фудбал

Вилфред Канга го засили Динамо Загреб

Динамо Загреб најде центарфор за пролетниот дел од сезоната, а тоа е Вилфрид Канга од Брегот на Слоновата Коска.

Станува збор за напаѓач на Херта кој е на позајмица во Кардиф. Тој треба да потпише тригодишен договор со Динамо.

Неговата вредност според „Трансфермаркт“ е околу 3,5 милиони евра, тој е класичен напаѓач, висок 189 сантиметри, а го опишуваат како силен и брз.

Целата зделка ќе го чини Динамо околу три милиони евра, откако Извршниот одбор на клубот даде зелено светло за реализиција на трансферот.

Очигледно Динамо сакаше да го донесе Канга на позајмица, но напаѓачот сакаше комплетен трансфер.

Работите не му одеа најдобро во Кардиф во есенскиот дел од сезоната. Одигра 15 натпревари, но само на почетокот беше во стартниот состав, а потоа доби мала минутажа.

Во текот на кариерата, покрај за Кардиф и Херта, играше и за Јанг Бојс, Стандард, Анже, Кајзериспор.


Адејеми е нова желба на Конте и Наполи

LONDON, ENGLAND – JUNE 01: Karim Adeyemi of Borussia Dortmund reacts during the UEFA Champions League 2023/24 Final match between Borussia Dortmund and Real Madrid CF at Wembley Stadium on June 01, 2024 in London, England. (Photo by David Ramos/Getty Images)

Челнивите на Наполи се заинтересирани за крилниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, објавија дел од медиумите на „Чизмата“.

Италијанците сакаат да го ангажираат крилниот напаѓач во текот на месецов но, тешко е да се постигне договор бидејќи „милионерите“ ќе бараат голема сума.

Договорот на Адејеми со германскиот тим е до 2027 година. Тој во сезонава постигна 2 гола и направи 3 асистенции во Бундеслигата.


Коентрао уапсен заради нелегално одгледување на ракови

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и португалската репрезентација Фабио Коентрао е уапсен поради нелегално одгледување ракови, јавуваат португалските медиуми.

Коентрао, наводно, одгледувал повеќе од еден тон ракови, вклучувајќи јастози и ракчиња. Пред три години ја заврши фудбалската кариера и започна да се бави со рибарство.

„Татко ми секогаш имаше брод, секогаш беше во него. Таму се моите корени. Често одевме заедно, го засакав тоа. Кога и да имав време, кога и да бев на одмор, бев на море. Знаев дека кога ќе завршам со фудбалот дека ќе за заминавам со рибарство. Се чувствувам среќен на море, сакам да живеам таков живот, но тоа не е е работа како и секоја друга и треба да се почитува“, изјави неодамна Португалецот.

Со Реал Мадрид, Коентрао две ЛШ и две шампионски титули на Шпанија. Тој исто така крена трофеи како играч на Бенфика и Спортинг. Поранешниот лев бек на Реал Мадрид и португалската репрезентација одигра 106 натпревари за Реал Мадрид.


Будимир јунак, Осасуна ја симна круната на Атлетик Билбао

Актуелниот освојувач на шпанскиот кралски куп, Атлетик Билбао, оваа сезона е елиминиран во осминафиналето.

Атлетик на својот „Сан Мамес“ беше поразен од Осасуна со 2-3. Херој на тимот од Памплона е хрватскиот напаѓач Анте Будимир, кој вечерва со два гола ја замолкна популарната „Катедрала“ и го одведе својот тим меѓу осумте најдобри.

Осасуна им зададе тешки удари на домаќините на крајот од првото полувреме. Најпрво во 40. минута Аимар Ороз го постигна првиот гол, а четири минути подоцна Осасуна поведе со 2-0 со голот на Будимир од пенал.

Во судиското надополнување на првото полувреме, домашните успеаја да ја преполоват негативата. Ињаки Вилијамс нафрли, а неговиот брат Нико постигна голот кој ги врати во живот Баскијците.

Билбао успеа да израмни по десет минути игра во вториот дел кога погоди ветеранот Оскар Де маркос. Сепак конечниот удар на Атлетик му го зададе Будимир во 70.минута.

Пласман во четвртфиналето избори Реал Сосиедад кој го победи Рајо Ваљекано со 1-3.

Сосиедад поведе во 23. минута со голот на Микел Ојарзабал, а во судиското надополнување на првото полувреме Јон Андер Оласагасти зголеми на 0-2.

Во седмата минута од судиското надополнување Рајо ја намали негативата со голот од пенал на Оскар Трехо, но третиот гол на Серхио Гомез за Сосиедад во 79. минута ги реши сите сомнежи за победникот


Лапорта го убеди Араухо, ќе остане до јуни во Барса

Јувентус го очекуваше, но се чини дека ќе мора на друго место да го бара дефанзивец, бидејќи Роналд Араухо се предомислил и решил да потпише нов договор со Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Претседателот Жоан Лапорта, тренерот Ханси Флик и на крајот спортскиот директор Деко биле многу убедливи во нивната намера да го задржат уругвајскиот репрезентативец и да го одвратат од преселба во Јувентус.

Уругваецот, неговите агенти и Деко синоќа имаа многу конструктивна средба, дојдоа до решение и наскоро треба да се очекува и официјално продолжување на соработката.

Араухо е член на Барселона од 2018 година кога пристигна од Бостон Ривер за 4,7 милиони евра, а за Каталонците одигра 152 натпревари и постигна осум гола.

Гави, Педри и Џамал ​​треба да тргнат по стапките на Араухо. д


Шахин доби доверба, ќе остане на клупата на Борусија Дортмунд

Раководството на Борусија Дортмунд му даде доверба на тренерот Нури Шахин и покрај колебливите настапи на тимот оваа сезона.

-Нема да разговараме за тренерот, изјави спортскиот директор Ларс Рикен по поразот од Холштајн Кил со 2-4 во вторникот.

Сепак, поранешниот фудбалер и аналитичар на ТВ Скај, Дитмар Хаман, смета дека Шахин нема да остане предолго во клубот во услови на разочарувачка сезона.

-Победата на следниот натпревар на гости против Ајнтрахт Франкфурт ќе биде клучна за спасување на работата на Шахин, изјави Хаман.

Дортмунд победи само еднаш на осумте гостувања во досегашниот тек од сезоната.

-Борусија Дортмунд не е школа за тренери. Ако сакате да учите, мора да одите во втора или трета лига, рече Хаман.

Шахин, поранешен играч на Дортмунд, на почетокот на сезоната го замени Един Терзиќ. Ова е негова прва работа како тренер на професионална фудбалска екипа.


Џејден Филоџин ја замени Астон Вила со Ипсвич

Англискиот премиерлигаш Ипсвич, доцна синоќа објави дека потпишал договор со 22-годишниот крилен играч Џејден Филоџин. Станува збор за засилување кое доаѓа од Астон Вила.

Филоџин се врати ова лето во Астон Вила по трансферот во Хал Сити во 2023 година, но остана само половина сезона.

Според информациите, договорот кој Филоџин го потпиша со Ипсвич е со важност од 4,5 години.


Јуве доведе две засилувања: Потпишаа Коло Муани и Кошта

По Рандал Коло Муани, Јувентус го комплетираше и трансферот на португалскиот дефанзивец Алберто Кошта, кој во Торино дојде од Виторија Гимараеш.

Португалецот веќе е во Торино каде ќе ги мине лекарските прегледи и ќе ги заврши сите потребни формалности за потпишување договор со италијанскиот гигант. Истиот ден, Коло Муани ќе ја финализира својата преселба во Јуве и ќе се стави на располагање на тренерот Тиаго Мота.

Јувентус ќе и плати на Виторија 13 милиони евра за 186 сантиметри високиот централен дефанзивец, кој може да игра и како десен бек.

Кошта од почетокот на кариерата е во Виторија Гимараеш каде што се разви во еден од најперспективните дефанзивци во португалското првенство.


Арсенал го совлада Тотенхем и се доближи до Ливерпул

Фудбалерите на Арсенал брзо ја пребродија елиминацијата од Манчестер јунајтед од ФА купот, откако го совладаа Тотенхем со 2-1 во дербито на северен Лондон, во 21. коло од Премиер лигата. Со оваа победа Арсенал го скокна Нотингем Форест на второто место во поредокот. Со натпревар повеќе, Арсенал има четири бода помалку од лидерот Ливерпул.

И покрај тоа што играчите на Арсенал го контролираа поголемиот дел од натпреварот, Тотенхем поведе во 25. минута со голот на Сон. Тоа беше момент на инспирација за најдобриот јужнокорејски фудбалер кој билијантно погоди.

Арсенал се врати во живот во 40. минута кога Габриел ја погоди мрежата на Тотенхем а само четири минути подоцна, Леандро Тросар го режираше пресвртот.

Во вториот дел Арсенал имаше неколку шанси да го реши победникот, не ги искористија, па во 95.минута имаа среќа кога Педро Поро ја погоди стативата.


Серафимов: Можеби Унгарија е фаворит, но и ние имаше што да кажеме

После бројни тренинзи и пријателски мечеви, македонската ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) против Унгарија го отвара Светското првенство. Вараждин е градот кој ќе биде базата на „црвено-жолтите“. За голем дел од ракометарите Арената е непозната, за оние кои долго време го следат ракометот, тука Македонија во 2009 година почна да ја пишува својата ракометна историја заедно со фановите.

Од таа Македонија до оваа денеска се променија многу работи. Рекордерот на Светските првенства, Кирил Лазаров е селектор, а во составот има младите играчи кои ја имаат најтешката задача – да го носат „црвено-жолтиот“ дрес и да ги направат сите горди. Еден од нив е Мартин Серафимов.

„Унгарија е противник за кого не треба многу да се трошат зборови. Фаворит на хартија не само во нашата група, тука и фаворит за високи дострели. Иако задачата ќе биде тешка, сепак нашите момци се подготвени да „војуваат“.

Унгарија селекција која е фаворит во нашата група, не само против нас. Станува збор за репрезентација со одличен состав и добра традиција на големи натпреварувања. Иако е тешко да се најдат слаби точки, сепак не треба да заборавиме дека никој не е непобедлив. Тешко е да се победи една вакава репрезентација, но ние ќе ја чекаме нашата шанса, доколку истата се укаже ќе се обидеме да ја искористиме. Во спортот ништо не е невозможно. Долго време се подготвувавме за нив. Најважно е да ги спроведеме сите задачи на теренот, да одиграме борбено. Дали ќе биде тоа доволно за изненадување, ќе видиме“, изјави Мартин Серафимов.

Покрај Унгарија, во нашата група Д, се уште и селекциите на Холандија и Гвинеја, патот до главната рунда е да се освои најмалку тр