фудбал

Познат е новиот селектор на Шпанија

Нов селектор на шпанската фудбалска репрезентација е Луис де ла Фуенте. Тој е досегашен селектор на младинските селекции на Шпанија.

Де ла Фуенте на селекторското место ќе го замени Луис Енрике кој ја напушти функцијата после дебаклот на Шпанија во осминафиналето од Мундијалот во Катар каде беше елиминирана од Мароко.

61- годишниот Де ла Фуенте претходно ги има водено екипите на Португалета, Аурера, Атлетико Билбао Б, Алавес, како и младинската и олимписката репрезентација на Шпанија.


Мусиала ќе добие нов договор во Баерн

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, вели дека Баварците планираат да ја продолжат соработката со 19 – годишниот фудбалер, Џамал Мусиала, кој ги бранеше боите на Германија на Мундијалот во Катар.

„Пред Светското контактиравме со неговата мајка и со неговите агенти. Ние сакаме да го задржиме во екипата на подолг период. Секако ќе седнеме да преговараме“, изјави Салихамиџиќ за весникот „Билд“.  

Мусиала, прв пат го облече дресот на Берн Минхен во 2019 година. Неговиот сегашен договор истекува во 2026 година.


Елмас ја откри својата желба: Сакам да играм со Македонија на Мундијал

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, посакува да освои многу трофеи со екипата на Наполи.

„Четири години сум во Наполи и сакам нов трофеј. Ќе дадеме сè во Серија А и во ЛШ а на крај се надевам и верувам дека ќе бидеме шампиони. Живееме во прекрасен момент но, мора да гледаме напред и да не застануваме. Што се однесува до Македонија, мојата цел е да играме на наредното Европско првенство како и на наредното Светско првенство“, вели Елмас пред  денешниот пријателски меч со Анталија.


Кеси останува во Барселона, Чави го убедил да не побара трансфер

Френк Кеси нема да ја напушти Барселона во зимскиот преоден рок.

Чави одржал состанок со играчот и ја потврдил довербата на стручниот штаб. Тренерот на Барселона објаснил дека процесот на адаптација може да биде тежок за играчите кои доаѓаат од странство. Кеси имаше малку тренинзи пред натпреварите на почетокот на сезоната, но Чави го увери играчот дека ќе ја добие својата шанса.

Оваа сезона, Кеси помина 485 минути на теренот, со што стана петтиот играч со најмала минутажа.


Фудбалер на Џенова осуден на шестгодишна затворска казна заради силување

Судот во Сиена го осуди играчот од средниот ред на Џенова, Маноло Портанова на шест години затвор за учество во групно силување, објавија тамошните медиуми. Портанова е обвинет дека силувал 21-годишна девојка на забава во Сиена. Делото го извршил во мај минатата година заедно со неговиот роднина Алесио Лангела, но и со уште двајца негови пријатели, Алесандро Капиело и неименуван 17-годишник.

И Портанова и Лангела побараа брзо судење и денеска беа осудени на шест години затвор, објави весникот. Исто така, им беше наредено да платат 120.000 евра како компензација на жртвата и нејзиното семејство.

Италијанскиот играч за врска се изјасни за невин, па сигурно ќе поднесе жалба на одлуката.


Лаутаро Мартинез игра под инјекции на Мундијалот

Лаутаро Мартинез се уште нема постигнато гол на СП во Катар, а на мечот против Австралија направи неколку грешки кои можеа да бидат кобни за „гаучосите“. Се испостави дека има причина за лошиот настап на напаѓачот.

Лаутаро чувствува болка во десниот зглоб и игра со инјекции.

„Тој има силен менталитет, но поништените голови против Саудиска Арабија го погодија. Штом болката помине, повторно ќе го видиме на теренот, бидејќи тој е фудбалер од светска класа“, објасни агентот на Мартинез, Алехандро Камано.

Аргентина утре во четвртфиналето на Мундијалот ќе се сретне со Холандија.


Тен Хаг: Неприфатливо е да загубиме на овој начин од Кадиз

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг беше доста критичен кон своите играчи по поразот од претпоследниот тим во шпанската Примера, Кадиз со 4-2 на вчерашниот пријателски меч. Холандскиот специјалист го дефинираше настапот на „црвените ѓаволи“ како неприфатлив.

„Очигледно не се разбудивме и сè уште спиевме во првите 15 минути од натпреварот. Особено во средниот ред. Тоа не може да се случи. Тоа е неприфатливо“, коментираше Тен Хаг за еден од головите на шпанскиот тим.

Манчестер Јунајтед е во камп во Дубаи, со дел од играчите на „црвените ѓаволи“, кои немаат обврски околу Светското првенство во Катар.


Атлетико Мадрид ќе бара 140 милиони евра за Жоао Феликс

Според тврдењата на некои шпански медиуми, Атлетико Мадрид како обештетување за евентуална продажба на фудбалерот Жоао Феликс ќе бара износ од 140 милиони евра.

Играчот на Атлетико Мадрид и португалски репрезентативец, Жоао Феликс, изјавува дека во моментот е фокусиран само на Светското првенство, и додава дека не размислува каде ќе ја продолжи својата кариера.

Постои голем интерес за Феликс од страна на неколку европски гиганти, меѓу кои се истакнуваат Париз Сен Жермен, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Арсенал. Португалецот е член на Атлетико Мадрид од 2019 година, и за клубот досега има остварено 129 настапи и постигнато 33 гола.


Рамос се сели во Серија А?

Серхио Рамос оваа сезона игра добро во дресот на ПСЖ, но неговиот договор со „светците“ истекува на крајот на сезоната. Последните информации се дека ПСЖ нема да му понуди договор на 36-годишниот дефанзивец бидејќи сака на негово место да доведе помлад стопер.

„Светците“ наскоро ќе започнат преговори со Бенџамин Павард од Баерн, а на Рамос ќе му ја отворат излезната врата на лето.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат Интер и Јувентус и да го доведат Шпанецот на лето без обештетување.

Наводно и самиот Рамос е отворен за авантура во Серија А, пренесуваат шпанските медиуми.


Тен Хаг: Роналдо е веќе минато за Манчестер Јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед, за прв пат се огласи после заминувањето на Кристијано Роналдо од клубот, и притоа изјави дека Португалецот е минато за англискиот премиерлигаш.

Како што е веќе познато, Роналдо го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, пред почетокот на СП во Катар, откако во ТВ интервју упати остри критики кон челниците на клубот, и тренерот Ерик тен Хаг, за кого изјави дека нема никаква доверба кон него.

„Роналдо си замина од клубот и тоа е минато. Манчестер Јунајтед сега гледа напред и кон иднината. Имаме големи амбиции за иднината. Задоволен сум од моменталната состојба, но исто така гледам дека има доста простор за напредување“, истакнува Тен Хаг.

Манчестер Јунајтед се наоѓа на петтото место од табелата во Премиер лигата.