фудбал

Аталанта и Атлетико Мадрид се договорија за Лукман

Нигерискиот напаѓач, Адемола Лукман ќе ја напушти Аталанта во зимскиот преоден рок, а според последните информации донел одлука и кадде ќе продолжи.

Напаѓачот кој во 2024 година со хет-трик во финалето го сруши Баер Леверкузен во финалето од Лига Европа како што стојат работите ќе продолжи во Атлетико Мадридд.

Претходно на големо се поврзуваше со Фенербахче кој му нудел и подобри услови од Атлетико, но на крајот Лукман го избрал Атлетико.

Шпанските медиуми пишуваат и дека пресудил разговорот кој го имал Диего Симеоне со фудбалерот.

Според најавите трансферот треба да изнесува околу 35 милиони евра, плус уште пет кои би ги добил италијанскиот тим преку бонуси.


Мбапе од пенал во 100. минута го сруши Рајо Ваљекано

Во рамките на 22. коло од Ла Лига, Реал Мадрид на свој терен го совлада Рајо Ваљекано со 2-1, на натпревар обележан со бројни прекини, картони и драматична завршница.

„Кралскиот клуб“ поведе уште во 15. минута, кога Винисиус Жуниор по брилијантен соло-продор ја смести топката во самите агли од голот на Рајо. Домашните имаа уште неколку шанси во првото полувреме, но резултатот не се менуваше.

Рајо до израмнување стигна на почетокот од вториот дел. Во 49. минута Алваро Гарсија асистираше, а Хорхе де Фрутос со прецизен удар погоди за 1-1 и ја врати неизвесноста во натпреварот.

Како што се приближуваше крајот, тензиите растеа. Рајо остана со играч помалку по исклучувањето на Пате Сис во 80. минута, а во самата завршница следуваше вистинска драма. Во деветтата минута од судиското продолжение беше досуден пенал за Реал Мадрид, кој Килијан Мбапе сигурно го реализираше за конечни 2-1.

До крајот на средбата гостите добија уште еден црвен картон, а натпреварот заврши дури во 105. минута.

Со оваа победа Реал Мадрид го задржа чекорот со водечката Барселона, од која заостанува само еден бод, а во следното коло ќе гостува кај Валенсија.


Шкендија и Динамо Киев ја продолжија позајмицата за Рамадани

Шкендија и Динамо Киев постигнаа нов договор за Решат Рамадани кој и во наредниот период ќе биде дел од македонскиот шампион.

Клубот од Тетово информираше дека се работи за нова трета позајмица според која Рамадани ќе го носи дресот на „црвено-црните“ најмалку до јули.

Фудбалерот во тековнава сезона одигра 24 натпревари за Шкендија и постигна еден погодок.


Вердер му врачи отказ на Штефан Хорст

Раководството на Вердер Бремен одлучи да го раскине договорот со тренерот Штефан Хорст по вчерашното реми на домашен терен со Борусија Менхенгладбах во Бундес-лигата.

Штефан го предводеше тимот во 20 натпревари со ефект од четири победи, седум нерешени и девет порази.

Генералниот менаџер на германскиот состав, Клеменс Фриц, проценил дека Хорст не може да го врати тимот на победнички патеки и затоа разделбата била неминовна.


Слот сака уште еден Холанѓанец во Ливерпул

Лутшарел Гертруда, актуелен фудбалер на РБ Лајпциг, кој во првиот дел од сезоната беше позајмен во редовите на англискиот Сандерленд може да добие понуда да се пресели во Ливерпул.

Медиумите тврдат дека тренерот на „црвените“, Арне Слот, сака да го ангажира дефанзивецот на позицијата десен бек иако тој може да дејствува и како стопер.

Холандскиот тренер соработуваше на времето со младиот играч додека го водеше составот на Феенорд.


Челзи се врати од 0-2 и го доби дербито со Вест Хем

Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3-2).

По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.

По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.

„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0-2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.

Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.

На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.


Арсенал го декласира Лидс на „Еланд роуд“

По серијата од три натпревари без триумф во Премиер лигата, Арсенал денескаа рутински ја оправда улогата на фаворит и убедливо славеше со 0-4 на гостувањето кај Лидс.

„Топчиите“ од самиот старт наметнаа висок ритам и целосна контрола на играта, а отпорот на домашниот тим беше скршен во 27. минута кога во листата на стрелци се запиша Зубименди. Само десет минути подоцна, по корнерот што го изведе Мадуеке, голманот Дароу катастрофално реагираше и ја затресе сопствената мрежа.

Доминицијата на Арсенал продолжи и во второто полувреме, во кое гостите постигнаа уште два погодоци и без поголеми проблеми го потврдија убедливиот триумф.

Со оваа победа, лондонскиот тим стигна до 53 освоени бодови и создаде предност од седум бода пред Манчестер сити, кој е второпласиран со 46 бодови и натпревар помалку. „Граѓаните“ својот дуел од ова коло ќе го одиграат утре на гостински терен кај Тотнем.

Во преостанатите два натпревари од денешната програма, Брајтон и Евертон ремизираа 1-1, додека Борнмут славеше со 2-0 на гостувањето кај Вулверхемптон.


Чешмиџиев потпиша за исландски второлигаш

Македонскиот фудбалер Константин Чешмеџиев стави потпис на договор со исландскиот тим Вестри.

Се работи за тим кој настапува во втората по квалитет лига на Исланд и има амбиции за влез меѓу најдобрите.

Вестри го потврди ангажманот на Чешмеџиев за кој последен клуб беше Радник Бјелина од Босна и Херцеговина.

Македонскиот дефанзивец во странство настапуваше и за клубови од Саудиска Арабија, Албанија и Бугарија.

Во Македонија го носеше дресот на Пелистер, Македонија ЃП, Брера, Шкендија, Шкупи и Гостивар.


Нотингем Форест испрати понуда до Интер за Фратези

Полуофанзивецот на Интер Давиде Фратези доби понуда од Нотингем Форест. Понудата е за заем со опција за откуп. Според Фабрицио Романо, договорот е блиску, но сепак се чека конечната одлука на самиот фудбалер.

Галатасарај, Атлетико Мадрид и Јувентус исто така беа поврзувани со овој играч во последно време. Денес се појави информација и за понуда од страна на Лацио.

Фратези досега има одиграно под 600 минути за Интер оваа сезона во сите натпреварувања, а само во четири натпревари беше стартер.


Нико Ковач го сака талентот на Барса Гије Фернандез во Дортмунд

Според извештаите на весникот Спорт, Борусија Дортмунд покажала интерес за Гије Фернандез, младинскиот репрезентативец на Шпанија до 19 години, кој сè уште нема дебитирано за првиот тим на Барселона.

Доколку до крајот на сезоната не добие можност за дебитирање, тој би размислувал за алтернативи летово, како што беше случајот со Дро Фернандез, кој минатата недела потпиша за Пари Сен Жермен.

Сепак, тренерот Нико Ковач нема да го добие тој играч толку лесно. Каталонскиот медиум открива дека за Гије заинтересиран е и Њукасл Јунајтед, што значи дека се очекува вистинска борба за неговиот потпис.

Барселона продолжува да има доверба во него и настојува да го убеди да биде трпелив за да избегнат слична ситуација како со Дро. Во клубот очекуваат многу и од него и од Тони Фернандез.

Гије Фернандез има 17 години, а минатата сезона одигра пет натпревари за Барселона Б, при што не собра ни 200 минути игра, и не успеа да постигне ниту еден гол или асистенција за своите соиграчи.