фудбал

Бундеслигашки фудбалер уапсен за силување на Ибица

На Ибица полицијата уапси играч на германската Бундеслига под сомнение дека силувал шпанскa тинејџерка.

Британски „Сан“ пренесува дека 25-годишен фудбалер бил приведен заедно со маж на иста возраст откако 18-годишна девојка им кажала на детективите дека била сексуално злоставувана во вила во Сан Хозе.

Извори блиски до истрагата тврдат за британските медиуми дека девојката е повредена и пренесена во болница, а двајцата уапсени од средата се зад решетки, а наскоро ќе има затворен распит и ќе се донесе одлука дали осомничените ќе бидат ослободени со кауција или ќе останат во притвор.

Иако името на фудбалерот не се открива, извори тврдат дека станува збор за играч кој неодамна го продолжил договорот со еден од најуспешните германски клубови. Се наведува и дека ја освоил титулата шампион на Германија.


Тотенхем ќе се обиде да го доведе Бразилецот Ричарлисон

Англиските медиуми ја пренесуваат веста дека Тотенхем летово ќе се обиде да го ангажира фудбалерот на Евертон Ричарлисон.

Клубот од Лондон веќе стапил во контакт со играчот и се започнати првичните преговори со неговите претставници.

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, веќе најави дека екипата ќе треба дополнително да се засили за наредната сезона ако сака поуспешни настапи во Премиер лигата и Лигата на шампиони. Клубот веќе ги доведе Иван Перишиќ од Интер и голманот Форстер од Саутемптон.

Сега се очекува Тотенхем да одвои 60 милиони евра за бразилскиот напаѓач.


Матиќ следната недела доаѓа на лекарски прегледи во Рома

Немања Матиќ на почетокот на следната недела ќе пристигне во Рим на лекарски прегледи во екипата на Рома.

Српскиот репрезентативец го напушта Манчестер Јунајтед и ќе потпише со Римјаните како слободен играч. Тој по третпат ќе се соработува со Жозе Мурињо по заедничката соработка во Челзи и Манчестер Јунајтед.

Според „Кориере дело спорт“, Матиќ со сопругата и двете ќерки со чартер од Србија ќе пристигне во Рим во понеделник или вторник. Тој ќе потпише едногодишен договор според кој ќе добие 4,2 милиони евра. Договорот ќе има опција за продолжување на уште една година во зависност од одиграните натпревари.


ПСЖ му соопшти на Почетино дека нема да биде тренер на екипата

Медиумите во Франција објавуваат дека челниците на Париз Сен Жерен веќе му соопштиле на тренерот Маурицио Почетино дека тој нема повеќе да ја води екипата и дека може да си бара нов клуб.

И покрај тоа што аргентинскиот тренер сеуште има договор со ПСЖ, сепак од клубот се незадоволни од неговите резултати поради што планираат предвремено раскинување на соработката. 

Бројни се шпекулациите дека нов тренер на клубот од Париз ќе биде легендарниот Зинедин Зидан, кој наводно конечно се согласил да седне на клупата на францускиот шампион.


Барса Б се преименува во Барселона Атлетик

Барселона Б, која е втор тим на истоимената шпанска екипа, од сезоната 2022/23 ќе се врати во името Барселона Атлетик.

Одлуката ја донесе претседателот Жоан Лапорта. Ова го објави прес-службата на клубот на официјалниот сајт.

Последен пат постоел втор тим под името Барселона Атлетик во 2008-2010 година. Под новото име, тимот почна да го води Пеп Гвардиола, кој потоа беше префрлен во главниот тим на гигантот од Каталонија.

Името Барселона Атлетик настанало во 1970 година и се користело до 1991 година. Тогаш тимот се викаше „Барселона Б“ до 2008 година, а потоа повторно од 2010 година., па се до денес.


Ван дер Варт го советува Де Јонг да потпише за Манчестер Јунајтед

Рафаел ван дер Варт го советуваше својот сонародник Френки де Јонг да не се двоуми туку да замине во Манчестер Јунајтед.

Според информациите, англискиот клуб и Каталонците се договориле за цената (80 милиони евра), но самиот играч се уште не донел одлука.

„Да бев на местото на Френки, ќе одев во Јунајтед“, изјави ван дер Варт за Ziggo Sport. – Во Барса има играчи кои можат да го направат истото, а и подобро од него. Додека другите играчи за кои станува збор се тука, нема место за Де Јонг во Барселона“.

Шпанците се надеваат дека ќе го продадат играчот од средниот ред не затоа што не им се допаѓа, туку затоа што им требаат пари.


Борусија Дортмунд му го краде Саша Калајџиќ на Баерн

Додека се бори да го задржи Роберт Левандовски, Баерн ризикува да го пропушти неговиот евентуален заменик, Саша Калајџиќ.

Членот на австриската репрезентација е многу блиску до Борусија Дортмунд, од каде веќе закажаа средба со неговиот агент за финални преговори, тврди „Билд“. Тоа е за деновите по 20 јуни.

Калајџиќ е играч на Штутгарт и се очекува да чини околу 23 милиони евра. Минатата сезона тој постигна шест гола на 15 натпревари во втората Бундеслига и се истакна со своите способност во шеснаесетникот.

Пред една година Калајџиќ беше баран од Челси. Неговите родители се босански Срби кои побегнале во Австрија.


Дани Алвес најверојатно ја напушта Барселона

Бразилскиот дефанзивец Дани Алвес најверојатно ќе ја напушти Барселона. Фудбалерот уште чека одговор дали ќе биде во плановите на тренерот Чави за следната сезона. 

Договорот на искусниот Алвес истекува на крајот на месецот, а досега двете страни не разговарале за продолжување на истиот.

Барселона веќе го обнови договорот со Серхи Роберто, а се очекува истото да го направи и со Сержињо Дест. 


Барди: Поразот е минато, веќе мислиме на Гибралтар

Нашиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, вели дека мора брзо да се заборави поразот од Грузија во „Ц“ сегментот во Лигата на Нации и да се размислува за наредните мечеви.

„Секој пораз боли, но сето тоа е минато. Мора да мислиме и да гледаме напред, мора да ги поправиме грешките. Нема фудбалер во соблекувалната кој не го дава максимумот, но фудбалот е таков, некогаш и неправеден а ние примивме такви голови со Грузија“, рече Барди.

Мечот меѓу Македонија и Гибралтар ќе биде одигран од 18:00 часот на Арената во Скопје.


Арсенал достави понуда за Милинковиќ-Савиќ

Арсенал е сериозно заинтересиран за српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Приоритет на Артата ова лето е засилување на средниот ред, а прва желба е токму Милинковиќ-Савиќ.

„Кориере“ тврди дека Арсенал нуди 50 милиони евра, но Лацио бара 65 милиони и не брза да ги продаде бидејќи Србинот има уште две години договор. Но, Арсенал сака со преговори да ја намали разликата и побрзо да го договори трансферот.

Милинковиќ-Савиќ е седум години во Лацио, а неговиот агент истакна дека сега е вистински момент за трансфер и чекор напред во кариерата.

Меѓутоа, неколку европски гиганти покажуваат интерес за Србинот, па поради тоа Арсенал сака што побрзо да го договори трасферот.