фудбал

УЕФА отвори постапка против Албанската фудбалска федерација

Европската фудбалска централа (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Фудбалската федерација на Албанија (ФСХФ) поради инциденти на натпреварот против Италија во првото коло на Европското првенство во Германија, јавува денеска Ројтерс.

Италија синоќа во Дортмунд ја победи Албанија со 2:1 во натпреварот од првото коло од групата Б на Европското првенство во Германија.

УЕФА соопшти дека покренала постапка против ФСХФ поради тоа што навивачите трчале на теренот и фрлале предмети на теренот. Исто така, УЕФА му наплати на ФСХФ за палење ракети за време на мечот со Италија, како и за „пренесување провокативна порака несоодветна за спортски настан“.


Аталанта го откупи Белгиецот Де Кетелер

Белгиецот Де Кетелер, кој имаше одлична сезона во Аталанта како позајмен од Милан, ќе остане во тимот од Бергамо.

Според одредени шпекулаци, двата тима се договориле за сума од 22 милиони евра плус два како бонуси.

Белгиецот кој се наоѓа со неговата селекција на Еврото во Германија, претходната сезона ја заврши со 14 голови и 11 асистенции на 50 натпревари во сите конкуренции.


Бешикташ ќе испрати понуда за Матс Хумелс

Бешикташ упатил понуда до германскиот дефанзивец Матс Хумелс, објавија турските медиуми. Предлогот на турскиот клуб е за договор на 2+1 година.

Хумелс сега е слободен играч откако ја напушти Борусија Дортмунд. Неговиот договор со финалистот од Лигата на шампионите не беше обновен и тој може да се пресели во друг клуб без трансфер. За 35-годишниот фудбалер не недостига интерес од други клубови од Европа, како и од МЛС и Саудиска Арабија.

Сепак, желбата на фудбалерот е да остане на Стариот континент. Се очекува Хумелс наскоро да донесе одлука за својата иднина, а Бешикташ е една од неговите главни опции.

„Црните орли“ веќе се засилија со еден централен дефанзивец – Габриел Паулиста од Атлетико Мадрид.


Велковски си замина од Динамо Букурешт

Репрезентативецот на Македонија, повеќе не е фудбалер на Динамо Букурешт, потврди романскиот клуб на социјалните мрежи.

Дарко Велковски го напушта клубот во кој ја помина последната полусезона. Засега има неколку заинтересирани екипи, но не е познато каде Велковски ќе ја продолжи кариерата.

Во кариерата претходно Велковски настапуваше за Македонија Ѓорче Петров, Работнички, Вардар, Ал-Етифак и Ријека.


Сопственикот на Рома го купува Евертон

Сопственикот на Рома, Ден Фридкин, ќе го купи Евертон за 475 милиони евра, јавија денеска италијанските медиуми.

Според Туто Меркато, Фридкин како резултат на трансакцијата ќе добие 94,1 отсто од акциите, кои во моментов му припаѓаат на актуелниот сопственик на англискиот клуб, Фархад Мошири.

Целата процедура околу одобрување на договорот од Премиер лигата се очекува да потрае повеќе од еден месец, но не се очекуваат никакви проблеми.

Мошири е претседател на одборот на директори и акционер на USM Holdings. Тој се здоби со акции во Евертон во 2016 година.

Компанијата Фридкин Груп стана сопственик на Рома во август 2020 година. Според пишувањата на медиумите, сумата на трансакцијата е околу 600 милиони евра.


Павловиќ доби нов договор во Минхен

Бундеслигашот Баерн Минхен објави денеска продолжување на договорот со фудбалерот од средниот ред Александар Павловиќ до лето 2029 година.

Минатата сезона, играчот од средниот ред забележа 22 настапи за Баерн, постигнувајќи два гола, а додаде и две асистенции.

Дваесетгодишниот Павловиќ се најде на поширокиот список на Германија за Европското првенство, но во последен момент отпадна од списокот поради воспаление на крајниците.


Дибала нема да настапи на Копа Америка

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Гарначо, ќе биде на списокот на Аргентина за претстојниот шампионат – Копа Америка кој ќе започне на 20 јуни. Тоа пред новинарите го потврди селекторот на „гаучосите“, Лионел Скалони.

 „Можам да гарантирам дека Гарначо ќе биде со нас“, изјавил Скалони.

19-годишниот крилен напаѓач има одиграно пет средби во различни конкуренции. Тој дебитираше за Аргентина во претходното лето.


Жоао Невеш прва желба на Луис Енрике за новата сезона

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш е примарна трансфер цел на ПСЖ ова лето, пренесуваат француските медиуми.

Невеш има 19 години и важи за еден од најголемите таленти во Европа, но Бенфика за неговата слобода бара повеќе од 100 милиони евра.

Невеш со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти, но ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата.

Луис Енрсистира да му биде доведен младиот играч за врска, но сумата која ја бара Бенфика може да го искомплицира трансферот. ПСЖ веќе стапил во контакт со португалскиот клуб и е спремен да понуди до 90 милиони евра со вклучени бонуси.


Неста промовиран во нов тренер на Монца

Поранешниот италијански репрезентативец и легенда на Милан, Алесандро Неста е назначен за тренер на Монца, соопштија од Серија А.

48-годишниот Неста доаѓа на местото на Рафаеле Паладино, кој ја презеде тренерската функција во Фиорентина. Неста неодамна беше на чело на второлигашот Реџана, кој минатата сезона заврши на 11-тото место во Серија Б.

Како фудбалер, Неста стана култна личност за тимовите на Лацио и Милан. Со овие две екипи освои многу трифеи, посебно со Милан со кои освои десет трофеи за десет години, меѓу кои две ЛШ и два пати италијанско првенство.

Со репрезентацијата на Италија го освои и светскиот шампионат во 2006 година.


Стоунс неизвесен за настап на дуелот со Србија

Англиските медиуми денеска објавија дека фудбалерот на Манчестер Сити, Џон Стоунс е под голем знак прашалник за настап на првиот меч на Англија на ЕП 2024 против Србија во недела.

Стоунс го пропушти тренингот на Англија вчера, откако од националниот тим објавија дека тој е болен. Има загриженост дека станува збор за некаква повреда, но сепак станува збор за грип.

Според англиските весници, Стоунс бил затворен во неговата соба и ефективно ставен во карантин, за да се спречи ширењето на болеста на остатокот од тимот.