фудбал

Ди Марија се врати во матичниот Розарио

Прославениот аргентински фудбалер Анхел Ди Марија, ќе се врати во Росарио Централ, клубот во кој ја почна својата трофејна кариера, објави денеска аргентинскиот клуб.

37-годишниот Ди Марија настапуваше за Росарио од 2005 до 2007 година, по што се пресели во Европа и со Бенфика, Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ и Јувентус освои вкупно 30 трофеи.

Ди Марија ќе игра за Бенфика на претстојното Светско клупско првенство, по што ќе се врати во Росарио.


Анчелоти: Заминав од Реал заради слабата сезона

Доскорешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во денешното интервју за весникот „Марка“ изјави дека го напуштил клубот поради резултатите кои биле под очекувањата. Доскорешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во денешното интервју за весникот „Марка“ изјави дека го напуштил клубот поради резултатите кои биле под очекувањата, а потоа го презел Бразил бидејќи станува збор за „најдобрата репрезентација на светот“.

„Резултатите не беа онакви какви што очекувавме. Ниту перформансите на тимот не беа добри. Време беше да се направи нешто. По натпреварот против Арсенал, разговаравме за тоа и одлучивме. Тоа беше нешто што можевме да го предвидиме. Тимот не играше добро и тогаш сите сфативме дека е најдобро Реал Мадрид да бара нов тренер, а јас да се осврнам на Бразил“, рече 65-годишниот Анчелоти во петокот во Бразил.

Реал Мадрид загуби во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Арсенал со вкупен резултат од 1-5, не успевајќи да ја одбрани титулата, а тоа не им успеа ниту во шпанското првенство и Купот на кралот.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто се одлучил за селекторската улога во Бразил, италијанскиот стратег рече дека одлуката била лесно да се донесе.

„Лесно е. Ова е најдобрата репрезентација во светот. Не го велам јас тоа, туку петте ѕвездички на дресот. Ниту една друга репрезентација не може да се спореди со нејзиниот статус. Сега предизвикот е јас да ја освојам шестата титула светски шампион“, наведе Анчелоти.


Шчесни добива уште една година во Барса

Голманот на каталонскиот гигант Барселона за медиумите во Полска истакна дека се договорил со раководството на Барса да ја продолжат соработката најмалку за уште една година.

Познато е дека Шчесни во Барселона дојде да биде резерва откако се повреди Тер Штеген, но набрзо не само што стана прв голман туку беше и еден од клучните фактори во тимот на Ханси Флик за освојување на трие трофеи сезонава.

“Да, се договорив со Барса. Ќе потпишам едногодишен договор со опција за уште една сезона“ истакна Шчесни.


Реми на женската фудбалска репрезентација во Рига за крај на Лигата на нации

Женската репрезентација на Македонија одигра нерешено, 1-1 против селекцијата на Летонија во рамките на последното коло од групата 6, сегмент Ц во рамките на Лигата на нации.

Нашата репрезентација долго време беше во предност, откако рано во 16. минута Меијер постигна гол за предност од 1-0. Севцова во 65. минута го израмни резултатот.

Македонија заврши последна во групата со само еден освоен бод.


Костадинов: Мотивирани сме секогаш кога играме за Македонија

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Тихомир Костадинов, изјави дека Македонија пред себе има исклучително важни натпревари во мундијалските квалификации и очекува максимален пристап од сите во екипата за пресметките против Белгија (6. јуни, Скопје) и Казахстан (9. јуни, Астана).

„Се фокусираме на максимален пристап против Белгија, ќе бидеме подготвени. Имаме малку повеќе време за подготовка и треба да го искористиме. Сфаќаме дека играме два многу важни меча во квалификациите. Свесни сме дека испуштивме важни два бода на натпреварот со Велс, но продолжуваме и мора да гледаме напред. Мотивирани сме секогаш кога играме за Македонија, без оглед на заморот и повредите.

Селекторот бара да сме максимално ангажирани. Ги анализираме двата противници и знаеме против кого се соочуваме. Многумина мислат дека Белгија сега е послаба селекција, но тие отсекогаш имале фантастични фудбалери и претставуваат сила во светски рамки“.


Џон Елкан најави големи промени во Јуве

Претседателот на Јувентус, Џон Елкан, планира да направи голема реконструкција во раководниот дел на клубот а прв на удар е спортскиот директор, Кристијано Џунтоли.

Се очекува и Матео Тоњоци да се врати кај „старата дама“ и да ја раководи мрежата на скаути. Поранешниот дефанзивец на клубот од Торино, Џорџо Кјелини, би можел да добие нова улога.

Се претпоставува дека Игор Тудор ќе остане на тренерската позиција откако успеа да го однесе тимот во Лигата на шампионите.


Реал го официјализира Трент, плати 10 милиони за да игра на Светското клупско првенство

Долго најавуваниот трансфер сега е дефинитивно комплетиран. Реал Мадрид го потпиша Трент Александар-Арнолд. Ливерпул, и покрај тоа што не го продолжи договорот со Арнолд успеа да заработи бидејќи тој ќе му се приклучи на Реал еден месец пред истекот на договорот.

Желбата на Реал беше да го има во составот десниот бек за натпреварите на Светското клупско првенство. За да си ја оствари желбата „кралскиот клуб“ на Ливерпул му плати 10 милиони евра.

Со ова, Реал покажа сериозна намера да го нападне трофејот, во сезона во која остана без трите најважни трофеи.


Мареска го доби првото засилување, Делап пристигна во Челзи

Фудбалерот на Ипсвич Таун, Лиам Делап, ќе стане првото засилување на Челзи пред сезоната 2025/26.

Ипсвич веќе информирал голем број други заинтересирани клубови дека Делап ја избрал следната станица во својата кариера. Британски „Атлетик“ објави дека напаѓачот се сели во Челзи.

Делап има откупна клаузула во договорот со Ипсвич вредна 30 милиони фунти, која стапи на сила во моментот кога стана јасно дека тимот на Киран Мекена ќе се врати во Чемпионшип.

Челзи веќе го информирал Ипсвич дека ќе ја активира клаузулата, а договорот со Делап во принцип е веќе на сила.

Овој 22-годишен напаѓач, минатото лето се пристигна во Ипсвич, кога го напушти Манчестер сити.

Англичанецот постигна 12 гола во Премиер лигата оваа сезона, додека сите негови соиграчи постигнаа вкупно 21 гол.

Само Мохамед Салах (Ливерпул), Бруно Фернандес (Манчестер јунајтед) и Александар Исак (Њукасл) се директно одговорни за повеќе голови на својот тим од Делап.

Делап претходно работеше со тренерот на Челзи, Енцо Мареска, токму во Манчестер сити. Исто така, како член на „Граѓаните“, тој го делеше теренот со идните соиграчи: Кол Палмер и Ромео Лавија.

„Сините“ неодамна ја освоија Лигата на конференции на УЕФА, а следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.


Милан потврди, Алегри се враќа на „Сан Сиро“ по 11 години

Фудбалскиот состав на Милан, потврди дека нов тренер ќе биде Масимилијано Алегри. Тој ќе го замени Португалецот, Серџо Консеисао.

Трофејниот италијански стартег ги предводеше „росонерите“ во периодот од 2010 до 2014 година кога ја освои и шампионската титула во Серија А.

Тој треба да остане на стадионот – „Сан Сиро“ во наредните две години. Во договорот ќе има и клаузула за евентуално продолжување на соработката за уште една сезона.


Габриел Магаљаеш доби нов договор на „Емирати“

Габриел Мaгаљаеш треба да потпише нов и побогат договор со Арсенал, објавија британските медиуми. Бразилскиот репрезентативец пристигна во Арсенал во летото 2020 година од Лил за 26 милиони евра, а неговиот актуелен договор важи до јуни 2027 година.

Проблемот е што Габриел е меѓу помалку платените играчи во клубот, заработува околу шест милиони евра по сезона. Арсенал реши да реафира бидејќи сериозен интерес за Бразилецот покажал Ал-Наср.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, сака по секоја цена да ги задржи клучните играчи, а стоперскиот пар Габриел и Вилијам Салиба е столб на одбраната.

Иако игра како дефанзивец, Габриел е доста ефикасен во нападот. Оваа сезона постигна пет гола и имаше три асистенции во сите натпреварувања.

Во својата кариера играше и за Динамо Загреб. Тоа беше од февруари до јуни 2018 година.