Саудискиот клуб Ал-Итихад му понуди договор на 38-годишниот напаѓач Карим Бензема со важност до летото 2028 година. Ова го објави новинарот и инсајдер Николо Шира на социјалните мрежи.
Тековниот договор на играчот истекува на 30 јуни. Преговорите меѓу клубот и играчот се во тек, а страните се стремат да постигнат конечен договор. Оваа сезона, Бензема одигра 10 натпревари во Саудиската лига, постигнувајќи седум гола.
Карим Бензема игра за Ал-Итихад од јули 2023 година. Напаѓачот се приклучи на својот нов тим како слободен агент откако му истече договорот со Реал Мадрид, за кого играше од 2009 година.
Ливерпул ја потврди сериозноста на повредата на Бредли
Ливерпул на својата официјална веб-страница објави дека десниот бек Конор Бредли претрпел сериозна повреда.
„Десниот бек се повреди во последните минути од натпреварот од Премиер лигата против Арсенал во четврток вечерта. Бредли ќе биде опериран во наредните денови, по што ќе го започне својот период на рехабилитација во тренинг центарот. Во оваа фаза, нема индикации кога ќе се врати на теренот“, се вели во соопштението на клубот.
Според „Скај Спортс“, 22-годишниот фудбалер ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Бредли се појави во 21 натпревар во сите натпреварувања оваа сезона, при што имаше две асистенции. Неговиот тековен договор со клубот е до летото 2029 година, a пазарната вредност е 30 милиони евра.
Росениер дебитирале, Челзи лесно победи во ФА Купот
Фудбалерите на Челси обезбедија пласман во следната рунда од ФА купот откако на гостувањето кај Чарлтон славеа убедлива победа со 5-1 на дебито на Лиам Росениор на клупата на лондонскиот тим.
„Сините“ ја презедоа контролата уште во првото полувреме и поведоа во судиското продолжение преку Џорел Хато. Во продолжението Тосин Адарабјојо, Марк Гију, Педро Нето и Енцо Фернандез ја потврдија разликата, додека единствениот гол за домаќините го постигна Либурн.
Со овој триумф Челси успешно го започна новиот мандат под водство на Росениор и си обезбеди место во четвртото коло од најстарото фудбалско натпреварување во Англија.
Бакајоко го напушта ПАОК за француски Мец
Францускиот фудбалер Темоје Бакајоко би можел да ја продолжи кариерата во Мец.
Според „Л’Екип“, 31-годишниот Французин, кој стана слободен агент откако го напушти ПАОК минатото лето, е во преговори со клубот за враќање во Лига 1.
Одбранбениот играч претходно во кариерата има настапувано за Милан, Челзи, Лориен, Рен, Наполи и Монако.
Бакајоко одигра 341 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола и девет асистенции.
Египет последен полуфиналист на Купот на Африка
Египет е последниот полуфиналист на АФКОН. Седумкратните шампиони на Африка го победија актуелниот шампион Брегот на Слоновата Коска во четвртфиналето во Агадир со резултат 3-2, што значи дека „Црниот континент“ ќе добие нов владетел на 18 јануари.
Во полуфиналето, Египќаните за ривал ќе го имаат Сенегал.
БСК влезе во овој дуел како благ фаворит, играа одличен фудбал на турнирот, но оваа репрезентација историски не можеше да се справи со Египет.
Што ќе се случи во овој натпревар навестија Сангаре и Кусуна, двајца премногу сериозни играчи, кои направија ужасни грешки во истата акција и му дозволија на напаѓачот на Манчестер Сити, Омар Мармуш, лесно да постигне гол, за 1-0.
Раниот гол му овозможи на Египет да го направи она што најдобро го знае – да се затвори, да застане во тесен блок и да чека транзиции и контра напади преку Мармуш и Мохамед Салах.
Секако, тие чекаа и прекини и по корнер во 32-та минута, ја удвоија предноста. Салах центрораше од левата страна, а стоперот Рами Рабија беше најдобар во скокот и постигна гол со глава за 2-0. „Слоновите“ не се предадоа, нападнаа, и се вратија во натпреварот во 40-та минута, кога по остар центаршут од Диоманде, Египќанецот Ахмед Фатих несмасно ја затресе својата мрежа, за 2-1.
Второто полувреме започна со жестоки напади од страна на БСК, кој сепак беше „нокаутиран“ во 52-та минута.
Беше „шах-мат во три потези“, на крајот Мо Салах реагираше во негов стил, беше побрз од голманот и постигна гол, за 3-1. Шампионот не сакаше да се откаже туку-така, па во 73-та минута повторно се приближи до гол заостанување.
Стрелец по корнер и голема гужва во шеснаесетникот на Египет беше левиот бек Гела Дуе, брат на Дезире Дуе, играч на ПСЖ и француски репрезентативец за конечни 3-2 за “фараоните“.
Магично деби на Гендузи, Фенер го освои Суперкупот на Турција
Победата беше најавена уште во првото полувреме, кога резултатот го отвори новото засилување Матео Гендузи. Французинот, кој пристигна од Лацио, со овој погодок го обележа своето деби во дресот на Фенербахче. По паузата, работата беше комплетирана многу брзо, бидејќи Џејден Остерволде погоди по само три минути игра и му донесе голема предност на својот тим.
Галатасарај се обиде да одговори и да внесе неизвесност, но офанзивните обиди останаа без вистински ефект. Ривалот успеа да упати само еден удар во рамките на голот и немаше сила за пресврт во дербито.
Суперкуп дуелот се одигра на олимпискиот стадион „Кемал Ататурк“ во Истанбул, каде Фенербахче славеше нов значаен успех против вечниот ривал.
Столе повреден бранеше во ремито на Валенсија и Елче
Валенсија и Елче ги поделија бодовите во натпревар од 19 коло во шпанската Ла Лига, играјќи 1-1 на „Местаља“. Средбата мина мирно во првиот дел, додека сите возбудувања беа зачувани за продолжението.
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски настапи од првата минута, кој ја доби шансата меѓу стативите поради повредата на Хулен Агирезабала. Голманот немаше многу интервенции, но не успеа да ја зачува својата мрежа недопрена.
Столе доби и блага повреда во првиот дел, делуваше дека ќе биде заменет, ама стегна заби и остана на теренот.
Гостите поведоа во 75 минута, кога Гради Диангана го искористи првиот удар во рамките на голот и го совлада Димитриевски за водство на Елче. Валенсија тргна по израмнување и тоа го доби во самиот финиш. По досудениот пенал, Пепелу беше сигурен од белата точка и погоди за конечни 1-1, со што „лилјаците“ избегнаа пораз пред својата публика.
Халанд по шести пат е норвешки фудбалер на годината
Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, е прогласен за норвешки фудбалер на годината за 2025 година, објави прес-службата на Норвешката фудбалска асоцијација.
Дваесет и петгодишниот напаѓач ја освои наградата шести пат по ред.
Во сезоната 2024/25, Халанд одигра 48 натпревари за Манчестер сити, постигнувајќи 34 гола и пет асистенции.
За норвешката репрезентација во 2025 година, напаѓачот постигна 17 гола и имаше две асистенции во девет натпревари.
Ливерпул го купи младиот Мор Тала Ндиаје
Ливерпул мисли и на иднината, па така сега го доведе 18-годишниот сенегалски дефанзивец Мор Тала Ндиаје, кој на „Енфилд“ пристигнува од клубот Амити ФЦ, чиј сопственик е поранешниот напаѓач на Челси, Демба Ба. Трансферот, според медиумите, изнесува околу еден милион фунти.
Иако сумата не е значајна за англискиот гигант, во Ливерпул веруваат дека добиле фудбалер со голем потенцијал. Ндиаје во почетокот ќе биде дел од У21 тимот на „црвените“, кој го води Роб Пејџ, каде ќе ја започне својата адаптација и развој со цел во иднина да се избори за место во сениорскиот состав.
„Ливерпул го комплетираше трансферот на дефанзивецот Мор Тала Ндиаје. Младиот сенегалски централен бек, кој неодамна наполни 18 години, доаѓа од Амити ФЦ и ќе настапува за нашиот У21 тим. Ндиаје ја претставуваше својата репрезентација на Светското првенство за играчи до 17 години во ноември, каде одигра четири натпревари и стигна до нокаут фазата. Исто така има настапи и за селекцијата на Сенегал до 18 години“, стои во соопштението на Ливерпул.
Нотингем Форест не сака да го откупи Даглас Луиз
Она што летоска изгледаше како добар потег за Јувентус, полека се претвора во сериозен проблем за клубот од Торино. Позajмицата на Даглас Луиз во Нотингем форест не оди според планот, бидејќи бразилскиот играч од средниот ред не добива доволно минути во Премиер лигата, што го става под знак прашалник откупот на неговиот договор вреден 28,5 милиони евра, пренесува ,Тутоспорт”.
Да потсетиме, договорот меѓу двата клуба вклучуваше платена позајмица од три милиони евра и обврска за откуп во износ од 28,5 милиони евра, преку фиксен дел и бонуси. Клучниот услов за активирање на откупот беше Луиз да одигра најмалку 15 натпревари во Премиер лига, со минимум 45 минути на терен.
До овој момент, Бразилецот има само пет настапи, што е далеку под потребното.
Ситуајата сериозно го загрижи Јувентус, кој мора брзо да реагира. Во Торино веќе се разгледува ново сценарио, повлекување на Даглас Луиз од позајмица уште во јануари. Оваа можност станува уште пореална доколку продолжат преговорите што Форест ги води со Интер за ангажман на Давиде Фратези.
Во Јувентус се свесни дека 28,5 милиони евра се доведени во ризик и веќе работат на изнаоѓање алтернативно решение, нудејќи го играчот на други клубови од Премиер лигата. Иако Луиз и понатаму има добра репутација на англискиот пазар, засега конкретен интерес нема.