фудбал

Атлетико Мадрид ќе се обиде да го доведе Фирмињо

Шпанскиот фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид ќе се обиде да го доведе напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, кој би требало да го замени Матеус Куња, кој е испратен на позајмица во Вулверхемптон.

Куња замина на шест месечна позајмица во Волвс, но клубот има откупна клаузула од околу 40 милиони евра, и се очекува на крајот од сезоната, тој да направи трансфер во оваа екипа.

Со заминувањето на Куња од клубот, Атлетико ќе се обиде да го доведе Боби Фирмињо од Ливерпул. 31-годишниот Бразилец оваа сезона постигна 9 гола на 20 натпревари во сите натпреварувања.

Другите опции за Атлетико Мадрид се напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам, како и Мемфис Депај од Барселона.


Конте доби понуда за нов договор, но не брза да го потпише

Тотенхем ќе му понуди нов договор на тренерот Антонио Конте со
зголемување на платата.
Од клубот се подготвени да ја зголемат платата на италијанскиот
стручњак за 1 милион фунти годишно. Исто така, се дознава дека
клубот е подготвен да ангажира двајца нови играчи во зимскиот
преоден рок за да го засили тимот.
Сепак, Конте не брза да потпише нов договор. Тој сака да се погрижи
да биде поддржан не само во јануари, туку и во летниот преоден рок,
објави „Телеграф“. Дополнително, одлуката на италијанскиот
стручњак ќе зависи и од желбите на неговото семејство, кое се уште
престојува во Италија.
Антонио Конте го презеде Тотенхем во ноември 2021 година. Оваа
сезона клубот под негово водство стигна до плејофот во Лигата на
шампионите и по 15 кола се наоѓа на четвртото место на табелата во
Премиер лигата.


Коринтијанс загреан да го врати Кутињо во Бразилерао

Филипе Кутињо би можел да ја напушти Премиер лигата и да се врати
во Бразил. Играчот сака да го направи тоа. Коринтијанс е
заинтересиран за неговите услуги, објавија медиумите во Бразил.
Сепак, ќе биде тешко да се изврши целосен трансфер – ова може да
биде попречено од високата плата на играчот. Бразилците би можеле
да му понудат на англискиот клуб опција за позајмица во која
клубовите ќе ги поделат трошоците за платата на Кутињо. Постои и
можност клубот од Бирмингем да го раскине договорот со
Бразилецот, но оваа опција е малку веројатна.
Астон Вила го купи Кутињо од Барселона за 20 милиони евра во мај
оваа година. Каталонците ќе добијат 50% од сумата за препродажба на
играчот од средниот ред. Бразилецот во тековната сезона од Премиер
лигата одигра 12 натпревари и немаше забележителен ефект.


Јувентус ја објави цената на Адриен Рабио

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус ја објави сумата за која би можел да го продаде својот играч за врска Адриен Рабио. 

Францускиот репрезентативец остави одличен впечаток со своите игри за време на Светското првенство во Катар и предизвика интерес кај голем број европски клубови.

Договорот на Рабио со Јувентус истекува на крајот од сезоната и се чини дека нема да биде обновен. „Бјанконерите“ планираат во јануари да се разделат со францускиот интернационалец за сума од околу 10 милиони евра за да го спречат да си замине од клубот како слободен играч во летниот преоден рок.

Еден од кандидатите за потписот на Рабио е Манчестер Јунајтед, клуб кој беше многу блиску до негов ангажман минатото лето. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да му платат 10 милиони евра на Јувентус за услугите на 27-годишниот играч.


Меси останува во Париз Сен Жермен до 2024 година

Угледниот спортски медиум, Еуроспорт, пренесува дека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се договорил за продолжување на договорот со Париз Сен Жермен до 2024 година.

Меси во моментов се наоѓа во родната Аргентина, каде ја прославува освоената светска титула на Мундијалот во Катар, но наскоро се очекува тој да се врати во Париз каде заедно со претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Луис Кампос ќе ги дефинира деталите за новиот договор.

Иако постоеја шпекулации дека Меси, после истекот на оваа сезона ќе се врати во екипата на Барселона од каде пристигна во ПСЖ, најверојатно високата финансиска понуда од катарските сопственици ќе биде пресудна тој да остане во тимот од Париз.


Роналдо пристигна во Ријад, потписот со Ал Наср е реалност

Кристијано Роналдо слета во Ријад во Саудиска Арабија, каде најверојатно ќе го финализира трансферот во екипата на Ал Наср. Тој изминатиов период тренираше во Мадрид со Реал Мадрид, но крајната дестинација ќе му биде Саудиска Арабија, од каде ја доби единствената понуда за продолжување на кариерата со големи финансиски придобивки.

Денеска тој е „уловен“ од камери на аеродромот во Ријад во Саудиска Арабија, па наскоро се очекуваат и официјално вести за евентуалниот трансфер.


Мароканците ја дарувале премијата за успехот на Мундијалот

Фудбалерите на мароканската репрезентација одлучија да ги донираат сите пари заработени на Светското првенство во Катар во 2022 година за да им помогнат на сиромашните семејства во својата земја.

Мароканците беа хит на Мундијалот и станаа првата африканска селекција која успеала да стигне до полуфинале на едно Светско првенство. Мароканските фудбалери добија и финансиска награда, а одлучија сите пари од учеството и пласманот на СП што ќе ги додели ФИФА да ги донираат за сиромашните луѓе во земјата.

Мароканската репрезентација за својот настап заработила околу 25 милиони долари.


Два премиерлигаши го сакаат Алексис Мек Алистер

Манчестер Јунајтед и Арсенал размислуваат да го ангажираат играчот
од средниот ред на Брајтон и Аргентина, Алексис Мек Алистер.
Познато е дека Манчестер Јунајтед го следи играчот од почетокот на
сезоната. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета сака да го види Мек
Алистер во клубот бидејќи мисли дека се вклопува во системот на
игра на неговиот тим.
23-годишниот фудбалер оваа сезона одигра 14 натпревари во Премиер лигата, постигна пет гола и даде три асистенции. На Светското првенство во Катар 2022 година, Мек Алистер одигра шест средби, постигнувајќи еден гол и една асистенција. Заедно со Аргентина, тој стана освојувач на титулата, откако одигра 116 минути во финалето.


Белингем одлучил својата кариера да ја продолжи во Реал Мадрид

Англиските медими објавуваат дека младата ѕвезда на Англија и Борусија Дортмунд, Џуд Белингем одлучи каде ќе ја продолжи фудбалската кариера. 

Според написите, 19-годишниот играч за врска е подготвен да се пресели во Реал Мадрид, а се очекува зделката за него да ја надмине сумата од 100 милиони евра.
Белингем имаше одлично Светско првенство, и со Англија стигна до четвртфиналето, а претходно прикажуваше одлични настапи во Дортмунд. 

Сериозен интерес за Белингем има од топ клубовите во Премиер лигата, Ливерпул и Манчестер Сити. Сепак, Белингем веројатно решил да не се враќа на Островот, туку кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.


Ако се пресели во Италија, Мбапе би играл за Милан

Килијан Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот и голема желба за многу клубови во Европа.

Минатото лето одлучи да го продолжи договорот со ПСЖ, иако имаше богата понуда од Реал Мадрид. Французинот сега откри кој е неговиот омилен италијански клуб за кого би играл во Серија А.

„Секогаш кажувам дека ако некогаш играм во Италија, тоа ќе биде само за Милан. Таму има многу мои сонародници, како и Ибра кој е легенда. Како дете навивав за Милан“, изјави Мбапе.