фудбал

Ван де Бек пак се повреди, нема да игра до крајот на сезоната

Манчестер Јунајтед веќе потврди преку менаџерот Ерик тен Хаг
дека Дони ван ден Бек нема да настапува до крајот на сезоната, а
причина е посериозна повреда на коленото која барала
оперативен зафат.
Холандскиот фудбалер нема да се врати на терените пред
почетокот на следната сезона, а дотогаш му следува долг процес
на рехабилитација.
Вечерва и самиот Ван де Бек преку социјалните мрежи испрати
порака до фановите.
„Навистина сум разочаран што сезоната е завршена за мене. По
успешната операција, време е да ја почнам рехабилитацијата и ќе
направам се за да се вратам посилен за овој клуб“, напиша
Холанѓанецот, кој не заборави да се заблагодари за многуте
пораки со поддршка.


Ренар демантира дека ќе ја преземе селекцијата на Белгија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Ерве Ренар, ги демантира шпекулациите дека ќе биде нов селектор на Белгија.

Репрезентацијата на Белгија остана без селектор откако Роберто Мартинез поднесе оставка после елиминацијата во групната фаза на Мундијалот во Катар. Тој во меѓувреме стана селектор на Португалија.

Фудбалскиот сојуз на Белгија неодамна објави оглас за избор на нов селектор, но се уште не е познато кој ќе го преземе водењето со селекцијата. 

Како еден од кандидатите кои се споменуваше за нов селектор е и Ренар кој ја демантираше веста дека е во игра за оваа функција. 54- годишниот Ренар во кариерата ги има водено Замбија, Ангола, Брегот на Слоновата коска и Мароко.


Голманот на Порто е прв пик за замена за Нојер

Голманот на Порто, Диого Коста би можел да се пресели во Бундеслигата.

Според новинарот Бруно Андраде, за играчот е заинтересиран Баерн, кој сака да се засили на голманската позиција во јануари, но е подготвен да почека и до лето доколку има потреба.

Договорот на португалскиот репрезентативец со неговиот клуб е со важност до 2027 година, а сумата за раскинување на соработката е 75 милиони евра. На СП 2022 во Катар, Диого беше прв голман на Португалија и играше на сите 5 натпревари.


Рома по секоја цена сака да го задржи Смолинг

Спортскиот директор на Рома, Тијаго Пинто изрази уверување дека
клубот ќе го продолжи договорот со дефанзивецот Крис Смолинг.
„Работиме на услови кои ќе одговараат на сите. Крис е важен за
клубот. Тој сака да продолжи да игра за нас, а ние сакаме тој да
остане“, изјави Пинто за „Фудбал Италија“.
Смолинг е во Рома од октомври 2020 година. Во сезоната 2022/23 тој
постигна три гола на 23 натпревари за тимот.
Договорот на 33-годишниот Англичанец со Римјаните е со важност до
крајот на јуни 2023 година.


Роналдо го посети тренингот на Реал Мадрид

Кристијано Роналдо издвои време и го посети тренингот на својот поранешен клуб Реал Мадрид, пред финалниот дуел од шпанскиот Супер куп против Барселона во Саудиска Арабија.

Роналдо кој после потпишувањето за Ал Наср веќе се пресели во Саудиска Арабија, не можеше да ја пропушти можноста да се види со некои свои бивши соиграчи од Реал, како и со италијанскиот стратег Карло Анчелоти. Роналдо помина девет сезони во „Кралскиот клуб“ каде оствари огромни успеси на клупски план.


Синот на легендата Роналдињо доаѓа во Ла Масија

Барселона го донесе на проба синот на легендарниот Роналдињо,
Жоао де Асис Мореира.
Талентираниот фудбалер има 18 години и игра како офанзивен
фудбалер. Тој го раскина договорот и ќе се обиде да се наметне
во Барселона, каде неговиот татко ги постигна најголемите
успеси.

Жоао е единствен наследник на Роналдињо, од бракот со
Жанаина кој беше склопен в0 2004 година, а година подоца го
доби синот. Доколку ги задоволи тренерите на Барселона ќе му
биде понудн договор до 2025 година и ќе остане во „Ла Масија“.


Бенџамин Менди ослободен од обвинувањата за силување

Бенџамин Менди, сега веќе поранешниот играч на Манчестер
Сити е прогласен за невин.
Против Менди имаше шест обвинувања за cилyвање, меѓутоа на
крајот тој доби ослободителна пресуда. Менди извесен период
помина во пpитвор и во овој момент има 28 години, а веќе две
години се бори да добие ослободителна пресуда.
Заедно со Менди прогласен за невин е и неговиот пријател 48-
годишниот Луис Саха Матир кој беше обвинет за cилyвање на две
тинејџерки.


Чеферин се огласи околу идејата за формирање на Балканска лига

Од година во година во медиумите се зборува за потенцијалното
формирање на регионална фудбалска лига на територијата на
поранешна Југославија, натпреварување кое би било слично на
кошаркарската АБА лига.
Но, колку и да сакаат голем број љубители на фудбалот во овие
простори да се случи ова, на крајот секогаш се доаѓа до заклучок
дека „сеуште не е време“ за тоа, пред се поради многу
поголемите безбедносни ризици шѓо би настанале со
формирањето на таква фудбалска лига.
По неколкумесечен молк на оваа тема, својот став по ова
прашање го искажа и претседателот на УЕФА Александар
Чеферин.
„Не ја исклучувам можноста за формирање регионална лига.
Сепак, во моментов е многу ризично да се организира таква лига
во нашиот регион или поранешната држава“, изјави Чеферин за
српските медиуми во Белград.


Вегхорст го стави потписот на договорот со Манчестер Јунајтед

Фудбалерот на Барнли, Вут Вегхорст, до крајот на сезоната ќе настапува на позајмица во Манчестер Јунајтед, откако и официјално стави потпис на договорот со клубот од „Олд Трафорд“.

Холандскиот напаѓач, претходно го раскина договорот за позајмица со турскиот клуб Бешикташ, каде настапуваше од јули минатата година.

„Се чувствувам привилегирано што ќе играм за голем клуб како Манчестер Јунајтед, и се надевам дека ќе дадам свој придонес за поголеми успеси на екипата“, изјави 30- годишниот фудбалер.

Вегхорст пред да игра во Барнли, настапуваше за германскиот Волфсбург. Оваа сезона во Бешикташ тој постигна девет гола на 18 натпревари.


Жоао Феликс го чека драконска казна зарадои исклучувањето против Фулам

Жоао Феликс скапо ќе го чини Челзи. Само што заигра за „сините“ како позајмен од Атлетико, Португалецот синоќа на дебито кај Фулам доби директен црвен картон и беше исклучен во поразот од 2-1.

Според правилата на Премиер лигата, ова исклучување на Феликс му носи автоматска суспензија од три натпревари. Челзи го позајми Феликс од Атлетико до крајот на сезоната со обештетување од 11 милиони евра и ја презеде неговата плата од 250 илјади евра неделно, но по овој црвен картон скоро еден од овие 6 месеци од позајмицата Феликс ќе биде надовор од терените.

Португалецот поради црвен картон ќе ги пропушти натпреварите против Кристал Палас, Ливерпул и Фулам.

Тоа практично значи дека тој ќе пропушти една петтина од позајмицата во Челзи.