фудбал

Ливерпул испратил понуда за Де Брујне

Водечкиот италијански фудбалски инсајдер Џанлука Ди Марцио вечерва објави сензационална вест. Тврди дека Кевин Де Брујне, покрај бројните понуди од Блискиот Исток и САД, има и две „жешки“ понуди од Европа, една од Наполи и една од Ливерпул.

Всушност, Ди Марцио се фокусираше на интересот на Наполи, кој изгледа дека ќе го освои скудетото оваа сезона во голема мера затоа што ја искористи катастрофалната проценка на Манчестер Јунајтед и го потпиша предвреме отпуштениот Скот Мектомини.

Де Брујне има 33 години, што во модерниот фудбал не значи многу, особено не во Серија А.


Челзи спремен да понуди нов договор на Моисес Каиседо

Според Фабрицио Романо, Челзи е подготвен да разговара за нов договор со подобри услови за Каиседо. Поради неговите извонредни перформанси оваа сезона, Челзи е спремен да го награди еквадорецот.

Каиседо ги има стартовано сите 35 натпревари на Челзи во Премиер Лигата оваа сезона и тој ја освој наградата за најдобар играч во клубот. 
 
Сегашниот договор на Каиседо истекува 2031 година, но клубот сака да го поврзе со продолжен договор на сличен начин како договорите потпишани од Кол Палмер и Николас Џексон во 2024 година. 
  
Саудискиот клуб Ал-Наср, наводно, го идентификувала Каиседо како нивна главна цел за летниот прозор и Челзи сака да стави крај на шпекулациите за преселба со финализирање на нов договор. 


Паладино потпиша нов договор со Фиорентина

Екипата на Фиорентина и официјално соопшти дека тренерот Рафаеле Паладино ќе остане на кормилото на тимот до 2027 година. Од клубот од Фиренца информираа дека ја активирале клаузулата за продолжување на договорот со младиот стратег до 30 јуни 2027 година.

Официјализацијата на продолжената соработка доаѓа во пресрет на важниот реванш дуел од полуфиналето во Конференциската лига, каде „виолетовите“ на домашен терен ќе се обидат да ја надоместат минималната негатива од првиот натпревар против Бетис (1:2).

Фиорентина моментално се наоѓа на осмата позиција во Серија А со 59 освоени бодови, и продолжува да се бори за пласман во Европа и следната сезона.

Паладино, кој има 41 година, ја презема Фиорентина минатата година, по своето деби како тренер на Монца во периодот од 2022 до 2024 година. Под негово водство, тимот доби нова енергија и амбиција, а управата очигледно верува дека токму тој е човекот кој може да ја води Фиорентина кон нови успеси.


Тимбер и Калафиори достапни за Арсенал во вториот полуфинален натпревар против ПСЖ

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека Јуриен Тимбер и Рикардо Калафиори ќе бидат во конкуренција да се соочат со Пари Сен Жермен вечерва. 
 
Тимбер го пропушти поразот на Емиратите од Борнмут поради удар, додека Калафиори не е достапен од март поради повреда на коленото. Двајцата дефанзивци успешно го завршија последниот тимски тренинг пред натпреварот. 

Тимбер е одличен во позицијата на десен бек оваа сезона и неговото присуство ќе биде многу потребно во Париз. Кога е достапен, Калафиори исто така импресионира и е еден од најдобрите леви бекови во Премиер Лигата. 

Нивното враќање доаѓа во совршено време. На Арсенал ќе му треба сета помош што може да ја добие, доколку сака да направи пресврт на Паркот на Принцовите. 


Лос Анџелес или Клуб Америка ќе го пополнат местото на Леон на СКП

Жалбата на Клуб Леон е одбиена, клубот од Мексико нема да настапи на новото Светско клупско првенство, а на негово место ќе биде еден од Лос Анџелес ФК и Клуб Америка.

Судот за спортска арбитража пресече, ја одби жалбата на Клуб Леон, па клубот од Мексико нема да настапи на Светско клупско првенство.

Изминатиов период се говореше дека европски гигант, како Барселона, Арсенал или Ливерпул може да добие покана за да се појави на новиот турнир што летоска ќе се одржи во САД, но ФИФА има други планови.

Светската куќа на фудбалот ќе организира плеј-оф натпревар помеѓу последните шампиони на Лига Мексико и МЛС, односно Клуб Америка и Лос Анџелес ФК, и победникот од овој меч ќе бие последниот учесник на Светското клупско првенство.


Гундоган сака да биде асистент на Пеп кога ќе ја заврши играчката кариера

Поранешниот капитен на германската репрезентација, Илкај Гундоган, би сакал да започне тренерска кариера како помошник на Пеп Гвардиола, но тоа ќе се случи за неколку години бидејќи планира да ја продолжи својата натпреварувачка кариера.

„Чувствувам дека сè уште уживам во фудбалот – не само уште една година, туку барем две години, можеби дури и три или четири години. Но, веќе размислувам за тоа што е следно. Не се плашам од овие мисли, тоа е повеќе исчекување. Но, моето тело сè уште е добро“, изјави 34-годишниот играч од средниот ред на Манчестер Сити за „Спорт Билд“.

Тој сè уште не разговарал за можна соработка со менаџерот на Сити, Гвардиола.

-Да бидам помошник тренер на Пеп би ми било исклучително привлечно, додаде Гундоган.

Договорот на Гундоган со Сити неодамна беше автоматски продолжен до 2026 година.


Интер Мајами се откажа од ангажман на Кевин де Брујне

Интер Мајами се откажа од правото да започне преговори со играчот на Манчестер сити, Кевин де Брујне.

Би-Би-Си објави дека Интер имал ексклузивно право да преговара со Де Брујне во рамките на МЛС лигата, доколку белгискиот фудбалер одлучи да ја продолжи кариерата во Америка.

Тимот од Мајами имаше рок до средината на јули да одлучи дали сака да го потпише Де Брујне, но извор близок до клубот изјави дека раководството на Интер се откажало од таа опција.

Првиот следен клуб од МЛС кој сега има право да започне преговори со белгискиот интернационалец е Чикаго.

Договорот на Де Брујне со Манчестер сити истекува на 30. јуни оваа година.

Тој во април објави дека ќе го напушти англискиот клуб на крајот од сезоната.

Белгиецот освои 16 трофеи за десет години во Сити, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и трофејот од Лигата на шампионите во 2023 година.


Навивачите на Ливерпул незадоволни со коментарите од Микел Артета за освоената титула

Ливерпул официјално беше крунисан шампион на Премиер Лигата по комотната победа од 5-1 над Тотенхем минатиот месец, со само 82 бода на таблата. За споредба, Арсенал собра 89 бодови минатата сезона и 84 претходната, и двете кампањи завршија со разочарување бидејќи Манчестер Сити ја освои титулата над нив. 

Артета ја сподели својата перспектива за предизвикот на освојување трофеи и рече: „Ќе се обидеме да успееме оваа сезона. Освојувањето трофеи е да се биде во правиот момент, на правото место. Ливерпул ја освои титулата со помалку поени одколку што ние имавме во минатите сезони. Со бодовите од последните две сезони, би имале две титули во Премиер Лигата.

Под водство на Арсен Венгер, Арсенал беше вториот омилен тим за многу љубители на фудбалот, нивниот слободен стил на игра ги привлече неутралните. 
 
Сегашниот тим и менаџмент на Топџиите не може да биде подалеку од тоа, со менаџер кој покажува чудно чувство на самодоверба и покрај тоа што има освоено само еден ФА Куп за повеќе од пет години во клубот. 
 
Се очекуваше оваа сезона да ја освојат лигата поради падот во форма на Манчестер Сити, наместо нив, Ливерпул ја освој титулата и е најдобар тим во Англија, нешто што Артета се чини дека го негира. 


Арсенал веројатна дестинација за Виктор Ѓокереш

Разочарувачката форма на Арсенал му овозможи на Ливерпул да ја освој титулата во Премиер Лигата, а расположението ќе биде мрачно во лондонскиот клуб доколку не успеат да ја освојат и Лигата на Шампиони. 
 
Навивачите очекуваат скапо лето. Веројатно е главен приоритет на новиот спортски директор Андреа Берта да биде напаѓач со висок квалитет. Арсенал беше поврзан со играчи како Александер Исак, Бенџамин Шешко и Хуго Екитике, но се вели дека Ѓокереш од Спортинг е приоритетна цел на директорот. 

Новинарот Флоријан Плетенберг потврди на социјалните мрежи дека Берта се труди да го купи швеѓанецот ова лето, додавајќи дека Баерн Минхен се повлече од трката поради финансиски проблеми. Се очекува швеѓанецот да го напушти Спортинг за некаде помеѓу 60 и 70 милиони евра ова лето. 
 
Иако Баерн е надвор од трката, головите и асистенциите на Ѓокереш во португалската лига и Лигата на Шампиони го имаат привлечено вниманието и на други европски гиганти кои ќе се борат за да го добијат 26-годишниот напаѓач. 
 
Имаше многу фактори кои ја предизвикаа слабата форма на Арсенал во англиската лига оваа сезона, вклучувајќи ги и повредите, но исто така постои чувство дека на Топџиите едноставно им треба супериорен талент во нападот. На Ѓокереш можеби му недостига искуство, но сигурно може да понуди голови, со оглед на фактот дека има постигнато 96 голови во 99 настапи за Спортинг. 


Ханси Флик и Педри ги споделија своите фрустрации околу судењето на вчерашниот натпревар

Ханси Флик ги критикуваше судиите на натпреварот откако неговиот тим беше поразен од Интер во полуфиналето од Лигата на Шампионите, но јасно изјави дека е горд на своите играчи за сите нивни напори во утакмицата. 
 
Уште еден возбудлив натпревар помеѓу двете страни заврши со победа на Аѕурите од 4-3, со што се комплетира вкупната победа од 7-6. 
 
Натпреварот имаше голем број контроверзни одлуки, а Флик почувствува дека сите маргинални одлуки одеа во корист на Интер. 
 
„Разочаран сум, но не од играчите или нивните перформанси. Тие дадоа сè од себе, и тоа е она што е. Ние одпаднавме, но следната година ќе се обидеме повторно и ќе се обидеме да го усреќиме целиот клуб и навивачите“, изјави тој за медиумите. 
 
„Интер извонредно игра. Тие се бранат одлично и имаат добри напаѓачи. Ја чуваат топката, имаат добри автоматски механизми. 
 
„Не сакам да зборувам премногу за судијата, но мислам дека секоја одлука од 50-50 што ја носеше беше за нив. Тоа е фудбалот, мора да го прифатиме. 
 
„Размислувам за судиските одлуки, но не сакам да зборувам за тоа. Не е фер кон мојот тим, кој играше одлично. Не ми се допаѓа да зборувам за судијата. Му кажав што мислам, но нема да го кажам тоа овде“. 

Педри се согласи со забелешките на неговиот менаџер и изјави: „Не е прв пат тоа да се случи со овој судија и според мене УЕФА треба да ја разгледа ситуацијата со него… има многу работи кои што сакам да ми бидат објаснати”.