започна својот европски пат, додека во клубот се врати во 2024 година.

Неговиот договор е со важност до 2026 година и најверојатно нема да биде продолжен. Според информациите најголем фаворит за неговиот потпис е клубот од неговата татковина Универзидад каде што настапуваше во младинските категории, но си замина премлад и не настапи во сениорска конкуренција.

Исто така како опција се споменува и аргентинскиот гигант Ривер плата.


ПСЖ се вклучи во трката за Влаховиќ

Српскиот голгетер Душан Влаховиќ би можел да ја продолжи кариерата во редовите на ПСЖ, пренесува „Psgtalk“.

Покрај „Светците“, интерес за напаѓачот на Јувентус покажуваат и неколку англиски гиганти, меѓу кои се Арсенал и Манчестер Јунајтед. Сепак, тимот од Париз може да им ги помати плановите на клубовите од Премиер лигата, бидејќи се спремни да ја платат откупната клаузула која во моментов изнесува околу 65 милиони евра.

Српскиот фудбалер има кризен период во Јувентус и можеби излезот ќе го побара со трансфер надвор од клубот од Торино.


Сериозен проблем за Симоне Инзаги, се повреди Маркус Турам

Маркус Турам заработи повреда и нема да игра викендов за Интер против Болоња во Серија А.

Тоа и не е така проблематично, ама засега се чека повеќе информации за состојбата и повредата на францускиот фудбалер. Турам има повреда која ја доби на мечот против Баерн Минхен во реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите, а останува да се одреди колку ќе паузира.

Кога ќе се земе в предвид дека Турам е еден од најдобрите играчи на Интер оваа сезона, ова е сериозен удар за Симоне Инзаги.

По неделниот дуел со Болоња од Серија А, веќе в среда Интер го очекува натпревар против Милан во реваншот од полуфиналето на Копа Италија.


Рајс: Целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите

Деклан Рајс, фудбалерот на Арсенал го најави освојување на Лигата на шампионите.

Арсенал оваа сезона стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, а во четвртфиналето го исфрли Реал Мадрид, убедливо со вкупен резултат 5:1.

Еден од хероите на тимот од Лондон изјави дека целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.

„Средата беше исклучителна ноќ за нашиот клуб, историска ноќ. Имаме цел во ова натпреварување, а тоа е да ја освоиме Лигата на шампионите“, рече Рајс.

Англичанецот потоа ги пофали соиграчите.

„Бевме навистина полни со самодоверба и верба дека можеме да победиме во Мадрид. Тоа што го имавме во нашите глави го спроведеме во пракса“, изјави Рајс и додаде:

„Имав чувство дека напредуваме, ова е навистина неверојатно. Завршивме неверојатна работа досега во ЛШ. Имаме верба во себе, му веруваме на тренерот без резерва, тој е неверојатен. Полуфиналето е голема работа за нас и сакаме само да уживаме во се“.


Баркола добива нов договор во ПСЖ

Раководството на Пари Сен Жермен планира да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Бредли Баркола, објави новинарот Николо Шира на својата страница на социјалната мрежа Х.

Според изворот, новиот договор со фудбалерот ќе трае до 2030 година. Исто така, се истакнува дека клубот ќе ја зголеми платата на играчот.

22-годишниот офанзивен играч за врска Баркола одигра 48 натпревари за парижаните во сите натпреварувања во сезоната 2024/2025, постигнувајќи 18 гола и 16 асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2028 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 70 милиони евра.


Чаби Алонсо го води Џонатан Тах со себе во Мадрид

Централниот дефанзивец на Баер Леверкузен и германски репрезентативец Џонатан Та би можел да го следи Чаби Алонсо во Реал Мадрид доколку шпанскиот стручњак биде назначен за нов тренер на „кралскиот клуб“.

Според информациите на Флоријан Плетенберг од „Скај Спорт Германија“, евентуалната преселба на Алонсо во Мадрид би можела да го отвори патот за трансфер на Џонатан Та на „Сантијаго Бернабеу“. Реал Мадрид има итна потреба од освежување на одбраната, откако минатото лето не успеа да потпише замена за Начо, а сезоната 2024/25 започна со само тројца природни централни бекови – Едер Милитао, Антонио Рудигер и Давид Алаба.

Сепак, Милитао заработи втора последователна тешка повреда на вкрстените лигаменти на коленото, а другите двајца сега имаат над 30 години. Ова бараше употреба на играчот од средниот ред Аурелиен Чумане како импровизиран централен дефанзивец, додека Раул Асенсио почна да се наметнува како опција во одбраната.

„Доколку Чаби Алонсо се пресели во Реал Мадрид, фокусот на трансферот нема да биде толку на Флоријан Вирц, туку на Џонатан Та. Тој е оној кој би можел да го следи во Шпанија“ напиша Плетенберг.


Три гиганти го сакаат Зубименди од Реал Сосиедад

Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, ова лето е приоритет на трансферот во Реал Мадрид, ова го објавија дел од медиумите во Шпанија.

Според истите, и Кралскиот клуб е многу заинтересиран за 26-годишниот фудбалер. Претставниците на Реал Мадрид стапиле во контакт со Зубименди и му кажале за плановите за него.

Претходно медиумите објавија дека интерес за шпанскиот играч за врска покажуваат и Арсенал и Манчестер Сити.

Сезонава Зубименди одигра 42 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна два гола и имаше две асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2027 година, а неговата пазарна вредност е 60 милиони евра.