фудбал

Белингем се израмни по вредноста на пазарот со Халанд и Мбапе

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, се израмни со напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд и напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе по пазарната вредност по најновото ажурирање од онлајн порталот Трансфермаркт.

По денешното ажурирање, пазарната вредност на 20-годишниот Англичанец се зголеми за 30 милиони евра и изнесува 180 милиони евра. Порталот исто толку ги цени 23-годишниот Халанд и 25-годишниот Мбапе.

Белингем во последниот преоден рок од Борусија Дортмунд се пресели во Реал Мадрид за 103 милиони евра. Сезонава играчот од средниот ред одигра 21 натпревар за Реал Мадрид во сите натпреварувања, на кои постигна 17 гола и пет асистенции. Договорот на играчот со мадридскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2029 година.


Болоња ја постави цената, Зиркзе вреди 40 милиони евра

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиумите на Апенините.

22-годишиот Зиркезе поникна во академијата на Баерн Минхен, но бидејќи не можеше да се избори за место во тимот беше испраќан на позајмици. Оваа сезона блеска во дресот на Болоња, а синоќа беше најдобар поединец при елиминацијата на Интер од Купот.

Зиркзе во својот договор со Болоња има откупна клаузула од 40 милиони евра, а неколку клубови се спремни да ја платат таа сума.

Милан, Јувентус и Наполи веќе ја почнаа битката за неговиот потпис, па останува да видиме каде Зиркзе ќе ја продолжи кариерта.


Потврден трансферот: Суарез се сели кај Меси во Мајами

Повеќе нема никакви дилеми, Луис Суарез кариерата ја продолжува во ИНтер Мајами каде што повторно ќе игра заедно со Лионел Меси.

Експертот за трансфери Фабрицио Романо потврди дека е постигнат договор помеѓу Уругваецот и Интер Мајами. Сите детали се договорени, а сега преостануваат да се средат само формалностите по што трансферот ќе биде и официјално објавен.

Суарез ќе потпише едногодишен договор со можност за продолжување на уште една.

Покрај Меси, Суарез повторно ќе игра заедно и со Серхио Бускетс и Жорди Алба.


Милојевиќ претставен како старо-нов тренер на Црвена Звезда

Црвена Звезда го претстави новиот тренер, на местото на Барак Бахар на кормилото на клубот се враќа Владан Милојевиќ.

Милојевиќ на клупата на Звезда се враќа по четири години. Црвено-белите со Милојевиќ на клупатао од 2017 до 2019 година освоија две шампионски титули и играа во групната фаза од Лигата на шампионите.

„Од моментот кога заминав некаде во мислите знаев дека ќе се вратам. Звезда ми даде многу низ играчката и тренерска кариера. Заминав во момент кога направив добри резултати и кажав дека Звезда секогаш може да смета на мене. Кога стигна понудата не размислував. Добро ме знаете, јас сум некој кој верува во работа и ќе направам се што можам да бидеме сите задоволни. Се надевам дека сезоната ќе ја завршиме онака како што и доликува на Звезда“, изјави Милојевиќ.

Израелецот Бахар доби отказ по поразот во дербито со Партизан, но најмногу му се замеруваше поради лошиот резултат во групната фаза од Лигата на шампионите. Јавноста очекуваше Звезда биде најмалку трета во група со Лајпциг, Јанг Бојс и Манчестер Сити.


Македонија ја заврши годината на 65. место на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 65. место на
последното рангирање на ФИФА листата за 2023 година.

Последните активности на националните селекции беа во ноември,
заклучно со крајот на квалификацискиот циклус за Европското
првенство, па оттаму и нема промени на листата.
На врвот е актуелниот светски шампион Аргентина, пред Франција, а
на третата позиција е Англија.


Џејмс три месеци надвор од терените

По уште една рунда проценки, од кои последната се одржа во средата,
беше одлучено дека операцијата е најдобриот начин на дејствување и
нема потреба од ново оддолговлекување.
Во октомври Џејмс се опорави од повредата на тетивата, поради која
остана надвор од терените два месеци.
Сепак, на декемврискиот натпревар од англиското првенство со
Евертон (0-2), Англичанецот повторно заработи повреда на тетивата,
поради која би можел да пропушти мечеви во период од три месеци.
Оваа сезона 24-годишниот фудбалер учествуваше на девет натпревари за Челзи во сите натпреварувања, на кои имаше и една асистенција.


Варан се враќа во Реал Мадрид?

Одбранбениот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан би
можел да се пресели во Реал Мадрид. Според новинарот на „Билд“,
мадридскиот клуб е заинтересиран за услугите на својот поранешен
дефанзивец поради повредата на Давид Алаба.
Австрискиот репрезентативец се здоби со скинати предни вкрстени
лигаменти на левото колено и ќе биде надвор од терените во
остатокот од сезоната.
Варан играше за Реал Мадрид од 2011 до 2021 година. Како дел од
кралскиот клуб, дефанзивецот на француската репрезентација стана
трикратен шампион на Шпанија и четири пати ја освои Лигата на
шампионите.


Два премиерлигаши го сакаат Барела од Интер

Челзи и Ливерпул се заинтересирани за ѕвездата на Интер, Николо Барела.

Барела веќе две сезони е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и го привлече вниманието на многу европски клубови. „Нероаѕурите“ сакаат да го задржат 26-годишниот играч за врска, но доколку пристигне богата понуда нема да можат да ја одбијат.

Челзи и Ливерпул покажуваат најсилен интерес за Италијанецот и нема да жалаат пари да го доведат во своите редови.


Тотенхем спремен да го доведе Французинот Тодибо

Неколку англиски гиганто се борат за потписот на францускит дефанзивец, Жан Клер Тобидо, пренесуваат медиумите на Островот.

23-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици. Во 2021 година Ница го откупи неговиот договор, а тој игра одлично во Франција и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Тобидо и во летото беше мета на Манчестер Јунајтед, но остана во Ница и оваа сезона е еден од најдобрите дефанзивци во Европа.

Сега во траката се приклучи Тотенхем и „Спарси“ се најконкретни, па сакаат да ја победат конкуренцијата и да го комплетираат трансферот во јануари.


Јуве го враќа Де Пол во Серија А

Јувентус е силно заинтересиран за играчот на Атлетико Мадрид и аргентински репрезентативец, Рдриго де Пол.

После суспензијата Погба и на Фаџоли, Алегри по секоја цена сака да донесе засилување за средниот ред, а прва желба е аргентинскиот репрезентативец Родриго де Пол. 

Де Пол беше светски шампион со Аргентина, но не е среќен во Атлетико и е спремен да ја промени средината. Атлетико исто така е спремен да слушне понуди, а Јувентус веќе почнал преговори со неговиот агент.

Де Пол блесна во Серија А во дресот на Удинезе и сигурно ќе биде големо засилување за „старата дама“.