фудбал

На Јувентус му се заканува суспензија од девет бода

Полицијата од Торино пред неколку месеци заплени важни документи од седиштетотo на Јувентус и отвори истрага за работењето на раководството кое поднесе оставка на крајот на месец ноември, а поради финансиските малверзации и прикривањето документи, клубот може да добие и казна во вид на одземање бодови.

Тоа денес официјално го побарал обвинител од страна на Италијанската фудаблска Федерација, односно спорстскиот обвинител Џузепе Чине.

Тој побарал на Јувентус да му бидат одземени девет бодови за скандалот кој изби непосредно пред стартот на Светското првенство, а кој направи да видиме промена на една цела гарнитура во раководните структури на клубот.

Полицијата и обвинителството се уште врши истрага за спорното финансиско работење на клубот во ерата на Андреа Ањели, за кого обвинителот Чине бара суспензија од 16 месеци.


Гундоган од јуни се сели на „Камп Ноу“ без обештетување

Фудбалерот  од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, на крајот на сезонава ќе го напушти англискиот состав и ќе се пресели во редовите на Барселона.

Репрезентативецот на Германија на 30 јуни ќе биде слободен играч и ќе замине на Пиринеите. Веста ја потврдија повеќе медиуми во Шпанија.  

32-годишниот играч  кој беше купен во 2016 година од Борусија Дортмунд,  досега одигра  278 меча за „граѓаните“.


Кварацкелија заради болест не игра против Салернитана

Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацкелија, може да го пропушти викенд натпреварот против Салернитана во ракмките на Серија А.

21-годишниот Грузиец е болен од грип и не се појави на денешниот тренинг на тимот. Доколку искусниот играч не се опорави, на неговото место ќе игра нашиот, Елиф Елмас.

Кварацелија покажува брилијантна форма со 9 голови и 12 додавања од почетокот на сезоната. Тој во вторникот ја пропушти средбата против Кремонезе во рамките на Купот.


Уапсен Дани Алвес од каталонската полиција

Дани Алвес утрово бил yaпсен и ќе биде изнесен пред судија кој ќе одлучува дали Бразилецот ќе оди зад решетки или ќе се брани на слобода. Проблемите за Алвес започнаа минатата година откако една девојка го обвини за ceкcyален напад минатата година во ноќен клуб во Барселона.

Според исказот на девојката фудбалерот ја ставил раката во нејзината долна облека. Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Алвес утрово дал своја изјава во полициската станица, а потоа бил yaпсен.

Засега не е се најавува каков би можел да биде исходот и одлуката на судијата.


Ингс ја напушти Астон Вила и го засили Вест Хем

Иако прво Астон Вила не сакаше да го пушти Ингс во Лондон, набрзо беше постигнат договор. „Чеканите“ за услугите на напаѓачот платија 15 милиони фунти и тој ќе стане нов член на Вест Хем кој е најнепријатното изненадување сезонава во Премиер лигата.

Вест Хем се мачи со головите, скапо платениот Скамака не ги оправда досега очекувањата, па се очекува Ингс кој има поголемо искуство во Англија да им помогне да избегнат шокантно испаѓање.

Она што е посебно интересно во овој трансфер е што Ингс повторно ќе ги носи истите боие како што беше случај во Астон Вила и претходно во Барнли. Покрај овие клубови настапуваше уште за Саутемптон, Ливерпул, Дорчестер и Борнмут.


Гвардиола со критики за својот тим после дуелот со Тотенхем

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, упати силни критики кон своите фудбалери после победата со 4:2 над Тотенхем, во рамките на Премиер лигата.

Сити својата победа ја стекна после целосен резултатски пресврт, откако гостите од Лондон имаа водство на полувремето од 2:0.

„Ни недостасува храброст, страст, и желба за победа од првата минута. Истата работа е и со нашите навивачи. Ги сакам своите навивачи назад. Во моментот сме далеку од натпреварување на највисоко ниво. Наш нареден противник е Арсенал, чии фудбалери играат со страст и голема желба за победа. Јас во моментов не можам да го препознаам својот тим“, изјавува Гвардиола.


Гонзало Гуедеш од Вулверхемптон замина на позајмица во Бенфика

Фудбалерот на англискиот клуб Вулверхемптон, Гонзало Гуедеш, до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч во Бенфика.

Португалскиот напаѓач во Волвс, пристигна изминатото лето од Валенсија. Тој оваа сезона одигра 18 натпревари и постигна два гола. 

За 26-годишниот фудбалер ова ќе биде повторно враќање во клубот каде ја започна својата кариера.


Мемфис Депај е нов играч на Атлетико Мадрид

Досегашниот фудбалер на Барселона, Мемфис Депај , е нов член на Атлетико Мадрид.

Од мадридскиот клуб пренесуваат дека договорот со холандскиот напаѓач е потпишан на две и пол години, за што е платен износ од три милиони евра.

Во својата кариера, 28-годишниот Депај има настапувано за ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед и Лион. Депај во дресот на Барса одигра вкупно 42 натпревари и постигна 14 гола.


Мадридските клубови ќе играат четвртфинале на Купот

Денес беше одржана ждрепката за четвртфиналето на Купот на Шпанија во сезоната 2022/2023. Осум екипи продолжуваат да се борат за трофејот: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Реал Сосиедад, Валенсија, Атлетик Билбао, Осасуна и Севиља.

По ждрепката во четвртфиналето, во мадридското дерби ќе играат Реал Мадрид и Атлетико, а Барселона ќе игра со Реал Сосиедад.

Сите парови изгледаат вака:

Реал Мадрид – Атлетико Мадрид

Осасуна – Севиља

Валенсија – Атлетик Билбао

Барселона – Реал Сосиедад

Натпреварите ќе се играат во вторник, среда и четврток следната недела (24, 25 и 26 јануари).


Руди Фелер повторно директор на германската репрезентација

Руди Фелер е новиот директор на фудбалските селекциите на Германија. Тој доаѓа на местото на Оливер Бирхоф, кој ја извршуваше функцијата изминатите години.

„Нашата главна цел е да ги поставиме темелите за успешно Евро 2024 на домашен терен со поддршка од цела Германија“, се вели во соопштението за печатот со кое беше објавено назначувањето на Фелер.

Поранешниот напаѓач имаше 90 натпревари и 47 гола за Бундес тимот во периодот од 1982 до 1994 година, а меѓу 2000 и 2004 година беше селектор на најдобрфата репрезентација на Германија.