фудбал

МекМанаман: Чаби Алонсо го одби Ливерпул заради Реал

Стив Мекманаман во интервју за англиските медиуми истакна дека според него Чаби Алонсо не сака да го наследи Јирген Клоп на клупата на „црвените“ следната сезона бидејќи единствена желба му е да го преземе Реал Мадрид.

Алонсо, кој оваа сезона прави чуда со Леверкузен, неодамна јасно стави до знаење дека нема намера да биде тренер на Ливерпул, а поранешниот англиски репрезентативец ги откри плановите на Шпанецот.

„Не можам да кажам со сигурност, но работата во Реал е приоритет. Доколку Карло Анчелоти се повлече следната година, ќе помине уште една година, а Чаби да го стекне потребното искуство и овој потег воопшто не би изненадил, сепак, една година е долг период и ќе видиме што ќе се случи“.

Во неодамнешното интервју за „ТНТ Спортс“, Чаби Алонсо зборуваше за причините поради кои ги одби Баерн и Ливерпул и одлучи да остане во Баер Леверкузен.

„Имам многу причини за оваа одлука. Овде градиме одличен тимски дух. Има многу причини и многу играчи кои ме тераат да останам. Оваа сезона беше одлична досега. Сите сме свесни дека сакаме да продолжиме заедно, јас се чувствувам како дел од клубот“, изјави Алонсо.


Артета го сака Себаљос на „Емирати“

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека конечно може да си бара нов клуб.

Интерес за Себаљос покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, пред се Арсенал.

Артета многу ги цени квалитетите на Шпанецот и верува дека би бил одлично засилување за средниот ред.

Реал нема да постави висока цена па Арсенал веќе почнал преговори со агентот на Себаљос, кој исто така е спремен да ја промени средината.


Баерн не жали средства за Виртц од Леверкузен

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Баерн Минхен, пишуваат германските медиуми.

Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.

Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и најверојатно ќе чини цело богатство, но Баерн нема да жали пари за да го доведе во Минхен.

Баварците сакаат да ја градат иднината околу Виртц и поради тоа сакаат да ја победат конкуренцијата, па се спремни да испратат рекордна понуда, која ќе надминува 100 милиони евра.


Полуавтоматскиот офсајд доаѓа во Премиер лигата

Англиската Премиер лига од следната сезона ќе има уште една новина која е поврзана со употребата на ВАР-технологијата.

Полуавтоматскиот офсајд ќе го елиминира долгото чекање за проценка на ВАР со повлекување линија преку екранот, што постојано предизвикува критики поради неговата неточност. Технологијата нема да биде достапна на секој стадион од почетокот на сезоната. Очекувањата се дека секаде во употреба ќе биде до првата меѓународна пауза во октомври.

„Технологијата ќе обезбеди побрзо и поконзистентно поставување на виртуелната офсајд линија, заснована на оптичко следење на играчите и ќе произведе висококвалитетна графика за емитување за да обезбеди подобрено искуство на стадионот и емитување за навивачите“, соопштија од Премиер лигата.


Рабио бесплатно доаѓа на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентација, Адриен Рабио.

Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент. Тен Хаг е голем симпатизер на квалитетите на Рабио и сака да го засили средниот ред за следната сезона.

Интерес за Французинот покажуваат уште Арсенал и Њукасл, но Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата.

Рабио сака кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и веќе започнал преговори со „црвените ѓаволи“.


Бонифејс од Баер Леверкузен ќе биде наследникот на Џиру

Напаѓачот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс е голема желба на италијанскиот гигант Милан, пренесуваат италијанските медиуми.

Приоритет на Милан ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, кој ќе биде наследник на Жиру, а најновото име на списокот е токму Бонифејс.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека Нигериецот ќе потпише за Милан во трансфер вреден 50 милиони евра.

Бонифејс постигна 17 гола и запиша девет асистенции на 26 натпревари  за Леверкузен оваа сезона.


Луис Диаз одби нов договор, се сели во ПСЖ?

Килијан Мбапе на крајот од сезоната го напушта ПСЖ, а францускиот клуб веќе бара замена. Британски „Телеграф“ пишува дека Луис Дијаз од Ливерпул ќе биде главна трасфер цел на ПСЖ ова лето.

ПСЖ долго време покажува интерес за 27-годишниот Колумбиец, а сега наводно тргнале по неговиот потпис и би можеле да испратат понуда над 120 милиони евра.

Дијаз наводно одбил да го продолжи договорот со Ливерпул, а неговата иднина ќе се одлучува откако ќе биде назначен нов тренер.


Аморим негира дека се договорил со челниците на Ливерпул

Пред неколку дена бројни светски медиуми ја објавија како „завршена работа“ веста дека Ливерпул си најде нов менаџер и дека Јирген Клоп од лето ќе го наследи Рубен Аморим.

Португалецот е навистина кандидат број еден и се чини дека целата работа е блиску до успешен епилог и за Ливерпул и за Аморим, но актуелниот тренер на Спортинг демантираше дека постигнал некаков договор да дојде на „Енфилд“ во јуни.

„Не се сретнав со никого од Ливерпул, ниту пак суум имал разговор. Тоа не е точно. Jас сум тренер на Спортинг и посветен сум на работата во мојот тим. Престанете со ваквите информации, ова е последен пат кога зборувам за мојата иднина“, изјави Аморим.

Најавите се дека Спортинг ќе добие оштета од 10 милиони евра за тој да седне на клупата на „црвените“. Спортинг е блиску до освојување на титулата шампион на Португалија. На шест кола до крајот е прв на табелата со четири бода повеќе од Бенфика, а има и натпревар помалку. Аморим го одведе својот тим и до финалето на Купот на Португалија.


Сити пронајде замена за Вокер во Манчестер Сити

Манчестер Сити е силно заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат англиските медиуми.

Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година, а се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата. Од Манчестер Сити долго време ги следат неговите настапи и Гвардиола смета дека би бил идеален наследник на Вокер.

Фримпонг има откупна клаузула во договорот од 40 милиони евра, сума која „граѓаните“ се спремни да ја платат.


Атлетико Мадрид ќе го задржи Мората и по истекот на договорот

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид нема намера да се
раздели со својот напаѓач Алваро Мората, пренесе „Марка“.
Раководството смета дека фудбалерот е премногу важен за тимот.
Сепак, не недостига интерес за Мората, а Јувентус е еден од тимовите
кои се заинтересирани за неговиот потпис.
Но се чини дека играчот ќе остане кај „јорганџиите“, бидејќи има
договор до јуни 2026 година.
Мората оваа сезона одигра 42 натпревари, постигнувајќи 20 гола и 3
асистенции.