фудбал

Комо одби да го ослободи Фабрегас да го преземе Баер Леверкузен

Комо го информирал Баер Леверкузен дека нема намера да го пушти главниот тренер на тимот, Сеск Фабрегас, според информациите на инсајдерот Фабрицио Романо.

Според информациите, 37-годишниот Шпанец е вклучен во долгорочно планирање на иднината на италијанскиот клуб.

Претходно беше објавено дека Баер Леверкузен, Рома, РБ Лајпциг и други европски клубови се заинтересирани за услугите на Фабрегас.

Младиот стручњак е на чело на Комо од летото 2024 година. Под негово водство, дебитантот во Серија „А“ е на 10-то место на табелата со 48 бода по 36 кола.


Интер заработи најмногу од италијанските клубови сезонава

Челниците на Интер ги тријат рацете од задоволство по досегашниот настап на тимот во Лигата на шампионите.

Тимот од Милано заработи речиси 200 милиони евра од учеството оваа сезона во друштвото на најдобрите, што е повеќе од кој било друг клуб од Серија А досега. И тоа не е сè.

Клубот ќе добие уште 10,5 милиони евра доколку го освои трофејот. Од нив, 6,5 милиони евра се за триумфот во Лигата на шампионите, додека останатите 4 милиони евра се за учеството во Суперкупот на УЕФА, во кој освојувачот на Лигата на шампионите на 13 август на стадионот „Фриули“ во Удине ќе се соочи со освојувачот на Лига Европа (Тотенхем или Манчестер Јунајтед).

Според италијанските медиуми, Интер заработил 133 милиони евра од награди во Лигата на шампионите и околу 60 милиони евра од продажба на билети за меѓународни натпревари во сезоната 2024/2025.


Скара наместо парада за Манчестер Јунајтед доколку освои Лига Европа

Според „The ​​Sun“, во Манчестер нема да има масовна прослава доколку Јунајтед излезе од финалето како победник. Место трофеј парада на улиците од Манчестер, газдите имаат во план да прослават со скара на Карингтон. 

Јунајтед нема одржано трофеј парада откако Сер Алекс Фергусон се пензионираше по 13-тата премиерлигашка титула во 2013 година. 

Веројатно е дека зафатениот распоред е делумно виновен за пригушените прослави, при што Јунајтед треба да се соочи со Астон Вила на нивниот последен натпревар во Премиер Лигата четири дена по соочувањето со Тотенхем, после ќе земе исцрпувачки 15-часовен лет до Азија на турнејата во Куала Лумпур и Хонг Конг на 28 и 30 мај. 

Со оглед на тоа што Јунајтед седи толку ниско на англиската табела, Аморим сакаше да нагласи дека не мисли освојувањето на Лига Европа ќе ја „спаси“ хорор-сезоната што ја доживеа клубот. 


„Сите знаат дека тоа е навистина важно за нашата сезона“, рече Аморим кон крајот на минатиот месец. „Знаеме дека ништо нема да ја спаси нашата сезона, но ова може да биде огромно. 
 
 


Баерн има доставено официјален предлог до Џонатан Тах

Според Фабрицио Романо, Баерн Минхен има доставено предлог до дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Тах. Германецот е еден од најбараните слободни играчи на пазарот откако објави дека нема да го продолжи договорот со Леверкузен. 

Понудениот договор, наводно, е тригодишен со опција за продолжување. Интересот на Баерн е долгогодишен, минатото лето беше блиску до потписот на Тах, но трансферот пропадна откако двата клуба не успеаја да договорат сума.   

Барселона исто така се обидуваше да го потпише Тах подолго време, но останувањето на Араухо, Кристенсен и Ерик Гарсија го смена тој план. 

Сега, кога Тах е достапен како слободен играч и со заминувањето на Ерик Диер во Монако, Баерн сака да реагира брзо и да го обезбеди неговиот потпис. 
 


Карло Анчелоти планира да го врати Касемиро во бразилскиот тим

Одлуката на Карло Анчелоти да ја преземе функцијата селектор на бразилската репрезентација можеби стана официјална пред еден ден, но се верува дека Италијанецот веќе почна да носи одлуќи околу тимот. 

Со сите очи кон брзото приближување на Светското Првенство во 2026 година, кое треба да се одржи во САД, Мексико и Канада, 63-годишниот тренер, се вели дека го таргетирал играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро. Вокален и искусен лидер, 33-годишниот бразилец играше под Анчелоти во Мадрид, освојувајќи ја Ла Лига, две Лига на Шампиони и други купови. 

Сега, се верува дека Касемиро уште еднаш го привлече вниманието на Анчелоти, а Фабрицио Романо изјави дека играчот од средниот ред е баран поради неговите лидерски способности и искуство. 


Последен пат повикан за бразилската репрезентација во 2023 година, кога беше именуван за капитен од тогашниот селектор Фернандо Диниз, Касемиро, ако биде избран, ќе донесе многу искуство и победнички менталитет во тимот. 


Шон Дајч ќе биде наследникот на Ван Нистелрој во Лестер Сити

MANCHESTER, ENGLAND – DECEMBER 26: Sean Dyche the head coach / manager of Everton during the Premier League match between Manchester City FC and Everton FC at Etihad Stadium on December 26, 2024 in Manchester, England. (Photo by Robbie Jay Barratt – AMA/Getty Images)

Поранешниот менаџер на Евертон, Шон Дајч е кандидат за тренерското место во испаднатиот Лестер, објави „ТокСпорт“.

„Лисиците“ се очекува да се ослободат од Холанѓанецот Ван Нистелрој на крајот на сезоната и ќе мора да бараат нов менаџер. Ван Нистелрој има договор до 2027 година, но веројатно ќе го напушти стадионот „Кинг Пауер“.

„ТокСПОРТ“ дознава дека Шон Дајч е меѓу кандидатите да го врати тимот експресно во елитата. Тој двапати го носеше Барнли во Премиерлигата, пред да се приклучи во Евертон во 2023 година.


Винициус и Лукас Васкез ќе го скокнат дуелот со Мајорка

Реал Мадрид објави дека напаѓачот Винициус Жуниор и дефанзивецот Лукас Васкез се повредени.

На Бразилецот му беше дијагностицирано истегнување на лигаментите на левиот зглоб, додека Васкез исто така се пожалил на болку на бутниот мускул.

Според медиумите во Шпанија, Винициус ќе биде надвор од терените околу една недела, додека Васкез би можел да биде подготвен за натпреварот против Севиља во Ла Лига на 18 мај.

И двајцата играчи ќе го пропуштат натпреварот Реал Мадрид – Мајорка од 36-то коло на Ла Лига кој ќе се игра на 14 мај.


Ханси Флик добива нов договор во Барселона

Тренерот на Барселона Ханси Флик ќе остане во клубот до јуни 2027 година.

Откако пристигна на клупата, германскиот стручњак донесе одлична атмосфера во соблекувалната на Барселона.

Оваа сезона тие Барса е еден од најдобрите тимови во Европа и беше многу блиску до трофеј во секое можно натпреварување. На крајот, ќе мора да се „задоволи“ со три трофеи, бидејќи е на два бода од Примера, а веќе триумфираше во Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија.

Со вчерашниот триумф над „кралскиот“ клуб, Флик стана само вториот тренер кој славел во првите четири „Ел Класика“ – придружувајќи му се на Пеп Гвардиола кој досега беше сам на таа листа.

Многу фудбалери процветаа под водство на Германецот, а Барселона брзо стана една од најдоминантните сили на стариот континент.


Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно како селектор на Бразил

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ќе стане најплатен тренер во светот откако во јуни ќе го напушти Реал Мадрид и ќе седне на клупата на фудбалската репрезентација на Бразил, објавија шпанските медиуми.

Според весникот „АС“, Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно, односно 9,2 милиони евра годишно. Ова ќе го направи најплатен тренер во светот. Досега тоа беше Томас Тухел, кој заработува шест милиони евра годишно како селектор на Англија.

Платата на Анчелоти е двојно поголема од неговите двајца претходници на клупата на Бразил, Тите и Доривал Жуниор.

Официјалната промоција на Анчелоти е закажана за 26 мај во Рио Де Женеиро, а следниот месец Италијанецот ќе го предводи Бразил на натпреварите од мундијалските квалификации против Еквадор и Парагвај.


Наполи достави предлог до Џонатан Дејвид да се приклучи по истек на договорот со Лил

Дејвид ужива во голови и асистенции одкако се приклучи на Лил во 2020 година. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и се верува дека ќе бара нов предизвик.  

Интерес за негов потпис покажаа неколку врвни европски клубови, меѓу кои Јувентус и Интер, но Наполи достави понуда до напаѓачот и притиска да го финализира договорот. 

Тимот на Антонио Конте моментално води во трката за титулата во италијанската лига и импресионира со своите перформанси оваа сезона. Иако се во силна форма, клубот сè уште има за цел да ја подобри својата напаѓачка линија додека се подготвува за следната сезона. 

25-годишниот фудбалер е во фантастична форма оваа сезона за Лил, постигнувајќи 25 гола и 12 асистенции во сите натпреварувања.  

Дејвид е на списокот на Наполи веќе подолго време и би можел да биде на пат за Италија доколку разговорите напредуваат добро.