фудбал

Мексиканецот Хименез фаворит за напаѓачкото место во Милан

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може да биде замена за Оливие Жиру.

Најново име на списокот на „росонерите“ е напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Хименез. Мексиканецот со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти. Меѓутоа, на Милан воопшто нема да му биде лесно да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Мексиканецот интерес покажуваат уште Реал Мадрид, Челзи и ПСЖ.

Мексиканецот оваа сезона на 33 меча постигна 23 гол и запиша 5 асистенции, а Милан верува дека ќе биде идеално решение за нападот во иднина бидејќи Гименез има само 22 години.


Реал ќе понуди 60 милиони евра за Дани Олмо

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за ѕвездата на Лајпциг, Дани Олмо, пренесуваат медиумите на Островот.

24-годишниот Шпанец одигра одлично против Реал Мадрид во Лигата на шампиони, па го воодушевил претседателот Флорентино Перез. Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Сега блеска во дресот на Лајпциг, а Реал е спремен на лето за неговиот потпис да понуди 60 милиони евра.


Поведена постапка против првиот човек на италијанскиот фудбал

Римското обвинителство води истрага против претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина поради наводна проневера и перење на пари поврзани со ТВ правата.

Гравина кој доброволно се сретнал со обвинителите ги негира обвиненијата. Имено, тој е обвинет дека противзаконски користел пари од продажбата на ТВ правата во 2018 година кога ја водеше третата дивизија.

„Баравме сослушување и предадовме документација за да покажеме дека нашиот клиент е невин. Се рачиствивме и сигурни сме дека вистината набрзо ќе излезе на виделина“, соопштија адвокатите на Гравина. 

Гравина на чело на италијанскиот Фудбалски сојуз е од 2018 година, а во април 2021 е избран во извршниот комитет на УЕФА со функција на потпретседател.


Сари пред заминување од Лацио

Италијанските медиуми проценуваат дека Маурисио Сари на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на Лацио.

Наводно, челниците на тимот од Рим планираат да ангажираат нов стратег бидејќи не се задоволни од резултатите од тековната сезона. 

Во исто време, искусниот стратег не крие дека не е задоволен од трансферната политика во клубот. Тој вината за лошите резултати ја префрли на управата на „римските орли“.


Два гиганти го сакаат Дани Олмо во своите редови

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за ѕвездата на Лајпциг, Дани Олмо, пренесуваат медиумите на Островот.

24-годишниот Шпанец одигра одлично против Реал Мадрид во Лигата на шампиони, па го воодушевил претседателот Флорентино Перез. Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Сега блеска во дресот на Лајпциг, а Реал е спремен на лето за неговиот потпис да понуди 60 милиони евра.


Ди Марија го одби Маскерано, отворена понуда е упатена до Меси

Хавиер Маскерано ќе ја води фудбалската селекција на Аргентина на Олимписките Игри кои оваа година ќе се одржат во Париз, настан на кој „гаучосите“ сакаат да го видат Лионел Меси.

Меси во минатото има настапувано за олимписката селекција и освоено златен медал, но ова е сосема друга приказна и тоа во година во која ветеранот има и други обврски како со неговиот Интер Мајами така и со сениорската репрезентација која ја очекува Копа Америка.

Сепак до него има отворена покана и засега сите опции се во игра.

„Лионел е свесен дека годините исто така го стигнуваат. Иако е Меси, тој мора да се справи со обемот на работа бидејќи имаше една година исполнета со многу активности. Не сакаме да му пречиме, едноставно упативме покана за тој да ни се придружи на Олимпијадата. Верувавме дека е неопходно да ја упатиме оваа покана за да има време да размисли и да ја анализира бидејќи ќе мора да го напушти својот клуб“, истакна Маскерано кој обелодени дека Анхел Ди Марија веќе го одбил повикот, понудата да настапи во Париз.


Реал ќе го позајми Арда Ѓулер во Милан

Арда Ѓулер минатото лето пристигна во Реал Мадрид со големи очекувања, меѓутоа уште на почетокот се соочи со проблеми со повреди.

„Кралевите“ сакаат да го испратат на позајмица каде што ќе собира искуство по што може да се врати во шпанскиот гигант. Силен интерес за Арда покажува Милан, кој сака да го доведе на „Сан Сиро“ по истата формула како Брахим Дијаз.

„Росонерите“ го сакаат турскиот „бисер“ на позајмица со право на откуп, но Реал да има бај-бек клаузула во договорот.

Реал е спремен да ја прифати таквата понуда поради доброто искуство кое го имаше со Брахим Дијаз и поради фактот што Арда не добива голема минутажа во Мадрид.


Јунајтед спремен да понуди 80 милиони за Кимих

Џошуа Кимих на лето може да го напушти Баерн Минхен, тврди германски „Билд“.

Баерн Минхен нема намера да го пушти Кимих да замине бесплатно летото 2025 година и ќе биде отворен да ги слушне понудите за него. Кимих не е во добри односи со Томас Тухел и тоа е главната причина поради која одбива да преговара за нов договор.

Манчестер Јунајтед покажува најсериозен интерес за Германецот, но ситуацијата будно ја следат уште ПСЖ, Арсенал, Барселона и Ливерпул.

Баерн за слободата на 28-годишниот играч за врска ќе бара најмалку 80 милиони евра, сума која „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат.


Начо го напушта Реал и се сели во Рим

Рома е силно заинтересирана за дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез пренесуваат шпанските медиуми.

Поранешниот шпански репрезентативец е дете на клубот, а веќе цели 12 години е дел од првиот тим. Анчелоти му верува и Начо се уште е важен дел од тимот, но договорот на 32-годишниот дефанзивец истекува на лето.

Реал се уште не му понудил нов договор бидејќи сака да донесе нов дефанзивец, а Рома ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација и да го доведе без обештетување.


„Билд“: Зидан преговара да го преземе Баерн

Еминентниот „Билд“ пренесува дека Зинедин Зидан е главен кандидат за клупата на Баерн Минхен.

Извори блиски до Французинот тврдат дека Зидан е спремен да се врати на тренерската работа и не ја отврла можноста да седне на клупата на Баерн Минхен. Томас Тухел е на излезна врата, па Баерн веќе размислува за нов тренер и ја започна потрагата.

Според германските медиуми, челниците на Баерн Минхен го контактирале Зинедин Зидан и му понудиле да го наследи Томас Тухел. Французинот веќе неколку години е без ангажман, одби неколку понуди и сега е спремен да се врати на тренерската работа.