фудбал

Тотенхем му го украде Галагер на Астон Вила

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Конор Галагер, наскоро ќе потпише договор за трансфер со лондонски Тотенхем. Според информациите од инсајдерот Фабрицио Романо, играчот го информирал Атлетико за својата одлука да се врати во Англија.

Тотенхем е подготвен да плати 40 милиони евра за целосен трансфер за да ги победи конкурентите Астон Вила. Астон Вила претходно постигна договор со Атлетико Мадрид, но се повлече од понатамошните преговори бидејќи Галагер не ја дал својата конечна согласност да се приклучи на тимот од Бирмингем.


Најдобриот Јуве оваа сезона го декласира Кремонезе

Екипата на Јувентус вечерва во дуелот со Кремонезе од 20. коло во Серија А ја запиша својата најубедлива победа во оваа сезона славејќи со 5-0.

Уште во почетните минути домаќините го најавија триумфот со двата брзи гола во 12-тата и 15-тата мнута, стреелаа Бремер и Дејвид.

Јилдиз во 35. по еден промашен пенал одбиената топка ја смести во мрежат за веќе 3-0. Кремнозе не беше толку во подредена улога, знаеше на моменти да се закани, но Јувентус денеска беше исклучително ефикасен.

На самиот старт од второто полувреме Терачиано си ја погоди сопствената мрежа за водство од 4-0 на Јувентус. Конечните 5-0 беа поставени во 64. минута со голот на Мекени.

Јувентус до крајот создаде и уште некоја прилика, но резултатот не се промени.


ПСЖ елиминиран од Купот на Франција од помалиот париски клуб!

Фудбалерите на Париз приредија големо изненадување во Купот на Франција и го елиминираа градскиот ривал Пари Сен Жермен.

Избраницие на Луис Енрике доминираа на теренот упатија над 20 удари кон противничкиот удар, но ниту тоа не беше доволно да се затресе мрежата од гостинскиот гол.

Одлучувачкиот момент се случи во 74. минута кога Иконе ги шокираше домаќините.

Парис натпреварот го заврши со само вкупно четири удари кон голот, два одеа во рамката од голот, а ПСЖ имашее и 70% посед на топка.


Рафиња: Ќе заминев од Барселона да не дојдеше Флик!

Фудбалерот на Барселона, Рафиња, искажа пофални зборови за тренерот Ханс Дитер Флик.

Барселона синоќа во Џеда извојува победа со 3-2 над Реал Мадрид во финалето на Суперкупот на Шпанија во 2026 година.

„Мојот најдобар момент оваа сезона? Никогаш не би рекол дека ова се моите најдобри моменти, бидејќи сум личност која бара многу од себе! Она што можам да го кажам е дека секогаш се стремам да дадам сè за тимот, помагајќи и во одбраната и во нападот, и носејќи сè што можам на масата. Имаме многу млади играчи… Да се ​​има ваков начин на размислување и постојана желба за победа е многу важно за клубот. Ќе се бориме за титули. Кога ќе го облечете овој дрес, вашата главна цел треба да биде освојување трофеи… Добро се справуваме. Најважно денес е што тимот се врати фокусиран во второто полувреме… Направивме што моравме. Да не дојдеше Ханси Флик, ќе ја напуштав Барса. Тој промени сè. Ми рече дека ќе бидам важен. Тоа е она што му е потребно на еден играч: самодоверба“, рече 29-годишниот Бразилец на прес-конференција.

На натпреварот против Реал Мадрид, Рафиња постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол, и беше прогласен за најкорисен играч на натпреварот.


Балотели заминува од Европа и започнува нова приказна во Саудиска Арабија

Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, Марио Балотели, се приклучи на Ал-Етифак од Дубаи, објави прес-службата на клубот.

Триесет и петгодишниот фудбалер потпиша договор на две и пол години.

Балотели ќе игра надвор од Европа за прв пат во својата кариера. Напаѓачот ја напушти Џенова во летото 2025 година. Претходно играше за турскиот Адана Демирспор, швајцарскиот Сион, италијанските клубови Монца, Милан и Интер, англиските клубови Ливерпул и Манчестер сити, како и француските клубови Ница и Марсеј.

Балотели е трикратен шампион во Серија А и победник во Лигата на шампионите со Интер. Ја освои Премиер лигата со Манчестер сити.


Реал мора да му исплати 15 милиони евра на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврди „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Чаби и Реал го раскинаа договорот по меѓусебна согласност само еден ден откако Мадрид загуби со 3-2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Нов тренер ќе биде Алваро Арбелоа.

Отказот на Чаби Алонсо скапо ќе го чини Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата помеѓу осум и девет милиони евра по сезона.

Шпанскиот весник „Ел Дебете“, пишува дека Реал ќе мора да му плати 15 милиони евра отштета на Чаби Алонсо.

За потсетување, минатото лето Реал му плати 15 милиони евра на Баер Леверкузен за Алонсо да се пресели во Мадрид.

Алонсо го водеше тимот во 34 натпревари, во сите натпреварувања, оствари 24 победи, четири нерешени резултати и шест порази.

Реал остана на второто место на табелата во шпанското првенство со 45 освоени бода по 19 кола, четири помалку од лидерот Барселона. Во Лигата на шампионите се седми со 12 бода по шест кола, а во Купот се во осминафиналето, каде што во среда ги чека Албасете.

Токму против Албасете на клубата ќе дебитира новиот тренер.


Астон Вила го враќа Галахер во Премиер лигата

Конор Галагер би можел да се врати во Премиер лигата оваа зима

Како што откри Матео Морето, Астон Вила тргна во офанзива за неговиот потпис, бидејќи Англичанецот, не е во преден план кај тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Галагер нема ништо против враќање во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Њукасл исто така покажале интерес, но само од Астон Вила покажале конкретен интерес.

Унај Емери не го доби засилувањето што го сакаше во Харви Елиот, кој ќе се врати во Ливерпул, па затоа Шпанецот сака нов играч од средниот ред, со различен профил.

Галагер има искуство во Премиер лигата, играше за Кристал Палас и Челзи, а претходно во кариерата беше дел од Чарлтон, Свонси, Вест Бромвич Албион.

Пред да замине за Шпанија, одигра 136 натпревари во Премиер лигата.

Атлетико Мадрид пред 18 месеци на Челзи му плати 42 милиони евра за Галагер. Се претпоставува дека „јорганџиите“, за него бараат околу 40 милиони евра.


Пакета побара трансфер, сака да потпише за Фламенго

Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, е на пат да го напушти клубот, објави Гардијан.

Бразилецот го замолил тренерот да не го носи на натпреварот од ФА Купот бидејќи сака да се врати во Бразил. Конкретен интерес за него покажа најбогатиот клуб во Јужна Америка, Фламенго.

Од Бразил во Лондон пристигнала понуда од 40 милиони евра.

Вест Хем не сака да остане без најдобриот играч, во ситуација кога се бори за опстанок во лигата и кога за неговите услуги интерес покажале европски клубови, подготвени да понудат повеќе пари.

Сепак ставот на Пакета е јасен сака да се врати дома, во Фламенго.


Чаби Алонсо доби отказ од клупата на Реал Мадрид

Реал Мадрид го отпушти досегашниот тренер Чаби Алонсо, а на негово место ќе биде Алваро Арбелоа. Отказот стигна по поразот во финалето во шпанскиот Супер куп од Барселона.

Инаку, Алонсо на клупата на „кралскиот клуб“ дојде летово од екипата на Баер Леверкузен.

Во соопштението не е наведено кои се причините за прекинот на соработката, но никој не беше задоволен од резултатите, а Алонсо имаше недоразбирања и со играчот Винисиус.

Новиот тренер Арбелоа, најчесто има работено со млади категории. Како играч има настапувано за Реал Мадрид, Депортиво и за Ливерпул, а со шпанската репрезентација има титули светски и европски шампион.


Пакета на прагот на враќање во Фламенго: Вест Хем се спротивставува

Lucas Paqueta to Flamengo

Во сензационален развој кој ги привлекува вниманието на бразилските фудбалски фанови, Лукaс Пакета, средниот играч на Вест Хем, постигна договор за лични услови со својот матичен клуб Фламенго. 28-годишниот бразилски репрезентативец, кој го започна својот професионален пат во младинските категории на клубот пред трансферот од 30 милиони фунти во Европа во 2022 година, сега инсистира на изненадувачки јануарски трансфер назад во Рио де Жанеиро.

Лукaс и неговите агенти се договориле за плата и должина на договорот, што јасно ја покажува неговата силно желба за враќање во родниот град по тешката сезона во Вест Хем, обележана со обвинувања за наместени натпревари, од кои беше ослободен. Според извори блиски до фудбалерот, Пакета го гледа овој трансфер како „нов почеток“ и шанса да ја обнови страста за фудбалот каде што ја започна кариерата. Техничкиот директор на Фламенго, Жозе Бото, води преговори со неговите претставници, продолжувајќи разговори кои започнаа уште во 2024 година.

Фламенго инсистира на веднаш позајмување или траен трансфер, со вредност од околу 30 милиони евра, додека Вест Хем сака Пакета да остане до крајот на сезоната за да избегне нарушување на тимската динамика. Вест Хем претходно одби пониски понуди и го цени играчот високо, иако Пакета јавно изрази желба да замине. Напредокот зависи од тоа дали Фламенго ќе ги прифати финансиските барања на англискиот клуб.

Враќањето на Пакета би симболизирало исполнување на неговата порано изразена желба да се врати дома, а фановите со нетрпение го очекуваат исходот во текот на јануарскиот преоден рок.