Македонските фудбалери ги дознаа ривалите во Конференциската лига
Борац Бања Лука и Јагелонија, екип на македонските интернационалци Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Дарко Чурлинов ги дознаа противниците во осминафиналето во Конференциската лига.
Борац со Николов и Шишковски ќе играат против Рапид Виена, а Јагиелонија на Чирлинов со Серкл Бриж.
Првите осминафинални натпревари се закажани за 6, а реваншите на 13 март.
Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 10 и 17 април, полуфиналните на 1 и 8 мај, додека финалето е закажано за 28 мај во Вроцлав, Полска.
Познати сите учесници во осминафиналето на КЛ
Фудбалерите на Панатинаикос се пласираа синоќа во осминафиналето на Конференциската лига, откако на домашен терен во Атина го совладаа Викингур со 2-0 во реваншот од плеј-офот.
Во првиот натпревар минатата недела тимот на Рејкјавик победи на домашен терен со 2-1.
Пласман во осминафиналето обезбедија и фудбалерите на Целје, откако на гостински терен во Никозија го совладаа АПОЕЛ со 2-0. Првиот натпревар во Словенија беше нерешен 2-2.
Во драматичен натпревар во кој победникот го одлучи пенал серијата, место во осминафиналето обезбеди и норвешки Молде, совладувајќи го во Даблин домашниот тим Шамрок со 5-4.
Фудбалерите на Јагелонија се пласираа во осминафиналето откако во реваншот го совладаа ТСЦ Бачка Топола со 3-1. Полскиот тим со вкупен резултат 6:2 го елиминира српскиот клуб.
Место во осминафиналната жрепка која е закажана за денеска од 14 часот обезбедија и Бетис, Копенхаген, Борац Бања Лука и Пафос.
Дресот на Меси уште е најпродават во Барселона
Само двајца играчи на Барселона оваа сезона продаваат повеќе дресови на каталонскиот гигант од Лионел Меси.
Иако според многумина најдобриот играч во историјата на фудбалот го напушти „Камп Ноу“ во 2021 година, тој останува огромен туристички магнет во градот на североисточниот брег на Шпанија.
Со оглед на тоа што 37-годишниот играч повеќе не е член на клубот, на Барса и е забрането да продава дресови со неговото име на фан шоп. Сепак, верните фанови и краткорочните посетители најдоа начин да ја надминат таа пречка.
Купуваат дресови без содржина на грбот, па дополнително доплаќаат за персонализација и гравирање на презимето на Меси и легендарниот број 10, пишува шпанскиот весник „АС“.
Оваа практика е толку вообичаена што презимињата на само двајца играчи се појавуваат на дресовите во клупските продавници почесто од оние на Аргентинецот: Ламин Јамал и Роберт Левандовски.
Тотенхем го става Сон на трансфер листа
Тотенхем ја има една од најлошите сезони во поновата историја на Премиер лигата, а лондонскиот тим е подготвен да направи сериозни промени во составот, почнувајќи од капитенот.
Хеунг-мин Сон, легенда на Тотенхем, би можел да го напушти клубот следното лето како дел од целосната реорганизација на тимот.
Јужнокорејскиот интернационалец и стрелец на 172 гола за клубот од северен Лондон, би можел да биде продаден веќе во следниот преоден рок.
Без разлика дали Ангелос Постекоглу ќе остане на клупата на Тотенхем, клупските челници ќе направат сериозна реконструкција.
Првиот чекор е да го продаде капитенот на тимот и најдобар стрелец, а негова замена треба да биде Еберечи Езе.
Многу е јасно дека Тотенхем гледа кон иднината. Сон има 32 години, Езе е шест години помлад, но има одлични настапи во Кристал Палас. Летово беше на мета на големите клубови, но сепак остана во клубот.
Сон е во 2015 година од Леверкузен пристигна на „Вајт Харт Лејн“.
Пеп ќе остане во Сити и покрај неуспешната сезона
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не ја доведува во прашање неговата иднина во тимот по поразот од Реал Мадрид (3-1) во реваншот од плејоф рундата во Лигата на шампионите.
Реал Мадрид го доби и првиот натпревар (2-3) и се пласираше во осминафиналето на елитното фудбалско натпреварување.
„Сакам да продолжам во Манчестер сити. На овие два натпревара победи подобриот тим, тоа мора да го прифатиме. Не само Мбапе. Имаат многу квалитетни играчи, фантастичен тим. Само им честитам, заслужуваат да одат понатаму. Ние се фокусираме на Премиер лигата. Ова е прва година кога не успеваме да се претставиме добро во Лигата на шампионите. Треба да го прифатиме тоа и да се бориме следната сезона повторно да бидеме тука“, изјави Гвардиола.
Манчестер сити не успеа да се пласира во осминафиналето за прв пат откако Гвардиола беше назначен за тренер во 2016 година
Македонија У17 им се реваншираше на Босанците во вториот тест дуел
Македонската репрезентација составена од фудбалери до 17 години попладнево ја совлада соодветната селекција на Босна и Херцеговина со 1-0.
Победничкиот гол го постигна Дитмир Хоџа во петтата минута од судиското надополнување на второто полувреме.
Ова беше своевиден реванш за поразот (1-3) на избраниците на селекторот Димитар Капинковски од пред два дена.
Натпреварите се играа на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Македонија У-17 во март ја очекуваат настапи во квалификациите за пласман на Европското првенство против селекциите на Шкотска, Лихтенштајн и Романија.
Дибала блесна, Рома го елиминира Порто во Лига Европа
Рома го победи Порто (3-2) и се пласираше во осминафиналето на Лига Европа. Плеј-офот го минаа и АЗ Алкмар односно ФЦСБ.
Херој на Рома беше Дибала, кој погоди во 35. и 39. минута и со тоа направи пресврт, откако претходно Порто го отвори резултатот со голот на Саму во 27. минута.
Клучниот детал беше директниот црвен картон за Еустакио во 51. минута, а Рома ја искористи предноста од играч повеќе во 83. минута кога гол постигха Писили.
Порто успеа да постигне гол во шестата минута од судиското надополнување, поточно автогол на Ренш, но немаше време за нешто повеќе.
Манчини ја презема Рома од следната сезона?
Progetto senza titolo – 1
Поранешниот италијански селектор Роберто Манчини фигурира како прв фаворит за преземање на тренерската функција во Рома следната сезона, пишуваат медиумите на Апенините.
Спортскиот директор на „волчицата“, Флоран Гизолфи наводно добил потврда од сегашниот тренер Клаудио Раниери дека ќе ја напушти функцијата на крајот на сезоната Раниери се врати од пензија за да му помогне на саканиот клуб.
Изминативе денови се интензивираа шпекулациите дека Рома преку претставници на клупските челници стапила во контакт со поранешниот тренер на Интер со намера да му го довери раководењето на тимот следната сезона.
Одлуката да се фокусира на Роберто Манчини произлегува од желбата на раководството на Рома да му го довери тимот на домашен тренер со искуство во Серија А и на меѓународно ниво.
Манчини е без работа откако се раздели со репрезентацијата на Саудиска Арабија минатата есен.
За него, работата во Рома би била негова прва во клупскиот фудбал по осум години, кога го предводеше рускиот клуб Зенит Во текот на неговата тренерска кариера, Манчини постигна бројни успеси, вклучително и освојувањето на Премиер лигата со Манчестер сити во 2012 година и титулата Европски шампионат со Италија на ЕП во2020 година.
Последниот ангажман на Манчини во Серија А беше во Интер, кој го напушти летото 2016 година. Од италијанските клубови ги водеше и Лацио и Фиорентина.
Со Интер, тој во три наврати го освои Скудетото, а додаде и два трофеи во Копа Италија и еден во Суперкупот. Тој исто така освои по една титула во Копа Италија со Лацио и Фиорентина.
Раул Алонсо: Ние сме Реал и не ни е брига против кој ривал ќе играме
Младиот дефанзивец на Реал, Раул Асенсио одговори на прашањето за посакуваниот противник во осминафиналето од Лигата на шампионите. Реал Мадрид го победи Манчестер Сити со вкупни 6-3 и се пласираше во осминафиналето на турнирот, па сега се очекува утрешната ждрепка за да се комплетираат двојките.
Како потенцијални ривали за Реал Мадрид во следната рунда се Баер Леверкузен или Атлетико Мадрид.
„Ние сме Реал Мадрид. Не ни е грижа со кого играме. Ќе се бориме и ќе се обидеме да поминеме во следната рунда“, изјави дефанзивецот на Реал, Раул Асенсио, веднаш по вчерашниот меч.
Челзи му потврди доверба на Енцо Мареска
Сопствениците на Челзи му веруваат на тренерот Енцо Мареска. Лондонскиот клуб победи на само три од последните десет натпревари и вече почнаа гласини за промена на тренерското место
Како што пишуваат оствровските медиуми, играчите покажале добра реакција на тренинзите по овој пораз. Извори од клубот ја опишуваат атмосферата како позитивна. Мареска јасно ги идентификуваше проблемите што треба да се решат.
Сопствениците на Челзи продолжуваат да го поддржуваат италијанскиот стручњак. За разлика од ситуацијата со Маурисио Покетино, клубот не планира да спроведе сеопфатна проценка на учинокот на тренерот на крајот од сезоната.
Раководството на лондончани и понатаму верува дека Мареска е вистинскиот избор за да го врати Челзи на шампионски патеки.