фудбал

Македонија го декласира Лихтенштајн и се врати на врвот на групата

Нашите најдобри фудбалери забележаа сигурна и очекувана победа против Лихтенштајн и се вратија на првото место во квалификациската групата Ј за пласман на Светското првенство во 2026 година.

На Арената во Скопје избраниците на селекторот, Милевски, беа подобар противник во сите 90 минути и заслужено прокнижија нови три бода. Головите за нашата селекција ги реализираа: Елмас, Барди, Чурлинов, Ќамили и Станковски.

Македонија в пресрет на гостувањето кај Белгија закажано на 10 октомври, ја има челната позиција на табелата со 11 бодови пред Велшаните со 10.


Наполи веќе му одреди клаузула на Хојлунд

Eкипата на Наполи летово го доведе данскиот напаѓач од Манчестер јунајтед на позајмица, а во него има и клаузула со која клубот од Неапол автоматски ќе го откупи за 44 милиони евра, ако се исполнат одредени услови.

Италијанските медиуми сега откриваат и дека во случај тој да потпише перманентен договор со Наполи во него е договорена и откупна клаузула.

Клаузулата би можела да се активира од 2027 година и тоа за сума од 85 милиони евра.


Челзи по секоја цена сака да го раскине договорот со Стерлинг

Рахим Стерлинг би можел предвреме да ја заврши својата епизода во Челси, откако раководството на клубот започнало преговори со неговиот менаџер за прекин на договорот. Англичанецот не успеа да најде нов ангажман во летниот преоден рок и остана во Лондон, што не е во интерес на ниту една страна.

Англиските медиуми пренесуваат дека „сините“ му понудиле 10 милиони евра на Стерлинг како обештетување за раскин на договорот, кој инаку важи до 2027 година. Со тоа 29-годишниот напаѓач би добил можност како слободен играч да си избере нов клуб и во исто време да инкасира сериозна сума.

Според сегашниот договор, Стерлинг до 2027 година треба да заработи околу 30 милиони евра, но наводно е подготвен да се согласи на спогодбен раскин за да си отвори ново поглавје во кариерата.


Сиљановски позајмен од Пелистер на Новаци

Андреј Сиљаноски е ново име за екипата на Новаци, а таму ќе настапува како позајмен фудбалер.

Младиот 18-годишник во потрага по минутажа и собирање потребно искуство замина од Пелистер на помош во локалниот тим кој настапува во Втората македонска фудбалска лига. Сиљаноски во Новаци ќе биде на едногодишна позајмица.

Досега Сиљаноски за првиот тим на пелистерци забележа 12 официјални настапи од кои 11 беа во ПМФЛ и еден во Купот на Македонија.


ПСЖ без двата најдобри напаѓачи цел септември

Француската репрезентација ја оправда улога на фаворит и ја победи Украина со резултат од 0-2, но остана без двајца играчи.

Селекцијата предводена од клупата од Дидие Дешан нема да може да смета на Усман Дембеле и Дезире Дуе исто како и нивниот клуб ПСЖ.

Дембеле имаше проблеми со повредата пред да и се приклучи на репрезентацијата, а ја обнови дури против Украина. Сега се проценува дека ќе мора да паузира шест недели.

Слична пауза го очекува и Дуе. Младиот напаѓач ќе биде надвор од терените во следните четири недели, а сето ова се случува пред почетокот на Лигата на шампионите, натпреварувањето каде ПСЖ го брани тронот.

Дембеле беше напаѓачки лидер на ПСЖ и минатата сезона, а се предвидува дека ќе биде таков и оваа сезона. Од друга страна, Дуе е новата млада ѕвезда на францускиот фудбал, меѓутоа, двајцата сега ќе мора да земат непланиран одмор.


Аканџи откри зошто замина од Сити

Мануел Аканџи одигра важна улога во тимот на Пеп Гвардиола минатата сезона, сепак во финишот на преодниот рок тој замина на позајмица во Интер. Минатата сезона имаше 40 настапи во сите натпреварувања за Манчестер Сити. Иако немаше статус на играч кој секогаш е во почетниот состав, тој остана важен дел од системот на „Граѓаните“.

Ова лето се соочи со ситуација што не ја очекуваше. Пеп Гвардиола нему и на останатите дефанзивци отворено им ги открил плановите.

„Шестмина бевме на позцијата централен дефанзивец. Тој јасно ни даде до знаење, дека двајца ќе играат, двајца ќе бидат на клупата и дека ќе биде тешко за другите. Тоа не беше убаво да се чуе, бидејќи секогаш очекувам да бидам на теренот“, рече Аканџи на прес-конференцијата по пристигнувањето во Милано.

„Сè уште ми е тешко да разберам дека одеднаш повеќе не сум дел од семејството на Сити, иако некако сè уште се чувствувам така. Сè се случи толку брзо, моето семејство и јас се чувствувавме многу удобно во Манчестер и дефинитивно ќе ни недостига животот таму“, призна Аканџи.

Верува дека добрите игри би можеле да го вратат во Сити: „Факт е дека сум на позајмица, па теоретски враќањето е можно“, заклучи тој.


Ќосевски и Струга се разделија на крајот од преодниот рок

Струга и голманот Ведран Ќосевски спогодбено ја прекинаа соработката иако договорот важеше до јуни 2027 година.

Искусниот 30-годишен чувар на мрежата вторпат го напушта таборот на стружани, каде што мина вкупно три сезони. Во актуелната конкуренцијата ја изгуби првотимската улога од италијанецот Марко Ангелети, кој стана прв избор на тренерот.

Клубот преку официјалната страница му се заблагодари на Ќосевски за придонесот.

Голманот кариерата ја започна во Железничар, а потоа бранеше за Вележ. Од 2022 до 2024 беше дел од Струга, по што замина во иранскиот Естеглал. Минатото лето се врати кај стружани, но сега повторно си заминува во потрага по нов предизвик.


Онана ќе го облече дресот на Трабзонспор

Рубен Аморим одлучи да не смета на Андре Онана во овој преоден рок, но откако преодниот рок заврши во најсилните првенства, тој остана во клубот.

Сепак, како што стојат работите сега би можел да пронајде нова средина и тоа во Турција бидејќи наводно екипата на Трабзонспор е блиску до договор со Манчестер јунајте.

Тимот од Трабзон претходно беше поврзуван и со македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, меѓутоа според познатиот новинар Фабрицио Романо во седумкратниот турски шампион се одлучиле за Онана.


Шкупи се засили со Мурати од Осогово

Иако се наоѓа во вистинска криза, Шкупи успеа да претстави ново засилување во своите редови. Клубот од Чаир го донесе Нешат Мурати, кој пристигнува од Осогово.

Летово во клубот пристигнаа повеќе фудбалери, но дел од нив веќе си заминаа поради проблемите кои ги имаше Шкупи со регистрацијата.о. Сепак, и во такви услови, Мурати одлучи да продолжи на Чаир.

Што се однесува до резултатите, Шкупи е единствениот тим во првенството кој по четири кола нема освоено ниту еден бод. Дополнителен проблем претставува и фактот што клубот сè уште нема стадион за домашни натпревари, бидејќи стадионот во Чаир не ги исполнува условите за користење на ВАР технологијата.

Во својата кариера, новиот член на чаирчани беше дело уште од Шкендија, Арсими, албански Кукеси, како и за хрватските клубови Дугопоље, Сегеста Сисак и Крк.


Се повредија Дембеле и Дуе, виси нивниот настап против Барса

Paris Saint-Germain’s French forward #10 Ousmane Dembele celebrates after scoring PSG’s first goal during the French L1 football match between Paris Saint-Germain (PSG) and AS Saint-Etienne at the Parc des Princes Stadium in Paris on January 12, 2025. (Photo by FRANCK FIFE / AFP)

Актуелниот европски шампион ПСЖ се соочува со сериозни проблеми пред почетокот на новата сезона од Лигата на шампионите. Во последните неколку дена, Дембеле се повреди, а тренерот Луис Енрике имаше несреќа со велосипед во која се повреди, сега пристигна информација дека ќе паузира уште еден фудбалер.

Шпанскиот стратег при падот ја скрши клучната коска, па ќе мора да оди на итна операција. Покрај Дембеле за кого претходно беше објавено дека ќе паузра околу месец ипол, сега пристигна вст и за повреда на Дезире Дуе и тој ќе биде надвор од терените околу четири недели поради повреда на листото.

Во Лигата на шампионите ПСЖ на 1 октовмри ќе се соочи со Барселона за која Дембеле сигурно нема да биде во конкуренција за настап, доека Дуе останува под знак прашалник.

Ситуацијата со Енрике засега не е позната и не се знае кога би се вратил на клупата.