фудбал

Шкендија драконски казнета: Исклучување од Купот на една година и преку 100.000 евра парична казна

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки по кои по повеќе основи ги казни фудбалските клубови Силекс, Вардар и Шкендија.

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс се казнува со парична казна во висина од 5.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија против Шкендија.

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која Шкендија се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија. Дополнително, Шкендија се казнува со 10.000 евра поради националистички скандирања и слогани со навредлива содржина на национална основа, како и со 20.000 евра поради истакнување транспарент со нацистичка содржина, за што веќе беа казнети од УЕФА.

Клубот Шкендија е казнет со 30.000 евра и исклучување од натпреварувањето во Купот на Македонија за сезоната 2026/27 поради одбивање да ги прими медалите на свечената церемонија, како и поради деградирачки и непочитувачки однос кон официјалните лица и противничката екипа.

Покрај тоа, на ФШкендија му е изречена казна од 30.000 евра и забрана за присуство на публика на следните четири домашни натпревари поради непочитување на националната химна, односно исвиркување и дискриминаторски однос за време на финалниот натпревар од Купот на Македонија.


Италијански тренер го презема Бешикташ

Минатата недела, Болоња, го потврди заминувањето на Винченцо Италијано, а Доменико Тедеско веќе е ангажиран како негова замена. Поранешниот тренер на „рособлу“ не доби трансфер во Наполи, но сега би можел да се упати кон Турција.

Џанлука ди Марцио објави дека Бешикташ е заинтересиран и го гледа Италијанецот како замена за Серген Јалчин, кој ја напушти менаџерската позиција пред неколку недели.

Првичниот контакт за Италијано е направен и постои шанса тој да стане следниот менаџер на Бешикташ. Тоа би била неговата прва работа надвор од Италија.


Омерагиќ оствари средба со првиот човек на турскиот фудбал

Омерагиќ оствари средба со првиот човек на турскиот фудбал

За време на престојото во Турција на пријателскиот натпревар меѓу Турција и Македонија, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија оствари средба со првиот човек на турскиот фудбал, Ибрахим, Етем Хаџиосманоглу.

“Одлична средба со мојот пријател, претседателот на Турската фудбалска федерација, Ибрахим Етем Хаџиосманоглу и неговиот најблизок тим. Разменивме идеи за унапредување на соработката меѓу двете федерации и разговаравме за проекти што можат дополнително да не зближат. Благодарност за искреното гостопримство и пријателскиот пречек. На Турција и посакувам многу успеси во периодот што следи”, изјави Омерагиќ.


Доделени трофеите за шампионите во женските фудбалски лиги

На крајот од сезоната во двете конкуренции во Фудбалското првенство во женска конкуренција беа доделени трофеите за двете најдобри екипи.

Шампионската титула во ЖФЛ ја освои ЖФК Скопје кој првенството го заврши со 69 бода, 12 повеќе од најблискиот конкурент ЖФК Тиверија Брера.

Елитното фудбалско друштво го напушта Топ Гол, а од следната сезона дел од Првата лига ќе биде ЖФК Конзули од Битола.

За пополнување на уште едно место во ЖФЛ преку бараж ќе решаваат ЖФК Кочани и ЖФК Билјанини Извори што ќе се одигра утре на стадионот во Ѓорче Петров.

Најефикасна фудбалерка во сезоната беше Ана Димитровска од ЖФК Каменица Саса која постигна 35 гола, 12 повеќе од Радица Чонева од ЖФК Истатов додека трета на листата на стрелци е Рабија Дервиши со ЖФК Скопје со 20 погодоци.

Доминацијата во македонскиот женски фудбал, Скопје ја потврди со освојување на шампионските титули во младинска и кадетска конкуренција.


Белгија ја совлада Хрватска на тест мечот во Ријека

Хрватска загуби од Белгија (0-2), во првиот подготвителен натпревар пред стартот на Светското првенство. Во Риека, Белгија славеше со головите на Јури Тилеманс во 38-та и Ромелу Лукаку во 96-та минута.

Имаше шанси на двете страни, Хрватите можеа барем да израмнат, но Тибо Куртоа остана несовладан.

Токму Куртоа го спречи Лука Модриќ на крајот од првото полувреме, да изедначи, со феноменална рефлексна интервенција.

Непосредно пред тоа, Тилеманс ја искористи лошата реакција на Јосип Шутало и го совлада Доминик Ливаковиќ.

Резервата Анте Будимир ја пропушти најдобрата можност во продолжението од натпреварот, напаѓачот на Осасуна ја погоди гредата.

Белгијците исто така се заканија во неколку наврати, додека во финишот Марко Пашалиќ шутираше од далечина веднаш покрај стативата.

Лукаку стави точкај на овој натпревар, по одличен контранапад, во последните моменти од играта.

Пред Светското првенство, Хрватска ќе се соочи со Словенија на 7 јуни, додека Белгија ќе игра против Тунис ден претходно.


Дензел Дамфрис го менува Интер со Реал

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид.

Николо Скира, а по него и Фабрицио Романо, тврдат дека договорот е веќе завршен и дека лично Жозе Мурињо го договорил трансферот.

Реал на крајот ја активирал клаузулата за откуп на договорот на Дамфрис, коај стапи на сила од 1 јуни. Холанѓанецот пристигнува во Реал за 25 милиони евра.

Според извештаите, сè е договорено меѓу играчот и клубовите, сè што останува да се направи во наредните денови се формалностите околу потпишувањето.

Дамфрис пристигна во Интер пред пет години од ПСВ и стекна репутација на врвен десен бек. Тој одигра 207 натпревари за Интер и постигна 27 гола со 28 асистенции. Во Дамфрис, Мурињо го гледа наследникот на Дани Карвахал, кој го напушти клубот на крајот од сезоната. Дамфрис ќе се бори за место во тимот со Трент Александар-Арнолд.


Собослаи не е недопирлив, може да замине летово од Ливерпул

Преговорите меѓу Доминик Собослаи и Ливерпул се во сериозна фаза, клубот нуди продолжување на договорот што истекува за две сезони.

Во Ливерпул на најдобриот играч минатата сезона, му зголемување на платата. Во клубот се свесни дека мора да делуваат за да не им се повотрни ситуацијата Трент Александар-Арнолд и Ибрахим Конате, кои на крајот го напуштија клубот без обесштетување.

Ливерпул го направи првиот чекор и започна преговори, но извори блиски до клубот наведуваат дека доколку не се постигне договор, Собослаи може да биде продаден во летниот преоден рок.

Пораката на клубот е јасна – прв приоритет е продолжување на договорите на највредните играчи.

Влоговите се огромни за двете страни.


Шпанецот Мичел промовиран за нов тренер на Ајакс

Мигел Анхел Санчез Муњоз, во фудбалската јавност позната како Мичел, ќе го тренира Ајакс во следните две сезони, објавија од холендскиот великан.

Мичел доаѓа во Ајакс по пет незаборавни години во Џирона, го предводеше тимот до промоција во Ла Лига, потоа до историскиот пласман во Лигата на шампионите, но клубот неодамна испадна од елитната група, а 51-годишниот роден во Мадрид ја напушти клупата.

Претходно ги водеше Рајо Ваљекано и Уеска.

Ајакс зад себе има една од најслабите сезони во поновата историја на клубот, покрај катастрофалните резултати во ЛШ, во домашното првенство, дури преку плеј-офот, успеаја да обезбедат место на европската сцена.

Со победата над Утрехт, тие обезбедија место во Конференциската лига, третото најсилно европско натпреварување.


Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 на аукција

Дресот што го носеше еден од најдобрите фудбалери во светот, Бразилецот Пеле, во финалето на Мундијалот во 1958 година, ќе биде понуден на аукција во „Сотби“ од 29 јуни до 16 јули.

Се проценува дека дресот би можел да достигне цена од над шест милиони долари.

Пеле го носеше синиот дрес со кратки ракави во победата на Бразил од 5-2 над домаќинот Шведска во финалето на Светското првенство 1958 кое се одигра на стадионот „Расунда“ во близина на Стокхолм. Пеле, тогаш 17-годишен, постигна два гола во финалето.

„Ова не е само дрес, туку е облека што ја носел еден од најголемите фудбалери во историјата во ноќта кога започна неговото владеење“, изјави раководителот на одделот на „Сотби“ за модерни колекционерски предмети. Брам Вахтер

Пеле му го подари дресот на својот цимер и соиграч Дида по финалето. По децении во семејството на Дида, дресот беше изложен во музеј пред да биде купен од анонимен сопственик во 2004 година.

Дресот на Пеле потенцијално би можел да ја надмине рекордната цена од 9.29 милиони долари, колку што беа платени за дресот на аргентинската легенда Диего Марадона од натпреварот против Англија на Светското првенство во 1986 година, кога го постигна легендарниот гол познат во светот на фудбалот како „Божја рака“.


Суперкомпјутерот ја одбра Шпанија за иден светски првак

Во пресрет на почетокот на Светското првенство, суперкомпјутерот на Опта ги објави своите предвидувања за исходот на турнирот по спроведени 10.000 симулации.

Според статистичкиот модел, најголеми шанси за освојување на светската титула има Шпанија. Репрезентацијата предводена од Луис де ла Фуенте е фаворит во 16,1% од симулациите и се наоѓа на врвот на листата.

Веднаш зад Шпанците е Франција со 13% шанси за триумф, додека Англија и актуелниот светски шампион Аргентина се следните кандидати за трофејот со повеќе од 10% успешност во симулираните сценарија. Според анализата на Опта, овие четири селекции јасно се издвојуваат од останатите конкуренти и имаат значителна предност во однос на другите репрезентации кои ќе настапат на Мундијалот.

На петтото место се наоѓа Португалија, додека следуваат Бразил и Германија, две селекции кои традиционално важат за фаворити на големите натпреварувања. Интересно е што статистичкиот модел не им дава големи шанси на домаќините на турнирот. Според пресметките на суперкомпјутерот, малку е веројатно САД, Мексико или Канада да успеат да стигнат до светската титула пред своите навивачи