фудбал

Рашфорд на чекор до „Вила парк“

Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед ќе замине на позајмица во Астон Вила, пренесува Фабрицио Романо. Англискиот напаѓач е отпишан од доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим и не играше во последните два месеци. Астон Вила ќе го позајми Рашфорд, а Јунајтед ќе покрие дел од неговата плата. Клубовите во моментов преговараат за откупна клаузула.

Рашфорд е играч на Јунајтед, а оваа сезона има седум гола и три асистенции на 24 настапи. На 426 натпревари за Јунајтед постигна 138 голови и 63 асистенции.

Според „Трансфермаркт“, Рашфорд вреди 55 милиони евра, а неговиот договор со Јунајтед е до летото 2028 година. Заработува околу 18,5 милиони евра по сезона.


Хет-трик на Вуд, „шумарите“ му дадоа седум гола на Брајтон

Нотингем Форест експресно се рехабилитира од дебаклот (5-0) кај Бортнмут во минатото коло. „Шумарите“, во првиот меч од 24.рунда во Премиер лигата, го декласираа Брајтон. Во победата 7-0, Крис Вуд постигна хет-трик, Ентони Еланга забележа три асистенции, а Морган Гибс-Вајт постигна гол, забележа асистенција и избори пенал.

Нотингем Форест за 30 минути го декласира Брајтон. „Шумарите“ ја забележаа 14. победа во сезоната, благодарение на напаѓачот од Нов Зеланд, Крис Вуд, кој во 34. година од животот ја игра најдбрата сезона во кариерата.

Вуд во 24. рунди постигна 17 гола. На листата најдобри стрелци се изедначи со Александер Исак од Њукасл. На првите две места се Ерминг Халанд (18) и Мохамед Салах (19).

Дека на Брајтон лошо му се пишува го најави авто голот на капитенот Данк во 12.минута. Гибс-Вајт го зголеми водството во 25., а Вуд го постигна првиот од трите гола во 32.минута.

Во второто полувреме Вуд го комплетира хет-трикот со головите во 64. и 70.минута. Во финишот на натпреварот уште два гола Вилијамс во 89.минута и Жота во 91.минута.


Доргу пристигна на потпис во Манчестер Јунајтед

Дефанзивецот на Лече, Патрик Доргу утринава отпатува за Манчестер, каде ќе ги помине медицинските тестови пред официјално да потпише со Манчетсер Јунајтед.

Вчера стана јасно дека двата клуба се договориле за сите параметри на зделката и се очекува трансферот да стане реалност за неколку часа.

Трансферот на Доргу е околу 30 милиони фунти, оваа сума не ги вклучува понудените бонуси.

Данецот ќе стане второто ново засилување за „црвените ѓаволи“ во текот на зимскиот преоден рок. Претходно Јунајтед го објави потписот со дефанзивецот Ејдан Хевен од Арсенал.


Бенфика сака да го позајми Маласија од Манчестер Јунајтед

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Тајрел Маласија, ќе се приклучи на Бенфика. Двата клуба се во напредни преговори за позајмица на холандскиот лев бек.

25-годишниот фудбалер се согласи да се пресели во лисабонските „орли“, каде ќе може да добие поголема минутажа.

Маласија се опоравува од тешката повреда речиси година и половина. Оваа сезона има 9 натпревари за „црвените ѓаволи“.

Холанѓанецот дојде на „Олд Трафорд“ во летото 2022 година од Феенорд.


Познат терминот за прекинатиот натпревар Фиорентина – Интер

Натпреварот од 14. коло од Серија А помеѓу Фиорентина и Интер, кој започна но беше прекинат поради губење на свеста на играчот на Виолетовите, Едоардо Бове, ќе се одигра во четврток, 6 февруари, во 20:45 часот. Ова беше објавено на веб страната на Фиорентина.

Исто така е објавено дека натпреварот ќе продолжи од 17. минута со истите состави и истата играчка ситуација која постоеше во моментот на прекинот.

Да потсетиме, во 16. минута, играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове колабираше на теренот, по што на теренот излегоа лекарски екипи од двата тима и почнаа да му пружаат лекарска помош на играчот. Бове потоа на носилки бил однесен во амбулантно возило, а судијата ги повлече играчите од теренот, за потоа средбата да биде прекината..


Претставена топката за првиот Мундијал за клубови на ФИФА

Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА ) и компанијата за спортска облека „Адидас“ ја претставија официјалната топка што ќе се користи на натпреварите од Светското клупско првенство во 2025 година.

На Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година ќе учествуваат 32 екипи кои ќе претставуваат шест различни федерации.

На турнирот ќе настапат: Челзи, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус, Атлетико Мадрид, РБ Салцбург, Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе, Ботафого, Ривер Плата, Бока Јуниорс, Монтереј, Сиетл Саундерс, Леон, Пачука, Интер Мајами, Ал Хилал, Урава Ред Дајмондс, Ал Аин, Улсан Хјундаи, Оукленд Сити, Ал Ахли, Вајдад, Есперанс, Мамелоди Сандаунс.

Турнирот ќе се одржи во САД од 15 јуни до 13 јули


Роналдо собори уште еден рекорд: Победи на 700 клупски натпревари

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо стана првиот играч во историјата кој победил на 700 натпревари на клупско ниво, пренесе „Марка“.

Роналдо има 13 победи за Спортинг Лисабон, 214 за Манчестер Јунајтед, 316 за Реал Мадрид, 91 за Јувентус Торино и 66 пати триумфирал со Ал-Наср.

Офанзивниот фудбалер го постигна својот 921 гол во кариерата. Од нив, тој има постигнато 786 гола против противници на клупско ниво и уште 135 за португалската репрезентација.

Договорот на Роналдо со Ал-Наср е до летото 2025 година. Според порталот „Трансфермаркт“, пазарната вредност на играчот е 12 милиони евра.


Манчестер Јунајтед договори голем португалски талент

Младата португалска фудбалска ѕвезда, 17-годишниот Жеовани Квенда, треба да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, јавуваат британските и португалските медиуми.

„Чудото од дете“, како што Португалците го нарекуваат младиот човек роден во Гвинеја Бисао, за 50 милиони евра треба да се пресели од Спортинг во Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ го следеле Квенда уште пред да пристигне поранешниот тренер на Спортинг, Рубен Аморин на „Олд Трафорд“.

„Тој е многу талентиран, многу зрел и ја разбира играта како возрасен“, изјави Аморим.

Квенда се појави на сите првенствени натпревари на Спортинг оваа сезона, постигнувајќи два гола и додавајќи шест асистенции во сите натпреварувања.


Нејмар по дванаесет години се врати во Сантос

Нејмар, по дванаесет години се врати во својот матичен клуб Сантос, каде што ја започна кариерата. Летото 2013 година направи трансфер во Барселона.

По Барселона играше во ПСЖ и Ал Хилал.

Сантос го пречека својот херој на спектакуларен начин. Навивачите ги исполнија трибините на стадионот „Вила Белмиро“.

Над 15.000 фанови го пречекаа својот „син“, кој не можеше да ги сокрие емоциите и солзите радосници.

Патем, верувале или не, Нејмар во првиот мандат во Сантос до својата 21 година одигра 225 натпревари, постигна 136 гола и забележа 64 асистенции, што значи дека учествувал во точно 200 гола за првиот тим.


Гави доби договор до 2030 година во Барса

Барселона на најдобар можен начин го заврши долгиот јануари. Сите знаеме колку турбулентно започна со случајот Дани Олмо, кој на крајот беше решен во корист на Барса, но тоа беше само почеток на зимското лудило.

Со потписот на Олмо, Барса по пет години успеа да се врати во нормала, а потоа го скрши Реал Мадрид и го освои шпанскиот Суперкуп. Барса заврши на второто место во групната фаза од Лигата на шампионите и го чека својот ривал во осминафиналето, а потоа за крај дојде најважното.

Роналд Араухо потпиша нов повеќегодишен договор минатата недела, Педри во четвртокот, а Гави денеска. Гави и официјално го продолжи договорот до 2030 година, до која Педри потпиша ден претходно, додека капитенот Араухо е „заклучен“ до 2031 година.

Навивачите на Барса веруваат дека јануари не можеше да биде подобар, иако досега не е доведено ниту едно засилување.