фудбал

Повредата на Балде е сериозна, се враќа дури следната сезона

Барселона беше елиминирана од Копа дел реј, но уште поголем проблем за тренерот Чави е тешката повреда што ја заработи левиот бек Алехандро Балде, пред кого сега е долга пауза од фудбалските терени.

Деталните прегледи покажале дека станува збор за повреда на бицепсот на десната нога, но иако вообичаено при повреди на мускулите паузата не е подолга од два месеци, овојпат ситуацијата е многу посериозна.

Балде ќе мора да замине на хируршки зафат, по што ќе претстои пауза од најмалку четири месеци, што би значело дека за офанзивниот лев бек оваа сезона предвреме е завршена.


Артета по секоја цена го сака Зубименди од Реал Сосиедад

Екипата на Арсенал  веројатно ќе успее да го обезбеди потписот на играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди.

24-годишниот фудбалер потекнува од школата на тимот од Сан Себастијан и досега има 137 натпревари со ефект од 8 голови и седум асистенции.

Зубименди има одиграно четири средби за селекцијата на Шпанија. Неговиот трансфер кај „топчиите“ треба да се случи во текот на летото.


Кенан Јилдиз ќе добие подобрен договор во Јувентус

Италијанските медиуми објавија дека Јувентус планира да го задржи на подолг период младиот фудбалер, Кенан Јилдиз.

18-годишниот Турчин одигра 13 натпревари на кои постигна 3 гола. Неговиот актуелен договор е до 2027 година со плата од 300.000 евра по сезона. Сега „старата дама“ планира да ја зголеми сумата до 1 милион евра годишно.

Покрај тоа, клубот сака да го продолжи неговиот договор до 2029 година. Веројатно новата соработка ќе биде официјализирана на крајот на сезоната.


Анелка нов спортски директор на анонимен турски второлигаш

Николас Анелка кој играше за бројни европски клубови стана извршен директор на турскиот второлигаш, Умраниспор.

Клубот официјално го потврди ангажманот на 44-годишниот Анелка кој краток период како фудбалер помина и во Турција (Во текот на 2005 и 2006 го носеше дресот на Фенербахче).

Анелка за француската репрезентација во кариерата одигра 69 натпревари и постигна 14 гола. Кариерата ја започна во Пари Сен Жермен, а подоцна играше уште за Арсенал, Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити, Јувентус, Челзи, Вест Бромвич, Шангај Шенуоха и индискиот Мумбаи каде што ја заврши кариерата.

Со текот на времето клубовите за неговите трансфери вкупно платија 127 милиони евра и своевремено беше на врвот на ваквата листа, но подоцна со порастот на цените на трансфер пазарот го престигнаа бројни фудбалери.


Аргентинскиот супер-талент Ечевери потпиша за Сити

http://www.elpunt.cat

Maнчестер Сити го потврди ангажманот на еден од најголемите аргентински таленти, Клаудио Ечевери кого го споредуваат дури и со Лионел Меси.

Аргентинецот со „граѓаните“ потпиша договор до 2028 година, меѓутоа на „Итихад“ ќе пристигне дури наредниот јануари, а наредниот период ќе го помине во Ривер Плата каде што ќе игра како позајмен фудбалер и ќе има можност да се стекне со дополнително искуство.

Во Аргентина тој е популарен по прекарот „Ел Дибалито“, има 18 години, а англискиот шампион за него ќе плати сума од 12.5 милиони евра, плус Ривер договори и одредени бонуси.


Сари го носи Федерико Бернардески во Лацио

Лацио има намера да го засили напаѓачкиот потенцијал на тимот во тековниот зимски преоден рок, пренесува „Calciomercato“.

Според изворот, тренерот на Римјаните Маурицио Сари е заинтересиран за потписот на 29-годишниот крилен напаѓач на Торонто, Федерико Бернардески. Италијанскиот фудбалер веќе работеше под водство на тренерот на Лацио во сезоната 2019/2020 во Јувентус.

Забележано е дека Лацио не брза да го придобие Бернардески на трајна основа и моментално размислува за само шестмесечна позајмица за играчот.

Да потсетиме, Бернардески играше за Јувентус пет години (од 2017 до 2022 година). Минатата сезона Италијанецот одигра 33 натпревари за Торонто во сите натпреварувања, на кои постигна пет гола и четири асистенции. Договорот на играчот со канадскиот клуб е со важност до крајот на 2026 година. 

Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 5 милиони евра. Претходно беше објавено дека самиот Бернардески ги понудил своите услуги на Јувентус. Напаѓачкиот играч сонува да се врати во клубот од Торино.


Кеси го напушта Ал Ахли и се враќа во Италија

Франк Кеси минатото лето ја напушти Барселона и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија во дресот на Ал Ахли, потврдија денес двата клуба.

Кеси не се снајде најдобро во Барселона и кратко му траеше авантурата на „Камп Ноу“, иако пристигна како големо засилување.

Сега Кеси не е задоволен во Саудиска Арабија и сака повторно да се врати во Европа, односно во Серија А каде ја доживеа својата афирмација.

Силен интерес за него покажува Јувентус, кој е во потрага по играч за врска, а Алегри многу ги цени квалитетите на Кеси.

Јувентус ќе се обиде да го доведе Кеси на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.


Капело: На Реал му треба Халанд, а не Мбапе!

Фабио Капело смета дека на Реал Мадрид во моментов повеќе му е потребен Ерлинг Халанд, отколку Килијан Мбапе од ПСЖ.

„Кралевите“ постојано се поврзуваат со трансфер на Мбапе и веќе неколку години работат на негово доаѓање на „Сантиаго Бернабеу“.

Сепак, Капело смета дека на Реал му е потребен класичен голгетер како Халанд бидејќи веќе го има Винисиус, кој има слични карактеристики како Мбапе.

„Мбапе не е централен напаѓач, тој сака да игра на крилните позиции. Реал веќе го има Винисиус. На Реал му треба центарфор, па поради тоа сметам дека Халанд е подобар избор“, истакна Капело.


Арсенал нуди 50 милиони евра за бисерот на Болоња

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиумите на Апенините.

22-годишиот Зиркзе поникна во академијата на Баерн Минхен, но бидејќи не можеше да се избори за место во тимот беше испраќан на позајмици. Зиркзе блеска оваа сезона во Болоња и беше избран за откритие на сезоната во Серија А, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Арсенал сака да ја победи конкуренцијата бидејќи Зиркзе е голема желба на Артета и спреми понуда од 50 милиони евра.


Бензема: Сите пишувања за мене се лага!

Со денови се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата легендарниот Карим Бензема. Медиумите го преселија во Челзи, Арсенал, Лион, вчера се појави информација дека и Манчестер Јунајтед го сака…

За сето ова време Французинот кој има астрономски договор со Ал Итихад не се огласи, а синоќа реши да стави крај на сите овие гласини и јасно стави до знаење дека нема намера да ја напушти Саудиска Арабија, иако тренерот Марсело Гаљардо не го однесе на мини – подготовките за Дубаи.

„Чиста лага! Француските медиуми веќе не знаат што да измислат. Колку е поголема лагата, толку подобро“, одговори синоќа Бензема на прашањето дали ќе го напушти Ал Итихад.

Францускиот напаѓач минатата година по 14 сезони го напушти Реал Мадрид и се пресели во Ал Итихад, каде не пружа игри на кои се навикнати љубителите на фудбалот.