фудбал

Интер пријави рекорден приход оваа сезона

Италијанскиот фудбалски гигант Интер оствари рекордни 567 милиони евра приходи во изминатата финансиска година, беше објавено на веб-страницата на клубот.

Финансиските извештаи за сезоната 2024/25 покажуваат приходи од 567 милиони евра, што е зголемување од 94 милиони евра во споредба со претходната сезона. Ова е рекорд, не само за Интер, туку и за италијанскиот фудбал како целина. Претходниот рекорд го држеше Јувентус кога имаше приходи од 464 милиони во првата сезона на Роналдо.

Рекордните приходи на Интер се резултат на зголемените приходи од домашните и европските натпреварувања, како и учеството во првото издание на проширеното Светско клупско првенство. Во исто време, имаше зголемување на комерцијалните приходи од спонзорства и натпревари.

Интер ја затвори финансиската година со нето добивка од 35,4 милиони евра, во споредба со загуба од 35,7 милиони евра во претходната финансиска година. Интер ја заврши рекордната финансиска година без трофеј.

Во финалето на Лигата на шампионите загуби од ПСЖ, во Серија А беше втор од Наполи, во Купот на Италија испадна во полуфиналето против градскиот ривал Милан, „росонерите“ беа подобри и во финалето на Суперкупот на Италија, додека на клупскиот Мундијал клубот загуби од Флуминензе.


Кејн пред легендарна „стотка“ во англискиот дрес

Фудбалерот на Баерн Минхен и Англија, Хари Кејн, ја откри својата амбиција да постигне 100 гола за својата репрезентација.

„Мислам дека веќе е блиску. Онака како што се чувствувам во моментов, не планирам да забавам наскоро. Сакам да останам на ова ниво што е можно подолго. Сега сум на 76 гола, така што остануваат 24, а имаме уште неколку натпревари да одиграме пред Светското првенство, а потоа ќе се обидам да дојдам до 100. Головите се постигнати, а бројките зборуваат сами за себе. Начинот на кој се чувствувам на теренот, начинот на кој ја гледам играта, се чувствувам навистина добро“, изјави за ESPN 32-годишниот фудбалер.

Кејн постигна 76 гола и имаше 19 асистенции во 110 настапи за својата репрезентација.


Европските гиганти се распрашуваат за Виктор Фрохолт од Порто

Данецот Виктор Фрохолт, по извонредниот старт во дресот на Порто и неговиот одличен влез во данската репрезентација, сега веќе е на мета на неколку англиски премиерлигашки клубови.

Според информациите кои доаѓаат од Островот, Манчестер Јунајтед и Тотенхем ја следат младата данска ѕвезда, и нема да биде изненадување доколку се обидат да го донесат во своите редови на крајот на сезоната.

Извештаите од Португалија сугерираат дека Порто има поставено сериозна цена како отштета за новата данска ѕвезда во тимот, односно откупната клаузула во догогорот на Фрохолд е во висина од 85 милиони евра.


Барса го сака Кенан Јилдиз од Јуве

Големата турска ѕвезда вод ресот на Јувентуис, Кенан Јилдиз, е едно од најспоменуваните имиња на трансфер пазарот и како таков веројатно ќе остане и во текот на зимата. Ова лето, Челзи имаше понуда за турскиот репрезентативец која беше одбиена од Јувентус, а сега се зборува дека посебна стратегија за него подготвува Барселона.

Јувентус, пак, е спремен да го продолжи договорот со 20-годишниот Турчин и да му ја подобри платата во обид да ги одврати потенцијалните додворувачи.

Тековниот договор на Кенан Јилдиз со клубот од Торино е со важност до 2029 година.


Чешка ќе добие нов селектор, Хашек доби отказ

Раководството на Фудбалската федерација на Чешка едногласно го прифати денес предлогот на претседателот Давид Трунда за разрешување на селекторот Иван Хашек и неговиот помошник Јарослав Веселех. Одлуката е донесена по состанокот на Федерацијата по враќањето на националниот тим од Фарските Острови и поразот од 1:2 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Првиот човек на чешкиот фудбал Трунда изјави дека, по анализата на резултатите од октомврискиот мундијалски циклус од натпреварите против Фарските Острови и Хрватска, е донесена одлука за итна смена на селекторската клупа.

Нов селектор ќе биде предложен во наредните денови, а целта, како што нагласи Трунда, останува иста – пласман на Светското првенство следната година.


Пеп го сака Андерсон од Форест во Сити

Манчестер сити е заинтересиран за потпишување на играчот од средниот ред на Нотингем Форест, Елиот Андерсон.

Според „Експрес“, трансферот на 22-годишниот Англичанец би можел да го чини Сити приближно 87 милиони евра.Челзи е исто така заинтересиран за играчот

Во сезоната 2025/26, Андерсон имаше една асистенција во девет настапи во сите натпреварувања. Неговиот договор е до 30 јуни 2029 година.

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата трансферна вредност на 35 милиони евра.


Интер неколку недели без Дармијан

Фудбалерот на Интер, Матео Дармијан, ќе ги пропушти претстојните натпревари на тимот, потврди калчо-лигашот.

Во соопштението на лекарскиот тим се вели дека дефанзивецот има истегнување на тетивата на левата нога и дека ќе биде надвор од терените најмалку неколку недели.

Дармијан нема да игра против Рома в сабота во Серија А и на натпреварот од Лигата на шампионите со белгискиот тим Ројал Унион.


Барса го носи Влаховиќ како замена за Левандовски

Барселона ја разгледува можноста напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, да биде замената за Роберт Левандовски. Претходно беше објавено дека поранешниот играч на Баерн Минхен ќе ја напушти „блауграна“ ова лето.

Договорот на српскиот репрезентативец со клубот од Торино истекува на крајот од тековната сезона. Освен Барселона, за играчот е заинтересиран и Баерн Минхен.

25-годишниот Влаховиќ постигна четири гола и имаше една асистенција на осум натпревари за клубот оваа сезона. 37-годишниот Левандовски постигна четири гола на девет натпревари.


Клајверт не е повеќе селектор на Индонезија

Патрик Клајверт повеќе не е селектор на репрезентацијата на Индонезија. Менаџментот на федерацијата се одлучи да му каже благодарам на легендарниот холандски фудбалер, а сега тренер, откако тој не успеа да ги постигне посакуваните резултати со тимот.

Клајверт стана селектор на Индонезија на почетокот на оваа година и потпиша двегодишна соработка. Сепак, резултатите не се очекуваните, земјата очекуваше успех во квалификациите, и конечно пласман на еден голем турнир, што не се случи.

Иако Индонезија за прв пат под негово водство стигна до четвртото коло од азиските квалификации, надежите беа уништени минатата недела. Поразите од Саудиска Арабија и Ирак ги уништија соништата на Индонезија да игра на своето прво Светско првенство.


Индонезија го отпушти Клајверт по неуспехот во квалификациите

Patrick Kluivert disappointed

Патрик Клајверт е отпуштен од функцијата селектор на индонезиската фудбалска репрезентација по неуспешниот обид за пласман на Светското Првенство. Поранешната ѕвезда на Барселона и Ајакс беше назначен во јануари 2025 со договор на две години, но заминува по лошите резултати и последното место во квалификациската група, каде Индонезија загуби убедливо од Саудиска Арабија, Ирак и Иран. 

Фудбалската Федерација на Индонезија соопшти дека соработката е раскината по взаемен договор. Заедно со Клајверт, отпуштен е и целиот стручен штаб. 

Во 8-те натпревари под негово водство, Клајверт не успеа да донесе резултати што ги очекуваа навивачите. Неговото доаѓање беше пречекано со ентузијазам, со надеж дека ќе донесе европско искуство и мудрост. Но, слабите игри и резултати брзо ја намалија таа почетна возбуда, оставајќи ја федерацијата под силен притисок да реагира. 

По неговото заминување, Индонезија ќе треба брзо да најде нов селектор што ќе ја предводи репрезентацијата во нов циклус.