фудбал

Пауло Дибала и Рома блиску до договор

Италијанските медиуми наведуваат дека аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала би можел да се пресели во Рома после намалениот интерес од Милан и Интер.

Дибала е слободен играч после поминати седум години во Јувентус. Тој беше на чекор до потпишување на договор со Интер, меѓутоа по враќањето на Лукаку на Сан Сиро, Дибала падна во втор план.

Според информациите, челниците на Рома се подготвени да платат за Дибала 6 милиони евра по сезона. Иако екипата предводена од Мурињо не настапува во Лигата на шампиони сепак изгледа дека Дибала посакува да остане да игра во Серија А.


Озил го замени Фенербахче со Истанбул Башахшекир

Месут Озил си најде нов клуб. 33-годишниот играч од средниот ред кариерата ќе ја продолжи во Истанбул Башахшехир..

Фенербахче неделава го раскина договорот со поранешниот германски репрезентативец. Озил беше исфрлен од тимот поради конфликт со вршителот на должноста тренер на тимот  Исмаил Картал. Последниот натпревар за турскиот клуб го одигра на 20 март.

Новиот тренер на Фенербахче, Жорж Жесус, исто така не сакал да го врати фудбалерот во составот и не го вклучи во составот кој се подготвува за новата сезона.


Бернардески ја зголеми италијанската колонија во Торонто

Федерико Бернардески ќе стане четвртиот Италијанец кој ќе оди во фудбалската МЛС лига ова лето. Тој ја прифати понудата на Торонто и ќе ги следи Лоренцо Инсиње, Џорџо Киелини и Доменико Кришито, кои веќе потпишаа со клубовите од МЛС.

Бернардески е слободен играч откако Јувентус не му понуди нов договор. Тој побара од Торонто некое време да размисли и на крајот одлучи да им се придружи на Инсиње и Кришито во канадскиот тим. Таму долго време играше уште еден Италијанец – Себастијан Џовинко.

28-годишниот Бернардески постигна вкупно 12 гола и 24 асистенции на 183 натпревари за Јувентус. Минатата сезона тој беше солидна резерва и очекувано клубот се определи да се раздели со него.


Арсенал без двајца фудбалери „летна“ за САД

Томас Парти и Бернд Лено нема да патуваат со Арсенал на претсезонската турнеја на тимот во САД.

29-годишниот играч од средниот ред заработи повреда на бутот за време на првата контрола на тимот против Нирнберг во петокот и најверојатно ќе биде надвор од составот на Микел Артета најмалку неколку недели.

Во исто време, германскиот голман останува во Лондон бидејќи се очекува во наредните денови да го финализира очекуваниот трансфер во Фулам. Арсенал денеска патува во САД за да игра со Евертон на пријателски натпревар во Балтимор во недела, пред да замине за Орландо на натпреварите против Челзи и Орландо Сити.


Рафиња е нов фудбалер на Барселон

Бразилскиот фудбалер Рафиња е нов фудбалер на Барселона, потврдуваат од каталонскиот гигант.

Рафиња пристигна во Барса од Лидс Јунајтед, а медиумите пренесуваат дека целосниот трансфер е вреден 58 милиони евра.

Официјалниот договор Бразилецот ќе го потпише после лекарските прегледи кои треба да се извршат во новиот тим.

Рафиња во Лидс помина две сезони, и во тој период одигра 65 натпревари, постигна 17 гола и запиша 12 асистенции.


Дембеле се предомисли и потпиша двегодишен договор со Барса

Осман Дембеле стави потпис на новиот договор со Барселона со кој останува во клубот до 2024 година.

Веќе неколку месеци имаше информации за негова преселба во Челзи и Пари Сен Жермен, но на крај офанзивецот одлучи да ја намали платата и да остане во Шпанија. Тој пристигна во каталонскиот гигант пред пет години од Борусија Дортмунд за 140 милиони евра.

Честите повреди не му дозволија да го покаже својот талент. Чави Хернандез, сепак, му даде доверба и успеа да го убеди да биде дел од проектот, кој треба да ја врати Барселона на врвот на шпанскиот и европскиот фудбал.

Во досегашните настапи во дресот на Барселона во Ла Лига, Дембеле има 19 погодоци и 27 асистенции.


Стерлинг и официјално го реализира трансферот во Челзи

Досегашниот фудбалер на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, и официјално е нов играч на Челзи.

Стерлинг кој во Сити помина седум сезони, со Челзи потпиша петгодишен договор со опција за продолжување на уште 12 месеци. Според информациите трансферот е вреден 47,5 милиони фунти.

27-годишниот англиски репрезентативец е првото засилување за екипата од Стенфорд Бриџ после доаѓањето на новите сопственици.


Џанлука Манчини го продолжи договорот со Рома

Италијанскиот интернационалец Џанлука Манчини го обнови договорот со Рома до 2027 година. Дефанзивецот три сезони е во редовите на „џалоросите“ – првично на позајмица од Аталанта, а потоа купен за 13 милиони евра.

Манчини веќе одигра 128 натпревари за тимот од главниот град, а може да се пофали и со 7 гола. Во последната кампања тој забележа дури 45 натпревари, на кои доби 21 жолт картон и 1 црвен.

За „азурите“ има 9 натпревари од дебито во 2019 година.


Бејл сака да остане во Лос Анџелес до 2024 година

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Герет Бејл, увери дека МЛС не е лига за играчи, кои се пред откажување од спортот. Репрезентативецот на Велс, исто така, рече дека се надева оти преселбата во новиот тим ФК Лос Анџелес ќе му овозможи да остане подготвен за репрезентацијата на неговата земја до Европското првенство во 2024 година. Неговиот сегашен договор е за една сезона, но може да биде продолжен до 2024 година, кога Бејл се надева дека Велс ќе учествува на Европско првенство.

„Како што реков, тоа е првенство што е навистина развиено и измина долг пат во последните 10 години. Мислам дека се прави сериозен напор за напредок во лигата, а играчите кои доаѓаат можат да го видат тоа. Мислам дека никој повеќе не го гледа овој шампионат како таков за натпреварувачи, кои се на прагот да се откажат. Сето тоа е многу возбудливо. Играњето пред такви навивачи е една од причините зошто играте фудбал“, додаде Герет Бејл.


Џеко одбил понуда од Јувентус

Един Џеко ја одбил понудата на Јувентус, откри италијанскиот новинар Алфредо Педула. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина претпочита да остане во Интер, иако со враќањето на Ромелу Лукаку сигурно е дека ќе добие помалку шанси во новата сезона.

Јуве изминатиот викенд дал конкретна понуда за Џеко, но 36-годишниот напаѓач ја одбил. За да покаже дека е амбициозен да се бори за своето место во Интер, тој дури и предвреме пристигнал на почетокот на летните тренинзи.

На Масимилијано Алегри навистина му се допаѓа стилот на игра на Џеко и не е првпат да го сака во својот тим. Минатата кампања Бошњакот постигна 17 гола на 48 натпревари во сите натпреварувања.

Неговиот договор со Интер е до летото 2023 година, а неговата плата е 4 милиони евра по сезона.