фудбал

Атлетико не сака нагодби со Јуве за Мората

Јувентус се обидел да го купи Алваро Мората од Атлетико Мадрид, но нивната понуда била одбиена.

Напаѓачот последните две сезони ги мина на позајмица во Торино, а во договорот имаше клаузула според која ова лето италијанскиот клуб има право да го задржи за 35 милиони евра. Сепак, „бјанконерите“ сметаат дека оваа сума е превисока и затоа понудиле 20 милиони, но добиле и негативен одговор.

Јуве веќе му плати на Атлетико 20 милиони евра за ангажманот во изминатите две сезони.


Алегри: Кога би можел би го преиграл финалето против Барса

Масимилијано Алегри, вели дека најмногу жали за двете загубени финалиња во Лигата на шампионите.

„Кога би можел, многу би сакал да го преиграм првото финале во Лигата на шампионите против Барселона. Во почетокот на натпреварот скапо ги плативме повредите а како што рече големиот Еторе Месина, одличните дефанзивци ги добиваат натпреварите. Јуве има специфична ДНК, која се заснова на здрава работа. Тоа е најголемиот тим во Италија кој има многу успеси во Европа“, изјави Алегри.


Динамо доби понуда да го продаде Аријан Адеми

Во летото кое следи, Аријан Адеми би можел да ја промени средината, наводно Динамо добил понуда од пет милиони евра за македонскиот репрезентативец.

Хрватските медиуми не го откриваат името на тимот кој е заинтересиран за Адеми, меѓутоа се истакнува дека раководството на клубот сериозно размислува дали да ја прифати.

За Динамо Адеми настапува уште од 2010 година, а од 2017 година е капитен на загрепскиот тим со кој освои 10 титули во првенството, шест во Купот на Хрватска и три во хрватскиот Суперкуп.


Озил: Останувам во Фенербахче до крајот на кариерата

Германскиот фудбалер со турско потекло, Месут Озил, се огласи во јавноста по повод се почестите информации во турските медиуми дека тој ќе ја напушти екипата на Фенербахче. Озил тврди дека нема намера да го напушти клубот од Истанбул.

Последниов период, поранешниот германски репрезентативец се поврзуваше со заминување во американската МЛС лига, и трансфер во Интер од Мајами.

„Сакам да нагласам дека не сакам да ја завршам кариерата ниту во еден друг клуб освен во Фенербахче. До крајот на договорот ќе го носам дресот на Фенер, и мојата одлука е јасна и конечна“, изјави Озил.

Фудбалерот е член на Фенербахче од 2021 година, а претходно има настапувано за Шалке 04, Вердер Бремен, Реал Мадрид и Арсенал.


Челзи започна преговори со Кулибали

Медиумите во Италија и Англија известуваат дека Челзи започнал преговори со менаџментот на фудбалерот Калиду Кулибали.

Клубот од Лондон изгледа дека ја пронајде вистинската замена за германскиот репрезентативец Антонио Рудигер кој не го продолжи договорот со Челзи и својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

30-годишниот Кулибали претходните денови се доведува во врска со голем број европски клубови, но се чини дека сенегалскиот дефанзивец е најблиску до трансфер во Челзи. Фудбалерот има уште една година од неговиот договор со Наполи. Оваа сезона има одиграно 34 натпревари и постигнато 3 гола.


ПСЖ за 40 милиони евра го откупи договорот на Нуњо Мендеш

Добрите партии на левиот бек во екипата на Париз Сен Жермен Нуњо Мендеш, беа доволна причина клубот од Париз да ја искористи клаузулата од неговиот договор и да го откупи од Спортинг.

Екипата од Лисабон на својата сметка ќе добие 40 милиони евра, а 19-годишниот португалски репрезентативец потпиша договор со кој ќе остане во ПСЖ до јуни 2026 година.


Тухел го сака Дембеле во Челзи

Челзи е заинтересиран за потписот на напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле. Англискиот клуб трансферот на 25-годишниот фудбалер во летниот преоден рок ќе го направи трансфер цел број 1.

Претходно беше објавено дека Дембеле ја одбил понудата на Барселона за продолжување на договорот, кој истекува на 30 јуни 2022 година. За услугите на францускиот фудбалер се заинтересирани ПСЖ и Ливерпул. Новиот клуб ќе го добие францускиот играч како слободен играч.

Дембеле е во Барселона од 2017 година. Напаѓачот постигна два гола и даде 13 асистенции во 32 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.


Ден Ашворт е нов спортски директор на Њукасл Јунајтед

Њукасл јунајтед стана најбогат тим во светот, откако во екипата пристигна саудискиот принц Мохамед Бин Салман. Њукасл во текот на зимата имаше неколку добри трансфери, па останаа во Премиерлигата, иако по првите 14 кола немаа победа во шампионатот.

Доаѓањето на тренерот Еди Хау се исплатеше, а најдобро засилување претставува Бруно Гимараеш, кој пристигна од Лион за 42 милиони евра.

Првите трансфери доаѓаат допрва, откако Њукасл се договори со спортскиот директор Ден Ашворт од Брајтон, кој во последните години имаше успех со поранешниот клуб и создаде добар тим.


Бензема е МВП на сезоната во Лигата на шампионите

Карим Бензема е прогласен за МВП во Лигата на шампионите а неговиот соиграч од нападот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ја доби наградата за најдобар млад фудбалер, потврди УЕФА.

По финалето во Париз во кое „кралевите“ го совладаа Ливерпул со минимални, 1-0, Европската куќа на фудбалот традиционално го одреди идеалниот тим на сезоната.

Голман е Куртоа (Реал Мадрид), во одбраната се вметнати: Александар-Арнолд (Ливерпул), Рудигер (Челзи), Ван Дајк (Ливерпул) и Робертсон (Ливерпул), во средниот ред се запишани Де Бруин (Манчестер Сити), Модриќ (Реал Мадрид) и Фабињо (Ливерпул) додека место во нападот добија, Мбапе од ПСЖ заедно со Бензема и Винисиус од Реал Мадрид.


Тен Хаг го жртвува Марсијал за Нуњез

Ерик Тен Хаг го наследи Ралф Рангник на кормилото на Манчестер јунајтед и полека го подготвува тимот за следната сезона.

Дарвин Нуњез е една од желбите на Тен Хаг, откако му го привлече вниманието со одличните настапи во Бенфика. Конкуренција на „ѓаволите“ ќе им бидат ПСЖ, Ливерпул и Барселона, кои исто така се заинтересирани за талентираниот фудбалер, кој постигна 34 гола во 41 натпревар.

Тен Хаг планира на Бенфика да ѝ го понуди Ентони Марсијал, кој нема да добие шанса во тимот за следната сезона, а притоа ќе доплати колку што ќе побара Бенфика за нивниот бисер.