Италијанскиот фудбалски состав, Наполи, може да ангажира двајца централни дефанзивци, објави новинарот, Фабрицио Романо.
Првиот е Шпанецот, Рафа Марин , кој челниците на Реал Мадрид ќе му го отстапат времено на Наполи за 10 милиони евра. Вториот фудбалер е италијанскиот репрезентативец, Алесандро Бонџорно, кој ќе биде ангажиран од екипата на Торино.
Тој во изминатата сезона одигра 31 натпревар со ефект од три гола и даде една асистенција. За него постои опција да добие перманентен договор.
Хрватското обвинителство се откажа од гонење на Модриќ
Државното правобранителство на Хрватска се откажа од кривично гонење на хрватскиот фудбалски репрезентативец Лука Модриќ за давање лажно сведочење на судењето на Здравко Мамиќ за извлекување пари од Динамо, меѓу другото, за трансфери на познати фудбалери. Поради лажното сведочење на судењето на поранешниот предводник на Динамо, обвинителството освен Модриќ поднесе обвиненија и против Дејан Ловрен. Сепак, судењето не се одржа бидејќи судовите ги отфрлија обвиненијата. Додека случајот против Ловрен неодамна, по втор пат, заврши со правосилна судска одлука на Жупанискиот суд во Загреб, случајот на Модриќ, поради поинаква одлука на Општинскиот кривичен суд во Загреб, е вратен во обвинителството во Осијек со цел понатамошно испрашување на Модриќ и поднесување ново обвинение, за што судот им дал рок од три месеци кој истекува на почетокот на август. Но, наместо тоа, обвинителството во Осијек заклучи дека новото, сега трето обвинение против Модриќ нема смисла затоа што повторно ќе биде отфрлено, како и на Ловрен. Воедно, тие го известија загрепскиот Општински кривичен суд дека нема да вршат дополнително испитување на Модриќ, туку ќе ја отфрлат кривичната пријава против него и со тоа ќе го прекинат кривичното гонење. Со правосилна пресуда на Врховниот суд од 2021 година, поранешниот прв човек на НК Динамо Здравко Мамиќ е осуден на шест и пол години затвор за извлекување 116 милиони куни од Динамо, неговиот брат Зоран на четири години и осум месеци, поранешниот директор на Динамо, Дамир Врбановиќ на три години затвор, а даночникот Милан Пернар на три години и два месеци.
Демирал ризикува казна заради недозволена радост
Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фајзер
реагираше на скандалозната прослава на голот на турскиот
дефанзивец Мерих Демирал на осминафиналето на ЕП 2024 со
Австрија.
„Симболите на турските десничарски екстремисти немаат место
на нашите стадиони. Очекуваме дека УЕФА ќе го истражи ова
прашање и ќе го покрене прашањето за санкции“, рече Фајзер,
цитиран од Ројтерс.
Турскиот дефанзивец Мерих Демирал при прославувањето на
головите го искористи гестот на турските националисти, што
предизвика нов скандал на ЕП.
Интер го враќа Перишиќ во своите редови
Иван Перишиќ е желба на Интер, а играчот на Хајдук наводно нема ништо против да се врати во Милано.
Италијанскиот „Тутоспорт“ пренесува дека Перишиќ во изминатите недели испраќал позитивни сигнали и кај него постои желба да се врати во редовите на Интер. Од друга страна „нероаѕурите“ би можеле да реагираат и да го доведат како замена за Бујкенан кој се повреди на тренингот на Канада на Копа Америка.
Перишиќ има договор со Хајдук до крајот на август, а неодамна спортскиот директор Никола Калиниќ не можеше да потврди дека тој ќе остане.
„Се е на него, ќе оставиме да видиме каква ќе биде одлука“.
За шест сезони колку што претхдоно помина во Интер, Перишиќ одигра 254 натпревари, постигна 55 гола и запиша 49 асистенции.
Монтела: Победивме благодарение на тимскиот дух
Селекторот на Турција, Винченцо Монтела беше воодушевен од победата на неговата репрезентација со 2-1 над Австрија во осминафиналето на ЕУРО 2024. Турција сега ќе се соочи со Холандија во битка за пласман во полуфиналето.
„Многу, многу важна победа. Тимскиот дух не водеше од првата до последната минута. Тоа за првпат го покажавме на гостувањето кај Хрватска во квалификациите“, изјави Монтела.
„Точно е дека нè погоди заморот. Многу сум среќен за играчите. На претходните натпревари имавме некои проблеми околу разбирањето на теренот, но денеска се беше совршено“, продолжи италијанскиот специјалист.
„Ова е историски резултат. Го повторивме подвигот од ЕП 2008 кога Турција повторно забележа три победи. Среќен сум за сите нас“, изјави Монтела.
Грузиските фудбалери одликувани од претседателот Зурабишвили
Грузискиот претседател Саломе Зурабишвили ги одликуваше репрезентативците, стручниот штаб на тимот и претставниците на фудбалската федерација со Орден на честа за пласман во 1/8-финалето на Европското првенство во 2024 година.
Церемонијата на доделување се одржала на бина што била поставена на Плоштадот Слобода. На пат кон плоштадот, репрезентативците се возеа во отворен автобус, поздравувајќи ги илјадниците навивачи.
Во групната фаза грузискиот тим го освои третото место (четири бода) во Групата Ф со Португалија (шест бода), Турција (шест бода) и Чешка (еден бод).
Грузија во осминафиналето загуби од Шпанија со резултат 1-4, а ова беше прв пат во историјата да играат на Европско првенство.
Пред згаснување холандскиот гигант Витесе
Холандскиот прволигаш Витесе ќе згасне бидејќи нема доволно пари да ги исплати долговите, пренесуваат холандските медиуми.
Постоеше последна шанса клубот да биде преземен од Гус Франк, сопственикот на „Аксиос партнерс“, фирма со седиште во Швајцарија, но тој се откажа и сега клубот е пред банкрот.
Извесно е дека Витесе ќе згасне бидејќи е во безизлезна ситуација. Холандскиот сојуз му ја одзема лиценцата за играње во прва и втора лига. Минатата сезона завршија како последнопласирани на табелата со само шест бода. Најголемиот успех во историјата на клубот е освојување на купот во 2017 година.
Јуве и Рома преговараат за трансфер на Киеза
F
Раководството на Јувентус одлучи да го стави на продажба Федерико Киеза ова лето.
Киеза исто така не е задоволон од својот статус во клубот и одбил да го продолжи договорот.
Киеза влезе во последната година од договорот и Јувентус за неговиот потпис ќе бара 30 милиони евра, а најсилен интерес за него покажува Рома.
„Волчицата“ веќе испратила понуда од 25 милиони евра, па двата клуба се блиску до договор.
Челзи извади богатство за Арќи Греј од Лидс
Англискиот фудбалер Арчи Греј е нов член на Тотенхем, објавено
е на веб-страницата на Премиер лигата.
Осумнаесетгодишниот играч од средниот ред потпиша договор со
лондонскиот тим до јуни 2030 година.
Цената на трансферот од Лидс изнесува вртоглави 40 милиони
фунти (47,15 милиони евра), колку што изнесуваше клаузулата со
која Греј би можел да го напушти Лидс.
Иако има само 18 години, Греј веќе има два настапи за
репрезентацијата на Англија до 21 година. Тој потекнува од
фудбалско семејство, таткото Енди и дедото Френк исто така
играа за Лидс.
Пиоли се сели во Саудиска Арабија и ќе го преземе Ал Итихад
Според последните информации, Стефано Пиоли ќе биде нов
тренер на Ал Итихад со кого се договорил за соработка на три
години.
Ал Итихад успеа да го убеди Пиоли да седне на клупата и во него
гледаат перфектен избор за проектот кој го планираат.
Информациите се дека договорот е постигнат и наскоро се би
требало да биде официјално објавено.
На клупата на Ал Итихад, Пиоли ќе го наследи Марсело Гаљардо.