фудбал

Емери ги повика фановите за реваншот со ПСЖ

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, по вчерашниот пораз кај ПСЖ во Лигата на шампионите, вели дека на реваншот на „Вила парк“ ќе биде сосема друга приказната.

„Повеќе или помалку, очекував ваков резултат, 2-1 или 3-1. Наредната недела ќе играме дома и тоа ќе биде голем предизвик за нас бидејќи ќе бидеме посилни со поддршката на нашите навивачи.

Сепак, нашиот став не се менува, мора да победиме на реваншот со повеќе од еден гол разлика. Во првото полувреме имавме три или четири шанси“, рече тренерот на Астон Вила.


Удоги од Тотенхем е желбата на Пеп за лев бек на Сити

Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити би можеле да го ангажираат дефанзивецот на Тотенхем, Дестин Удоги.

Наводно, „граѓаните“ имаат намера да ангажираат бек во текот на летото а 22-годишниот Италијанец е на нивната потесна листа. Трансферот нема да биде лесен бидејќи „спарси“ сакаат да го задржат одличниот фудбалер кој дејствува по страничните позиции.

Според дел од медиумите, англискиот состав го пикирал и фудбалерот на Јувентус, Андреја Камбиасо.


Емре Чан: Игравме без жар и Барса тоа успеа да го казни

Капитенот на Борусија Дортмунд, Емре Чан, не крие дека е разочаран од поразот од Барса со 4-0 во првата пресметка во четвртфиналето во Лигата на фудбалските шампиони.

Каталонците славеа убедливо во Шпанија и на некој начин се промовираа како сигурни патници во наредната рунда иако реваншот ќе биде одигран на теренот на „милионерите“ во Германија.

„Не одигравме добро, бевме без жар во стартовите. Направивме премногу грешки а тоа го казнија одличните напаѓачи на Барселона“, рече играчот на Борусија Дортмунд.


Рафиња го израмни рекордот на Меси

Фудбалерот на Барселона, Рафиња, го израмни рекордот на Лионел Меси во Лигата на шампионите кога станува збор за освoени бодови – голови плус асистенции.

Крилниот напаѓач на Каталонците постигна гол и направи две асистенции во првиот натпревар од четвртфиналето против Борусија Дортмунд. Бразилецот во тековнава сезона има 19 бодови (12 голови и 7 асистенции).

Истиот ефект го имаше и Лео Меси во сезоната 2011/12. Аргентинецот тогаш имаше 14 голови и пет додавања кои завршиле со погодок.


Харгрејвс: Оваа Барса нема слаби точки

Некогашниот фудбалер на Баерн Минхен, Овен Харгривс, ја нарече Барселона брилијантен тим.

„Мислам дека немаат слаби точки. Борусија се обиде со неколку шанси но, Барселона е премногу добра и задоволство e да се гледа“ – рече некогашниот фудбалер.

„Ако продолжат да играат така мислам дека можат да ја освојат тројната круна“, рече поранешниот играч од средниот ред на Баерн Минхен.


Јунајтед се откажа од ангажман на Осимен

Манчестер Јунајтед се откажала од намерата да го доведе Нигериецот Виктор Осимен, откако стана познато дека напаѓачот деновиве разгледувал само понуди од Саудиска Арабија и од наредната година ќе игра во таа земја.

Иако за него има огромен интерес од неколку европски гиганти, сепак, Осимен веројатно ќе реши да тргне по огромната заработувачка што му ја нудат саудиските клубови, а таа се проценува дека би изнесувала околу 25 милиони евра годишно.

Осимен има само 26 години и се очекуваше да продолжи со настапи на стариот континент, но очигледно парите си го прават своето. Нигериецот блесна во дресот на Наполи, каде ја освои шампионската титула, а оваа сезона игра за турскиот Галатасарај.


Барса го потопи Дортмунд, ПСЖ пресилен за Астон Вила

Барселона и ПСЖ се на чекор до полуфиналето во Лигата на шампионите. Вечерва во првите четврфинални натпревари Барселона ја победи Борусија со 4-0, а ПСЖ славеше над Астон Вила со 3-1.

Барселона на „Монжуик“ ја надигра Борусија, која своите шанси евентуално да извлече поволен резултат ги пропушти во првото полувреме.

Првиот дел и припадна на Барселона со 1-0, голот го постигна Рафиња, негов 12 сезонава во Лигата на шампионите.

Распадот на „милионерите“ од Дортмунд се случи во вториот дел. Ги нокаутира нивниот поранешен играч Левандовски со два гола во 48. и 60.минута, а точка на мечот стави Јамал во 74. минута.

Сличен натпревар беше виден и на „Паркот на принцовите“ во Париз со таа разлика што „светите си дозволија од нивна грешка први да примат гол. Роџерс погоди во 35.минута, но водството англискиот тим го имаше само четири минути кога со брилијантен гол изедначи Десире Дуе.

На стартот, од вториот дел нова магија, за 2-1 погоди Кварацхелија, во 49.минута, а точка на натпреварот стави Нуно Мендеш во 92.минута.


Компани: Резултатот е во полза на Интер, но ќе видиме како ќе биде следната недела

Баерн Минхен доживеа непријатен пораз од Интер на Алијанц Арената и за седум дена ќе мора да победи во Милано за да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Баварците искористија само една од своите шанси, Интер постигна два гола и италијанскиот тим има предност по првиот четвртфинален меч.

„Добро го почнавме мечот, доминиравме во првите 30 минути и можевме да постигнаме еден или два гола, можеби и повеќе.

Доминиравме и во второто полувреме, креиравме шанси, влезе Милер и постигнавме гол. Бевме подготвени на најдобар начин за овој меч и сите одлуки беа од фудбалски причини. Интер беше многу силен вечерва, нам ни недостасуваше Мусиала. Не сакам да зборувам за повреди, но ги имаме пет-шест. Загубивме со 2-1 и не можам да го променам резултатот. Резултатот вели Интер, но ќе видиме следната недела“.


Вокер итно опериран, се враќа следната сезона

Милан соопшти дека Кајл Вокер беше подложен на операција.

Англискиот десен бек заработи фактура на десниот лакт, а со цел побргу да се залечи проблемот тој мораше „под нож“. Не се објавени информациите и начинот на кој Вокер се здоби со повредата, меѓутоа познато е дека операцијата минала успешно.

Вокер веднаш ќе започне со рехабилитацијата, се очекува да паузира најмалку еден месец, а потоа ако сè биде во ред ќе се врати на терените.

Инаку, Кајл Вокер е позајмен во Милан од редовите на Манчестер Сити. „Росонерите“ налето планираа да го откупат неговиот договор.

Можеби ќе ве интересира


Снајдер: Куртоа лошо го постави живиот ѕид

Весли Снајдер процени дека Реал Мадрид направил грешка со поставувањето на ѕидот кога Деклан Рајс успеа да погоди во два наврата од слободен удар и да ја најави победата на Арсенал.

„Ѕидот беше погрешно поставен при првиот гол. На играч со десна нога никогаш не треба да му се дозволи да шутира под таков агол. Ако имате добар шут, тоа е многу лесен гол. Ѕидот беше преместен премногу лево“ – вели Снајдер.

„Сакам да дадам и мал коментар за вториот гол. Растојанието беше големо. Репризата покажува дека Куртоа прави чекор надесно. Да стоеше во неговиот агол ќе успееше“ – изјави поранешниот холандски репрезентативец.