фудбал

Баерн и Томас Милер преговараат за нов договор

Живата легенда на Баерн Минхен, Томас Милер, за германските медиуми ја коментираше моменталната позиција со преговорите со клубот за нова соработка. 35-годишниот ветеран има договор само до крајот на актуелната сезона и се уште е нејасно дали ќе остане и следната сезона.

„Ние сме во преговори. Зборуваме и за спортски и за финансиски аспекти“, изјави Милер за весникот „Шпигел“.

„Сè уште многу се забавувам играјќи фудбал. Сакам да продолжам“, додаде офанзивниот играч за врска на Баварците.

Милер е младински играч на Баерн, кој влезе во првиот тим во 2009 година.


Ковачиќ ќе го замени Сити со Атлетико?

Хрватскиот фудбалски репрезентативец и фудбалер Матео Ковачиќ оваа лето би можел да го напушти Манчестер сити и да потпише за Атлетико Мадрид.

Искусниот Ковачиќ од 2015 до 2019 година играше за Реал Мадрид, кум му е капитенот на Кралскиот клуб, Лука Модриќ, а од следната сезона може да го облече дресот на лутиот градски ривал на најтрофејниот клуб.

Во Атлетико сметаат дека Ковачиќ би можел да биде одлично пополнување по најавеното заминување на Родриго Де Пол.

Договорот на Ковачиќ со Сити е до јуни 2027, па Атлетико ако сака да го купи, ќе мора да плати и отштета од 30-тина милиони евра. Интерес за Матео има и од Фенербахче, но Хрватот преферира да остане во топ 5 лигите.

Јорганџиите се заинтересирани за уште еден играч од Премиер лигата, тоа е напаѓачот Дарвин Нуњез од Ливерпул.


Артета призна дека Арсенал има офанзивни проблеми

Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, беше разочаран по вчерашното реми без голови на теренот на Нотингем Форест во меч од Премиер-лигата.

„Доминиравме во играта и се обидовме да дојдеме до победа на секој начин. Требаше да упатиме повеќе шутеви и да имаме добра завршница.

Гледаме напред и работиме со тоа што го имаме. Ситуацијата е иста како пред една недела или пред три месеци”, рече Артета.


Мурињо доби суспензија од четири меча за изјавата по истанбулското дерби

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо доби жестока казна поради инцидентот по крајот на турското дерби против Галатасарај.

Во понеделникот, по ремито 0-0 во големата пресметка во Истанбул, португалскиот стручњак имитираше мајмунски движења по реакциите на клупата на Галатасарај.

Потоа отиде во судиската соблекувална каде сакаше да разговара со главниот судија Славко Винчиќ од Словенија.

Поради сето ова ќе биде суспендиран на четири натпревари и ќе мора да плати парична казна од 35.194 фунти.

Однесувањето на Мурињо беше окарактеризирано како „чин против „спортскиот дух“ и „спротивно на етиката на спортот и концептот на фер-плеј“.

Фенербахче и официјално потврди дека ќе се жали на казната која му е изречена на Мурињо.


Болоња го сруши Милан, Консеисао во големи проблеми

Фудбалерите на Болоња го совладаа Милан со 2-1 во одложениот натпревар од деветтото коло во Серија А. Болоња ја прекина црната серија, немаше победа над Милан, на домашен терен во последните 22 години.

Рафаел Леао ги доведе гостите во водство на крајот од првиот дел, но Сантијаго Кастро и Ден Ендоје донесоа пресврт за домаќините во вториот дел.

Ова е втор последователен пораз за Милан. Сега се осми со 41 бод, додека Болоња има три бода повеќе и се наоѓа на шестата позиција.

Во следното коло тимот од Милано на домашен терен игра против Лацио, додека Болоња ќе му гостува на Каљари.


Рејндерс добива нов договор на „Сан Сиро“

Милан е блиску до потпишување нов договор со Тијани Рејндерс.

Еден од најдобрите, ако не и најдобри играчи на „росонерите“ оваа година е блиску до договор со италијанскиот клуб за продолжување на договорот.

Се шпекулираше дека холандскиот интернационалец би можел да го напушти Милан на крајот на сезоната, но како што сега стојат работите, тоа нема да се случи.

Милан му понуди на Рејндерс подобри услови. Договорот би бил со важност до 2030 година, а неговата плата би скокнала од милион и пол на три и пол милиони евра. На Рејндерс очигледно му се допаѓа таквата понуда и остануваат само последните детали до официјален договор.

Рејндерс дојде во Милан од АЗ Алкмар во трансфер вреден 20,5 милиони евра, а неговата пазарна вредност сега се проценува на околу 50 милиони евра.


Порто еден месец без напаѓачот Пепе

Фудбалерот на Порто, Пепе, има скинати мускулни влакна на десната бутина и ќе ги пропушти следните натпревари. Неговото враќање на теренот се очекува за еден месец.

Бразилскиот интернационалец вчера бил на лекарски прегледи откако принудно го напушти мечот со Виторија Гимараеш. Бекот ќе ги пропушти мечевите против Арука, Брага и Авеш.

Луѓето од Порто се надеваат дека Пепе ќе биде подготвен за настап на дербито со Бенфика закажано за првата недела во април.


ФФМ со жестоко соопштение одговори на обвинувањата на Силекс

Во однос на последното соопштение на ФК Силекс, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Одборот на судии во рамки на ФФМ на чело со претседателот Александар Ставрев, најостро ги осудуваат непрофесионалните, неетичките, неоснованите и злонамерни напади насочени кон претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон, како претседавач со Комисијата за делегирање на судии.

Овие обиди за дискредитација претставуваат неприфатлив притисок врз стручните тела во ФФМ што работат исклучиво во интерес на македонскиот фудбал. Како водечка институција во македонскиот фудбал, ФФМ ќе продолжи со професионално и одговорно управување, без да подлегне на надворешни притисоци или било какви други влијанија а ќе ги искористиме сите расположливи механизми за заштита на интегритетот и нема да дозволиме било каков обид за манипулација и нарушување на угледот на ФФМ и нејзините официјални претставници, стои во дел од објавата на официјалната веб-страна на ФФМ.

Впрочем, за контрадикторноста и злонамерата во испратеното соопштение е токму фактот што претседателот на ФФМ многу децидно, уште по преземањето на функцијата, јасно кажа дека прв и основен приоритет на ФФМ е воведувањето на ВАР технологијата за што и се започнати активности. Притоа, неколкупати посочи дека дејствувањето и работата на Судиската организација е оставена на стручните лица, членови на истата и во ниту еден сегмент ниту некој може да влијае, ниту обидите за влијание на било кој член на судиската организација ќе минат без последици, се наведува во соопштението на ФФМ.


Слот: Не ми се допаѓа работната етика на Дарвин Нуњез

Ливерпул продолжува да маршира кон титулата во Премиер лигата, но напаѓачот Дарвин Нуњез се повеќе го „троши кредитот“ кај тренерот Арне Слот.

Уругваецот, кој е вториот најплатен играч на Ливерпул, на теренот не го оправдува она што клубот го вложува. Она што првенствено се истакнува како негова слабост се пропуштените шанси во текот на натпреварите, но холандскиот тренер го критикува и за други работи.

„Му помогнав со тоа што му кажав дека може да промаши шанса се додека се труди. Но, неговата работна етика веќе некое време не ми се допаѓа. Не можам да прифатам дека играчот не дава се од себе. Можам да прифатам еднаш, но два пати е премногу. Ако промашите шанса, треба да се борите за тимот“, рече Слот.

Против Манчестер сити, Дарвин не играше, го преседе натпреварот на клупата за резерви, а против Њукасл ги одигра само последните четири минути. Оваа сезона постигна четири гола со две асистенции.


Барса го продава Витор Роке во Палмеирас

Барселона и Бетис постигнаа договор околу Витор Роке. Младиот Бразилец се враќа во татковината, кариерата ќе ја продолжи во Палмеирас.

Барселона за Роке плати речиси 40 милиони евра. Бразилецот беше најавен како нова голема ѕвезда, но ниту доби вистинска шанса најпрвин кај Чави, а потоа и кај Флик, ниту ги оправда очекувањата кога ќе добиеше шанса.

Минатото лето Барселона го испрати на позајмица во Бетис. Не блескаше ниту кај Мануел Пелегри. Пред еден месец Барселона доби понуда од Палмеирас од 25 милиони евра и Барса да задржи 20 отсто од следната продажба.

Џоан Лапорта ја прифати понудата но мораше да го убеди Бетис да ја раскине позјмицата.

Тоа се случи откако Барселона се откажа од 30 отсто од правата што ги имаше врз Ез Абде. Барселона за крилниот напаѓач од Бетис доби 7,5 милиони евра и задржа 50 отсто од правата од наредната продажба. Со новиот договор Барселона од евентуалниот наводен трансфер на Ез Абде ќе добие 20 отсто.

Исто така Бетис од Палмеирас ќе добие компензација од 6 милиони евра.