фудбал

Галијани се враќа во Милан, ќе ја има улогата на советник

По осум години, Адријано Галијани повторно ќе работи во Милан. Емотивното враќање на легендарниот фудбалски директор е во завршна фаза, а „росонерите“ повторно го добиваат човекот кој остави длабока трага во клупската историја.

Галијани ја напушта функцијата во Монца и се враќа во клубот каде што испиша незаборавни страници работејќи во ерата на Силвио Берлускони, овојпат во улога на советник. Кам-бекот стана реалност благодарение на иницијативата на Џери Кардинале и Златан Ибрахимовиќ, кои посакувале токму тој да биде дел од новата ера на Милан.

По заминувањето на Паоло Малдини од редовите на Милан навивачите беа бесни, а овој потег на управата може да ги направи позадоволни по катастрофалната сезона.


Мудрик доби тренерска задача во Челзи

Михаило Мудрик дојде како огромно засилување за Челси, но не само што не го оправда тоа туку беше позитивен и на допинг за кој доби суспензија која може да трае и четири години.

Мудрик уште е во Челси, но сега има поинаква улога. Според англиските медиуми тој станал личен тренер на неколку фудбалери.

Украинецот бил задолжен за работа со Ромео Лавиа, Марк Кукурења и новиот фудбалер Џејми Гитенс.

Сите тие работат со Мудрик на дневна основа, а кон тренинзите на оваа група треба да им се приклучи и Естевао.


Милан пак го праќа Бенасер на позајмица

27-годишниот играч од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер, кој не е во плановите на Алегри за следната сезона, најави заминување.

Тој ја помина втората половина од минатата сезона во дресот на Олимпик Марсеј, а најверојатно и во првата половина од новата сезона ќе оди на позајмица. Сега неименувани руски и турски клубови се распрашуваат за играчот да го добијат на позајмица со можност за откуп на договорот. Исто така Милан се обидува да го вклучи Бенасер и во некоја можна зделка за купување или размена на фудбалери.


Маскерано може да здивне, повредата на Меси не е сериозна

Интер Мајами потврди дека Лионел Меси избегнал сериозна повреда.

Напаѓачот на составот од Флорида беше заменет на почетокот од натпреварот од 2. коло од Лига купот со Некакса (2:2, 5:4 на пенали) поради повреда на тетивата.

„Резултатите од прегледот потврдија лесна повреда на мускулите на десната нога. Враќањето во акција ќе зависи од клиничката состојба и ефикасноста на третманот“, се вели во соопштението на клубот.


Шкендија со поволна ждрепка во плеј-офот на ЛШ или ЛЕ

Шкендија попладнево во Нион го дозна најнапред противникот во плеј-офот од кавлификациите за Лигата на шампионите, а подоцна го дозна и можниот противник за плеј-офот во Лига Европа.

Доколку Шкендија биде елиминирана одКарабах, ќе се пресели во Лига Европа и таму ќе игра со поразениот од двомечот меѓу Лудогорец – Ференцварош.

Натпреварите од оваа фаза се закажани за 21 и 28 август. Првиот натпревар се игра во Скопје, а реваншот на гости.

Интересно, Шкендија во плеј–офот во ЛШ ќе игра со подобриот од тој двомеч, додека во плеј – офот во ЛЕ со поразениот од овој двомеч меѓу бугарскиот и унгарскиот шампион.

Шкендија ќе има две шанси , д ас епласира во групната фаза од Лигата на шампионите и Лига Европа, а доколку не успее, тетовци веќе си осигураа најмалку лигашка фаза во Лига Конференции и наесен ќе одиграат шест меча во ова натпреварување.


Џеко откри дека не размислува за пензија

39-годишниот напаѓач на италијанска екипа Фиорентина и репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко, откри кога ќе почне да размислува за завршување на професионалната кариера.

„Кога младите играчи ќе почнат да постигнуваат двојно повеќе голови од мене, тогаш ќе почнам да размислувам за завршување на кариерата“, изјави Џеко за „Газета дело Спорт“.

Минатата сезона, напаѓачот одигра 53 натпревари за Фенербахче, постигнувајќи 21 гол и осум асистенции. Претходно играше за Волфсбург, Манчестер Сити, Рома и Интер.

39-годишниот напаѓач има и 141 натпревар за босанската репрезентација, во кои постигна 68 гола и имаше 29 асистенции.


Давид Луиз реализира изненадувачки трансфер во Кипар

Давид Луиз го раскина договорот со бразилскиот клуб Форталеза само седум месеци по пристигнувањето. Наскоро по раскинот, Луиз одлучи да ја продолжи кариерата во кипарскиот шампион Пафос. Неговото доаѓање на Кипар предизвика огромен интерес кај јавноста.

Тридесетосумгодишниот Бразилец и Пафос треба да постигнат договор кој ќе трае до 2028 година, додека клубот се подготвува за двомечот во квалификациите за Лигата на шампионите против Динамо Киев.

Овој трансфер е значаен бидејќи претставува враќање на Луиз во европскиот фудбал, првпат по неговото заминување од Арсенал во 2021 и трансферот во Фламенго.


Реиниер Жесус раскина со Реал без ниту еден официјален настап

Бразилскиот фудбалер Реиниер Жесус заминува од Реал Мадрид по пет и пол години, без да забележи ниту еден официјален настап за првиот тим.

Тој се приклучи на клубот кога имаше само 18 години, за сума од 30 милиони евра, и се расплака на своето претставување во Реал. Кариерата ќе ја продолжи во родна Бразил каде што ќе го носи дресот на Атлетико Минеиро.

Во „кралскиот“ клуб имаа големи очекувања од неговиот потенцијал, но приказната доби поинаков развој и Жесус заминува од клубот без ниеден настап на Сантијаго Бернабеу.


Рафиња: Подобра за Барса што не дојде Нико Вилијамс

Нико Вилијамс беше на чекор до трансфер во Барселона ова лето, сите очекуваа зделката да се случи, но тогаш тој го шокираше светот потпишувајќи десетгодишен договор со Атлетик Билбао.

Нико Вилијамс ќе беше директна конкуренција за Рафиња. Бразилскиот фудбалер нема добро мислење за Шпанецот.

„Нико Вилијамс? Тие кои не сакаат да бидат тука подобро што не се тука. Искрено, добро е да имате квалитетни фудбалери кои сакаат да бидат во клубот и да го носат овој дрес“, вели Рафиња.


Виљареал го враќа Томас Парти во Шпанија

Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал, Томас Парти, го избра својот нов клуб. Играчот од средниот ред ќе ја продолжи кариерата во Ла Лига, каде што ќе го носи дресот на Виљареал, објави Дејвид Орнштајн од „Атлетик“.

Парти е слободен агент откако неговиот договор со „топџиите“ истече и не беше обновен. Фудбалерот од средниот ред, кој има 32 години, ќе потпише двегодишен договор со Виљареал, а учеството на тимот во Лигата на шампионите оваа сезона е клучен фактор за интернационалецот од Гана.

Парти сè уште не ги поминал лекарските прегледи, но се очекува тоа да се случи многу наскоро, по што ќе следува официјалната промоција.