фудбал

Синот на Здравко Мамиќ осуден на шеснаесет години затвор

Марио Мамиќ, син на Здравко Мамиќ, е осуден на една година и четири месеци затвор поради соучесништво во изнуда на пари од ГНК Динамо Загреб.

Пресудата е донесена врз основа на договор со обвинителството, во кој Мамиќ се изјасни за виновен за учество во злосторничко здружување.

Покрај затворската казна, Жупанискиот суд Осиек му изрече и дополнителна парична казна од 750 илјади евра. Исто така, ГНК Динамо Загреб како оштетен ќе добие отштета во износ од два милиони евра, додека Мамиќ ќе треба да плати и судски трошоци од 70 илјади евра.

Сандро Стипанчиќ, кој беше обвинет и во аферата „Динамо 2“ е осуден на 11 месеци затвор. Сепак, казната ќе му биде заменета со општокорисна работа. Дополнително, Динамо ќе треба да врати 113 илјади евра и да плати судски трошоци од 20 илјади евра.

Мамиќ и Стипанчиќ на рочиштето одржано во понеделникот ја признаа вината, прифаќајќи ги сите фактички наводи во изменетиот обвинителен акт. Нивната одбрана изјави дека постигнале договор со Динамо. Динамо треба да ги добие споменатите суми во рок од два и пол месеци.

Додека случајот против Марио Мамиќ е завршен, постапката против Здравко и Зоран Мамиќ, како и поранешниот директор на Динамо, Дамир Врбановиќ, се уште трае. Нивните адвокати на минатото рочиште најавија дека нивните клиенти негираат вина.

Здравко и Зоран Мамиќ моментално се во Босна и Херцеговина каде ја избегнуваат хрватската правда. Следното рочиште за нивниот предмет е закажано за 21 јануари.


Македонија 67-ма фудбалска сила на крајот на годината

Македонската фудбалска репрезентација го задржа 67. место на најновата ранг-листа на ФИФА која не донесе поголеми промени бидејќи немаше репрезентативни активности.

Ние годинава ќе ја завршиме со 1368.96 бодови, колку што имавме и на претходното рангирање.

Аргентина останува најдобра светска репрезентација пред Франција и Шпанија. Во топ 10 уште влегуваат и Англија, Бразил ,Португалија, Холандија, Белгија, Италија и Германија.


Јуве подготвен да слуша понуди за Даглас Луиз

Даглас Луиз летово дојде во Јувентус како големо засилување вредно 52 милиони евра, но може експресно да си замине.

Бразилецот не ги исполни очекувањата, главно е на клупата за резерви, па „бјанконерите“ се спремни да го продадат на лето.

Тој е подготвен да го напушти Јувентус и да се врати во Премиер лигата, бидејќи очигледно не се снајде во Серија А.

Њукасл, Тотенхем и Вест Хем покажуваат интерес за него, а Јувентус сака да врати поголем дел од вложените пари, но е спремен да го пушти на позајмица со право на откуп.


Димарко од Интер е првата зимска желба на Аморим

Левиот бек на Интер Федерико Димарко е голема желба на Манчестер Јунајтед.

Приоритет на Аморим ќе биде засилување на левата бековска позиција, а прво име на списокот е токму Димарко.

Италијанскиот репрезентативец се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа.

Интер не размислува за негова продажба и наскоро ќе почне преговори за продолжување на соработката.


Донарума мина со расекотини по лицето по повредата против Монако

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, заработи потешка повреда на лицето на вчерашниот меч со Монако.

Тој доби удар од Стефан Синго и мораше да биде заменет во 22. минута. Судијата Франсоа ле Тексие му прогледа низ прсти на домашниот фудбалер и не му покажа јавна опомена.

Се очекува ПСЖ денес да излезе со соопштение до кога искусниот голман ќе мора да паузира.


Наместо во Јуве, Шкрињар ќе заврши во Галатасарај

Галатасарај во зимскиот преоден рок сака да ја засили одбраната, а најголема желба е дефанзивецот на ПСЖ, Милан Скриниар.

Милан Скринар не е среќен со неговиот статус во ПСЖ бидејќи не игра многу и е спремен да ја промени средината.

Јувентус е заинтересиран за неговиот потпис, но Галатасарај сака да ја добие битката и да го „украде“ пред носот на „старата дама“.

Двата клуба го саката на позајмица со право на откуп, па се очекува голема битка за неговиот потпис.


Колумбиецот Дијаш би го заменил Ливерпул со Барса

Каталонските медиуми пренесува дека примарна трансфер цел на Барселона следното лето ќе биде ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз.

Ливерпул не размислува за трансфер, но самиот фудбалер сака да ја промени средината и да се пресели во Шпанија.

Дијаз игра фантастично оваа сезона, но преговорите за продолжување на договорот со Ливерпул не одат добро, а причина за тоа е Барселона.

Колумбиецот има голема желба да се пресели на „Камп Ноу“, а познато е дека Барселона веќе подолго време го посакува во своите редови.


Анчелоти стана тренер со најмногу трофеи во историјата на Реал

Карло Анчелоти е најтрофејниот тренер на Реал Мадрид откако „белите“ вчера го совладаа тимот на Пачука во финалето на Интерконтинеталниот Куп.

Тоа за Италијанецот беше 15-от пехар со што го помина на вечната листа Мигел Муњоз, кој има 14 трофеи во периодот од 1960 до 1974 година.

Анчелоти работеше за „кралевите“ во два одделни периода. Прво од 2013 до 2016 година а потоа од 2021 година до денес.


Ако Александер-Арнолд не го продолжи договорот, Ливерпул ќе го купи Фримпонг

Луѓето од Ливерпул бараат замена за бекот, Трент Александер-Арнолд, чија иднина на стадинот „Енфилд“ е под знак прашалник.

Имено, неговиот договор ќе истече во јуни а медиумите речиси се сигурни дека ќе потпише за Реал Мадрид.

Весникот – „The Sun“, објави дека „црвените“ сакаат да го ангажираат 24-годишниот, Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен. Холанѓанец има трансферна сума од околу 50 милиони евра


Наполи спремен да достави понуда за Дуран

Фудбалерот на Астон Вила, Џон Дуран, влегува во радарот на италијански Наполи, велат последните информации од Англија.

Колумбиецот кој има само 21-година, го привлече вниманието на повеќе европски гиганти. Тој има има 11 гола во 24 натпревари за англискиот состав.

Наводно, луѓето од Неапол ги оствариле првите контакти за евентуален трансфер во текот на летото.