фудбал

Фримпонг во јуни заминува од Леверкузен

рилниот фудбалер на Баер Леверкузен, Жереми Фримпонг планира да го напушти клубот на крајот од сезоната, дознава „Скај Спортс Германија“.

Фримпонг беше еден од клучните играчи минатата сезона, која Баер ја заврши непоразен во домашните натпреварувања и ги освои трофеите во Бундеслигата и Купот на ДФБ.

Единствената титула што не ја освои тимот предводен од Чаби Алонсо е онаа наменета за победникот во Лига Европа, клубот од Леверкузен беше поразен од Аталанта во финалето.

Алонсо во тековната сезона почесто игра со четворица одбранбени играчи, додека бековите Фримпонг и Грималдо ги користи на крилните позиции.

Фримпонг оваа сезона се мачеше со повреди, поради што пропушти голем број натпревари.

За 24-годишниот фудбалер се заинтересирани бројни богати клубови. Медиумите шпекулираат дека тој би можел да премине во Манчестер јунајтед, додека германски „Скај Спортс“, тврди дека негови фаворити се Реал Мадрид и Барселона.

Договорот на Фримпонг истекува во летото 2028 година.

Баер е на второто место во Бундеслигата со 53 бода, осум помалку од лидерот Баерн.


Паратичи фаворит за местото спортски директор во Милан

Раководството на Милан ја засилува својата работа за создавање на нова спортска структура во клубот, која би придонела за поуспешен развој во спортско-техничкиот аспект поради незадоволителната сезона досега, информира „Газета дело Спорт“.

Како дел од овие напори, се очекува во следните денови да започнат состаноците со потенцијалните кандидати за позицијата спортски директор на тимот.

Во овој момент, се истакнува името на поранешниот извршен директор на Јувентус и Тотенхем, Фабио Паратичи. Другиот главен кандидат за позицијата е Игли Таре од Лацио. „Росонерите“ активно бараат нов спортски директор, но се засилуваат наводите дека во „Сан Сиро“ веќе се размислува и за нов тренер.

Најверојатно Сержо Консеисао ќе биде ослободен на крајот од сезоната, бидејќи играњето на тимот по неговото именување на 30 декември 2024 година е незадоволително. Во последните денови, сè почесто се поврзува името на Максимилијано Алегри со Милан, а токму добрите односи со Фабио Паратичи, со кого работеше неколку години во Јувентус, ги наведува медиумите во Италија да ги начинат како исклучително веројатен нов тандем на чело на „росонерите“ од летово.


Сомнителни неколку трансфери меѓу Бенфика и Валенсија

Обвинителството во Португалија ќе истражува наводни прекршувања при трансфери меѓу Бенфика и Валенсија. Информацијата беше објавена во понеделник наутро од elDiario.es и дополнително обработена од Superdeporte – издание кое внимателно ги следи важните настани во Валенсија. Во овие трансакции се вклучени фудбалери како Жоао Кансело, Родриго Морено и Андре Гомеш.

„А БОЛА“ исто така доби пристап до дигиталната документација, разменета помеѓу Мигел Сорио, поранешен претседател на Валенсија и автор на обвиненијата за наводни криминални дела извршени од Бенфика и Валенсија, и ДЦИАП (Централен оддел за истраги и кривична прогона), каде што Шпанецот ја прашува португалската власт за прашањето.

Мигел Сорио откри наводно незаконски зделки за купопродажба на играчи меѓу клубовите – факти кои ги истражува прокуратурата, како што е изложено во документацијата до која elDiario.es доби пристап. Според обвинението, извршени се кривични дела поврзани со проневера, корупција и перење на пари, меѓу други прекршувања.

Трансферите на шпанскиот репрезентативец Родриго Морено и португалскиот среднореден играч Андре Гомеш се два од посочените случаи. Зделката за Родриго е завршена за 30 милиони евра, додека Андре Гомеш премина во Валенсија за 15 милиони евра. Се истражуваат големи суми исплатени на посредници и трети страни, што можеби го оштетиле шпанскиот клуб.

Во обвиненијата на поранешниот раководител се поставува под прашање и сметководствената отчетност на Бенфика во врска со зделките со аргентинскиот среднореден играч Енцо Перес и десниот бек Жоао Кансело, кои исто така преминале од „Луж“ во Валенсија.


Вардар и Шкендија в петок ќе го отворат 24. коло

Во рамките од 24. коло во Првата фудбалска лига на програмата е и дербито помеѓу Вардар и Шкендија кој е единствен натпревар кој ќе се одигра в петок.

Вардар и Шкендија ќе го отворат колото на 14 март в петок од 15 часот. Вардар во овој момент е осми со 21 бод, додека Шкендија е лидер на тaбелата до 49 бода, четири повеќе од Силекс и ќе се обиде да го продолжи походот кон титулата.

Натпреварот ќе се игра на тренинг центарот, Петар Милошевски.

Останатите натпревари во Првата лига се закажани за в сабота од 15:00 часот:

Брера Струмица – Силекс
Беса – Струга
Шкупи – Пелистер
Тиквеш – Гостивар
Воска Спорт – Работнички


Ал Наср рутински во четвртфиналето на ЛШ во Азија

Eкипата на Ал Наср славеше победа од 3-0 против Естегал во рамките од азиската Лига на шампиони и така се пласираше во четвртфиналето од ова натпреварување.

Резултатот го отвори Џон Дуран во првото полувреме, а потоа на сцена стапи Кристијано Роналдо о погодокот во 27 минута од пенал. Овој гол за Португалецот беше 927 во неговата кариера.

Конечните 3-0 ги постави Дуран со својот втор гол на шест минути пред крајот на истекот на регуларните 90 минути.


Ленгле и Де Пол неизвесни за дуелот со Реал

Фудбалерите на Атлетико Мадрид, Родриго де Пол и Клемент Ленгле, може да го пропуштат утрешниот меч со градскиот ривал Реал во рамките на 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

Аргентинецот беше заменет на полувремето на викенд-дуелот со Гетафе додека Лангле не учествуваше на натпреварот бидејќи се повреди на загревањето.

Де Пол пропушти само три натпревари во сезонава додека Ленгле ја има довербата на тренерот Симеоне и во континуитет добива шанса во првата постава.


Миовски се врати во тимот, Џирона непоразена во каталонското дерби

Екипите на Еспањол и Џирона ремизираа 1-1 во натпревар во кој македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше во почетниот состав.

Миовски на теренит беше до 69. минута, но не успеа да придонесе на теренот.

Жофре го доведе Еспањол во водство, додека бод за Жирона обезбеди Стуани во финишот од средбата.

Џирона сега има 33 бода, додека Еспањол има пет помалку и се наоѓа на петнаесеттото место.


Бруно Гимараеш донесе победа за Њукасл кај „чеканите“’

Екипата на Њукасл славеше со 0-1 против Вест Хем во рамките од 28. коло во Премиер лигата.

Њукасл имаше неколку сериозни шанси, а моментот на одлука се случи во 63. минута кога Бруно Гимараеш ја затресе мрежата на ривалот од Лондон.

Њукасл со овој триумф скокна до шестата позиција и има 47 бодови, односно два помалку од четвртопласираниот Челзи.


Зјелински се повреди, Интер без Полјакот неколку недели

Фудбалерот на Интер, Пјотр Зиелински ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда на потколеницата, соопшти денеска италијанскиот клуб.

Зиелински се повреди во саботата, при победата од 3-2 против Монца во Серија А. Полскиот интернационалец влезе во игра во 70. минута, но мораше да го напушти теренот само три минути подоцна.

Од миланскиот клуб соопштија дека по лекарските прегледи било утврдено дека фудбалерот го истегнал мускулот на потколеницата на десната нога.

„Состојбата на полскиот играч за врска ќе биде проценета за неколку недели“, се вели во клупско соопштение.

Зиелински сигурно ќе го пропушти утрешниот реванш осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Феенорд, со почеток во 21 часот во Милано. Тој оваа сезона одигра 33 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.


Интер Мајами преговара со Пол Погба

TURIN, ITALY – AUGUST 27: Paul Pogba of Juventus looks on prior to the Serie A TIM match between Juventus and Bologna FC at on August 27, 2023 in Turin, Italy. (Photo by Giuseppe Cottini/Getty Images)

Францускиот фудбалер Пол Погба, кому утре му истекува 18-месечната суспензија поради допинг, е многу блиску до потпишување договор со американскиот клуб Интер Мајами, пренесува денеска Радио Монте Карло.

Погба, кој со Франција ја освои светската титула во 2018 година, го раскина договорот со Јувентус минатиот октомври, а од есента лани живее со семејството во Флорида.

Францускиот фудбалер беше забележан како се среќава со претседателот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, а потоа присуствуваше на натпреварот на тимот против Њујорк Сити на 23 февруари. Трансфер пазарот во САД е отворен до 23 април.

Пол Погба нема официјален натпревар од 3 септември 2023 година и оттогаш тренира индивидуално.