фудбал

Флик останува селектор, Германците максимално му веруваат

Ханси Флик нема да добие отказ од германската репрезентација. И Федерацијата и играчите веруваат во него, па затоа нема да има тренерска смена кај Германците до ЕП 2024 година.

Според германските медиуми, прашањето за оставката на 57-годишниот стручњак не се ни дискутира и покрај елиминацијата на германската репрезентација во првата фаза на Светското првенство. Членовите на извршниот комитет на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) се уште му веруваат на Флик. Селекторот е високо ценет од многу играчи на германската репрезентација.

Претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф, очекува Флик што е можно поскоро да го анализира настапот на Германија на Светското првенство во 2022 година и да предложи можни решенија за проблемите во подготовките за домашното Европско првенство во 2024 година.


Челзи нема да го врати Лукаку следното лето

Челзи и менаџерот Грем Потер немаат желба да го вратат Лукаку на „Стемфорд Бриџ“ на крајот на сезоната. Лукаку минатото лето се врати во Интер на едногодишна позајмица, откако претходно влезе во конфликт со тренерот Томас Тухел.

Меѓутоа, Челзи нема намера да го враќа напаѓачот, а од Интер почнале преговори за продолжување на позајмицата.

„Нероаѕурите“ сакаат да ја продолжат позајмицата на уште една година, а и самиот Лукаку сака да остане во Милано.


Реал преговара со Баер Леверкузен за Џереми Фримпонг

Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат шпаските медиуми. Анчелоти сака да ја засили десната бековска позиција и во јануари е спремен да испрати понуда за 21-годишниот Фримпонг.

Фримпонг пристигна во Леверкузен во јануари од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година.

Играчот е продукт на школата на Манчестер Сити, но не успеа да се наметне кај „граѓаните“, па беше продаден во 2019 година.

Тој во Леверкузен игра одлично и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а покрај Реал силен интерес за него покажува и Манчестер Јунајтед. Имено, Фримпонг е голема желба на тренерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг.


Драган Стојковиќ ќе остане селектор на српската репрезентација

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, најави дека останува на должноста и покрај неуспехот да го однесе тимот во нокаут фазата на Светското првенство во Катар.

Србија го заврши настапот на Мундијалот со пораз синоќа од Швајцарија (2-3) со само еден бод зад Бразил, Швајцарија (4) и Камерун (4) во групата Г.

Сигурно дека ова не е резултат на кој се надевавме, но имајќи ги предвид сите проблеми кои ги имавме од доаѓањето на турнирот со повредени играчи и недоволна физичка подготвеност, очигледно тоа беа преголеми проблеми за нас. Играчите се бореа колку што можеа, дадоа сè уште од себе, но за ова ниво на натпреварување тоа не е доволно, изјави Стојковиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање дали останува на селекторската клупа, Стојковиќ беше дециден дека не размислува за оставка.

Секако дека останувам, во март ги почнуваме квалификациите за Европското првенство. Сакаме да се најдеме на тоа натпреварување по пауза од 24 години. Ќе бидам далеку по задоволен доколку сите мои играчи бидат здрави, рече Стојковиќ.


Одлична вест за Бразил: Нејмар повторно тренира со тимот

Еден од најдобрите играчи во репрезентација на Бразил, Нејмар, повторно се врати на тренинзите со остатокот од тимот, после повредата и пропуштените два натпревари за Бразил.

Нејмар учествуваше на последниот тренинг со соиграчите и веќе вежбаше со топка, изведувајќи удари кон голот. Според виденото се очекува тој да биде во екипата која ќе игра против Јужна Кореја во дуелот од осминафиналрто на СП во Катар.

Ова е одлична вест за Бразил и селекторот Тите, после информацијата дека фудбалерите Габриел Жезус и Алекс Телес поради повреди ќе го пропуштат остатокот од Мундијалот.


Германската јавност бара смена на селекторот Флик

Германските медиуми најавуваат дека селекторот на репрезентацијата, Ханси Флик, нема уште долго да се задржи на функцијата, бидејќи се зголемува притисокот од јавноста за негова смена.

Ако Флик навистина биде сменет од функцијата, тогаш тој ќе биде запаметен како селектор со најкраток стаж во германскиот фудбал. Тој на селекторската позиција е од август 2021, а натпреварот против Костарика кој беше последен за Германија на Мундијалот, беше 13.натпревар за Флик на клупата.

Според информациите од медиумите, за најпосакуван иден селектор на Германија се споменува тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Некои новинарски извори пренесуваат дека Фудбалскиот сојуз на Германија веќе упатил покана за разговор до Клоп, но менаџерот на тренерот тоа го демантира, и наведува дека тоа се само новинарски шпекулации.


Хименез ризикува казна од 15 натпревари заради удар врз директорот на ФИФА

Уругвајскиот дефанзивец Хозе Марија Хименез би можел да биде суспендиран на 15 натпревари откако удри со лакт еден од директорите на натпреварувањето на ФИФА за време на протестот по мечот со Гана, пишуваат европските медиуми.

Уругвајците го одработија својот дел во последното коло против Гана, за краток период постигнаа два гола и мислеа дека е готово. Дека Јужна Кореја не може да направи пресврт против Португалија и дека нивниот премин во осминафиналето е обезбеден. И токму тоа се случи, азискиот тим победи во судиското надополнување и со тоа ги елиминираше Урусите од Светското првенство.

Очекувано, избраниците на Диего Алонсо беа разочарани и лути, но не на себе, што не го постигнаа третиот гол и со тоа останаа независни од резултатите на вториот натпревар, туку на главниот судија и неговите помошници. Јужноамериканската крв зовре на последниот судиски свиреж и неколку уругвајски интернационалци се упатија кон судијата Даниел Зиберт и неговите помошници за да го изразат своето незадоволство од недосудените пенали врз Дарвин Нуњез и Единсон Кавани.


Ракитиќ: Загубив пет килограми гледајќи го натпреварот против Белгија

Натпреварот Хрватска – Белгија бил доста стресен за еден поранешен играч на „коцкестите“, кој тврди дека загубил барем 5 години од животот.

Во разговор за порталот на ФИФА, Иван Ракитиќ тврди дека овој натпревар доста негативно влијаел на него во финишот, кога нивниот гол висеше во воздухот, откако Лукаку промашуваше како на филмска лента.

Ракитиќ за Хрватска настапуваше од 2007 до 2019 година, во 106 настапи успеа да постигне и 15 голови и да биде важен играч на тогашната генерација на Хрватска.

„Многу беше тешко да се гледа натпреварот, потешко отколку да се игра верувајте. Мислам дека на натпреварот против Белгија, изгубив пет години од животот. Бев доста нервозен, затоа што бев дел од репрезентацијата многу години“.

„Во контакт сум со играчите и тренерот пред и по секој натпревар. Во срцето ми е секогаш да успее Хрватска. Им посакувам среќа на следниот натпревар и се надевам дека до крај ќе стигнеме на овој Мундијал“, порача Ракитиќ.


Заврши Мундијалот за Габриел Жесус и Алекс Телеш

Бразил пред два дена загуби од Камерун, но поголема грижа за селекторот Тите е фактот што остана без двајца важни фудбалери. Напаѓачот Габриел Жесус и левиот бек Алекс Телеш се повредени и според информациите тие нема да можат да играат до крајот на Светското првенство.

Напаѓачот Габриел Жесус доби незгоден удар и мораше да го напушти теренот во 64 минута, а прогнозите се дека ќе биде надвор од терените еден месец.

Според докторот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар, многу побрзо се опоравува Данило и тој би можел да биде во тимот и за осминафиналниот меч со Јужна Кореја.


Белгијците се разединети, дури и од Катар не се вратија со ист авион

Репрезентацијата на Белгија е едно од најголемите разочарувања на Мундијалот, откако испадна во групната фаза, а беше еден од фаворитите. Уште за време на групната фаза се појавија информации за лоша атмосфера во тимот, а поделбите и расколот продолжува и после елиминацијата.

Имено, петмина фудбалери одлучиле да не патуваат со тимот дома и си вратиле со индивидуални авионски билети. Станува збор за Томас Муние, Аксел Витсел, Џереми Доку, Артур Тете и Луис Опенда.

Се појавија информации дури и за физички пресметки по поразот од Мароко, но беа демантирани, а селекторот Мартинес си поднесе оставка после елиминацијата.