фудбал

Седлоски: Вардар долго го чекаше враќањето во Европа

Вардар важи за апсолутен фаворит за место во следната рунда во третото натпреварување на УЕФА. Тренерот Гоце Седлоски даде коментар за претстојниот дуел во на кој домаќинот атакува на победа.

„Одработивме добри подготовки во овие месец дена, дома и во Словенија, каде добро се подготвивме. Иако ни недостасуваа некои од странците, сите сме максимално спремни. Вардар нема играно во Европа подолго време. Знаеме каков ривал не очекува, но ние се гледаме самите себе, респект за ривалот, но јас сум фокусиран само на моите играчи. Се надевам дека ќе одиграме квалитетен натпрревар и дека ќе забележиме победа. Во денешниот фудбал нема фаворити, затоа ќе бидеме внимателни. Најважно ми е екипата да ми влезе онака како што јас барам, без опуштање.“, изјави Седлоски.

Натпреварот меѓу Вардар и Ла Фиорита се игра во четврток со почеток од 20:30 часот на Арената „Тодор Проески“. На центарот ќе бидат Андорци. Антоан Кјарамонти е главен судија, ќе му помагаат Хуан Гују Сера и Карлос Гончалвес. Четврти судија е Андреу Симаро.


Анчелоти осуден за затајување данок

Трофејниот италијански фудбалски тренер Карло Анчелоти е осуден од шпанскиот суд на една година затвор поради даночна измама направена во 2014 година, за време на неговиот престој во Мадрид.

Судот во главниот град на Шпанија му изрече и парична казна во износ од 386.000 евра.

Според шпанскиот закон, затворски казни пократки од две години може да бидат условно суспендирани доколку осудениот претходно не бил казнет, па се очекува дека актуелниот селектор на Бразил сепак нема да оди зад решетки.

Пред Анчелоти, на мета на шпанските даночни власти беа и Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо, но ниту еден од нив не ја отслужи казната во затвор.

Фудбалската федерација на Бразил, како и претставниците на Анчелоти, засега не ја коментираа одлуката на судот.

Анчелоти е единствениот тренер кој пет пати ја има освоено Лигата на шампионите (три пати со Реал Мадрид и двапати со Милан), како и единствениот со титули државен првак во Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција.


Мареска: Оваа сезона на Челзи веќе е фантастична

„Оваа сезона е фантастична“, рече менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, откако лондонскиот тим се квалификуваше за финалето на Светското клупско првенство со победа од 2-0 над Флуминенсе.

„Искрено, среќен сум со сè. Тоа е големо достигнување. Тоа е фантастична сезона. Завршивме меѓу првите четири во Премиер лигата, ја освоивме титулата во Конференциската лига, сега сме во финалето на Светското клупско првенство. Многу, многу сме среќни“, изјави Мареска за DAZN.

Херој на натпреварот беше двојниот стрелец Жоао Педро. Младиот 23-годишен бразилски напаѓач ја започна својата кариера во Флуминенсе, пред да игра за Вотфорд и Брајтон. Тој пристигна на Стемфорд Бриџ од Брајтон на почетокот на јули за 60 милиони евра. Дебитираше за англискиот тим во четвртфиналето против Палмеирас, постигнувајќи два брилијантни гола во својот втор настап.

„Знаевме со Жоао Педро дека имаме играч кој е способен да го прави она што го правеше“, коментираше Мареска. Челзи ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ во финалето, додека Бразилците си одат дома.


Хрватски талент потпиша за Ла Масија

Барселона продолжува да инвестира во млади таленти – најновиот член на славниот клуб е 18-годишниот хрватски среден играч, Ловро Челфи.

Тој првично ќе игра за вториот тим на “Блауграна”, каде што ќе има можност да се развива под менторството на еден од најголемите европски клубови.

Челфи доаѓа од НК Кустошија, а интересно е што е син на познатиот Јасен Челфи, водечки солист во Загрепската филхармонија. Својата кариера ја започна во младинските екипи на загрепски Динамо, а во 2022 година премина во Кустошија, каде што минатата сезона играше за У-19 тимот и го имаше своето деби во сениорскиот состав.


Нкунку пак на радарот на Баерн

Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските медиуми во вторникот. Шампионот на Бундеслигата повторно размислува за ангажирање на 27-годишниот фудбалер по повредата на Џамал Мусиала. Раководството на Баерн веќе се поврзало со Пини Захави, агентот на Кристофер Нкунку.

Манчестер Јунајтед и Барселона исто така покажуваат интерес за крилниот напаѓач.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓

Во јануари германскиот клуб се обиде да потпише со Французинот, но не беше подготвен да плати 70 милиони евра за него.

Челси преферира да го продаде Нкунку, отколку да го испраќа на заем.

Францускиот репрезентативец премина кај “сините” од РБ Лајпциг во 2023 година, а претходно беше во Пари Сен Жермен.


Челзи заработи преку 100 милиони евра на патот до финалето на СКП

Челзи заработи 110 милиони долари од досегашниот настап на Светското клупско првенство. Клубот ќе добие уште 10 милиони долари ако победи во финалето.

Синоќа, тимот на Енцо Мареска го победи Флуминенсе со 2:0 и ќе се натпреварува за трофејот со победникот од другиот полуфинален натпревар помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид.

Максималниот можен приход за еден клуб на Светското клупско првенство е 125 милиони долари.

Челзи загуби 2 милиони долари поради поразот од Фламенго со 1:3 во групната фаза, а за учеството на турнирот „Сините“ добија 35 милиони евра – 3 милиони помалку од максималниот можен износ за претставниците на УЕФА.


Мареска без Каиседо во финалето на Светското клупско првенство

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска откри дека Моисес Каиседо имал болки по повредата на глуждот за време на победата на неговиот тим против Флуминензе во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Тимот на Мареска сега ќе игра против Пари Сен Жермен или Реал Мадрид во финалето на Светското клупско првенство во недела, но прашање е дали Каиседо ќе биде во тимот.

Еквадорскиот репрезентативец доби лекарска помош на теренот и се обиде да го доигра натпреварот, но 23-годишникот очигледно се мачеше да се движи и беше виден со мраз на глуждот по завршувањето на натпреварот.

“Тој чувствуваше дека може да го доигра мечот, се обиде, но почувствува болка. Засега не знаеме ништо. Се надевам дека ќе биде подготвен во недела, ќе видиме“, изјави Мареска.


Синго од Монако се сели во Милан

Екипата на Милан покажа интерес за фудбалерот на Монако, Вилфред Синго. На италијанскиот клуб му е понудено да го ангажира 24-годишниот дефанзивец, а „росонерите“ размислуваа за понуда од околу 15 милиони евра и бонуси која ќе ја достава во текот на овие денови. Сепак, францускиот тим смета дека вредноста на Синго е околу 20-25 милиони евра.

Милан има и неколку други опции на позицијата дефанзивец, вклучувајќи ги Гела Дуе од Стразбур и Арчи Браун од Гент, како и Александар Зинченко од Арсенал.


Интер ја постави цената за Чахланоглу

Интер е подготвен да му дозволи на турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу да си замине за сума од 30 милиони евра. Тоа е цената која италијанскиот клуб ја постави за негова продажба.

Во исто време, Интер е решен само на брз договор, бидејќи има намера да го задржи играчот од средниот ред, сметајќи го за клучен играч. Доколку фудбалерот се појави на тренинг кампот, ќе биде отстранет од трансфер пазарот.

Претходно беше објавено дека Галатасарај покажува интерес за Хакан Чалханоглу, но досега нема ниту една официјална понуда за него.


Реми без голови на Шкендија во Велс

Фудбалерите на Шкендија одигра абез погодоци (0-0) на првиот натпревар од 1. коло во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите на гостувањето кај ТНС во Велс. Вечерва во меч во кој домашните имаа повеќе обиди кон голот на тетовци, на крајот не видовме ниту еден погодок, но овој резултат веројатно им дава сериозна шанса на нашите шампиони во реваншот на домашен терен.

ТНС не ја искористи предноста на домашниот терен и во Скопје ќе допатува практично од „нула“. Шкендија извади реми и следната недела ќе се обиде да се избори за пласман во 2. елиминациско коло.