Бруно Фернандеш заминува во јануари во Саудиска Арабија?
Фудбалерот, Бруно Фернандеш, може да си замине од Манчестер Јунајтед веќе во јануарскиот преоден рок, велат последните шпекулации од Англија.
Португалецот не може да ги поднесе сите критики за неговата игра и затоа е решен да го напушти клубот.
Негова наредна дестинација би можела да биде Саудиска Арабија. Наводно, во преден план е тимот на Ал Наср а во трката се и Ал Хилал, Ал Ахли и Ал Eтихад.
Клоп: Среќен сум за Диаз, но најважни се вестите од Колумбија
Ливерпул не дојде до посакуваниот резултат на гостувањето кај аутсајдерот
Лутон каде одигра само 1-1, поточно се спаси од пораз со гол во судиското продолжение.
Погодокот вреден реми беше дело на нововлезениот Луис Дијаз кој се најде
на вистинското место во 95 минута. Колумбиецот како што е познато минува низ семејна
драма, поточно неговиот татко е киднапиран во неговата родна земја, па офанзивецот
под дресот имаше порака во која бара негово ослободување.
Ова беше емотивен момент, па сите во таборот на Ливерпул се надеваат дека
ќе се заврши оваа непријатна ситуација и тоа со позитивен епилог.
„Тоа беше прекрасен момент на натпревар од кој не може да се извлечат многу
убави моменти. Луис влезе доцна и постигна гол. Но, тоа не ја менува ситуацијата.
Најважно е татко му да биде ослободен. Прекрасно е што имаше желба да биде тука.
За нас тоа е исклучително важен гол, за него е исто така многу важен и многу емотивен.
Тој постигна гол, но она што навистина ни треба се добри вести од Колумбија“, порача
тренерот Јирген Клоп.
Марсело: Ќе ме разберат во Мадрид, оваа титула со Флуминенсе е најважна во мојот живот
Бразилскиот фудбалер Марсело успеа да ја освои првата титула во Копа Либертадорес
која беше и прва во историјата за бразилскиот Фламиненсе.
Марсело освои многу титули, меѓутоа сега истакна дека оваа му е најважна
во кариерата.
„Мадрид ќе ме разбере. Ова за мене е најважниот клупски трофеј кој су мго
освоил. Флуминенсе е тимот со кој растев. Мадрид е во моето срце, но Флуминенсе
е нешто посебно. Останав должен на мојот тим и успеав конечно и покрај многуте сомнежи
и критики. Напорно работев за ова“, објасни бразилскиот ветеран“, изјави Марсело.
Во својата кариера, Марсело има пет титули во Лигата на шампионите, шест
во шампионатот на Шпанија, два во Купот на Шпанија, пет Суперкупови, три УЕФА Суперкупа
и Куп на Конфедерации со Бразил.
Кејн на пат да ги собори рекордите на Левандовски и Герд Милер
Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, стана првиот
играч кој постигнал 15 гола во неговите први 10 натпревари во германската Бундеслигата.
Во 123-годишната историја на Баерн, никогаш немало стрелец со поимпресивен старт
во клубот, а Кејн тоа го направи со два хет-трика во низа, од кои вториот беше на
дербито против Борусија Дортмунд.
На Кејн, очигледно му е полесно да постигне гол во Германија отколку во
англиската Премиер лига и веќе има предвидувања дека би можел да го надмине рекордот
на неговиот претходник, Роберт Левандовски за најмногу голови во Бундеслигата во
една сезона. Полјакот достигна 41 во сеозната 2020/21 година и го собори рекордот
на Герд Милер, кој долго време изгледаше недостижен.
Преговорите течат по планот, Ливерпул и Арнолд ќе продолжат заедно
Раководството на Ливерпул започна преговори за продолжување на договорот со дефанзивецот на „црвените“ Трент Александер-Арнолд .
Актуелниот договор на дефанзивецот е до 2025 година.
Александар-Арнолд е дете на академијата на Ливерпул. Англичанецот влезево првиот тим во 2016 година. Во овој период Трент учествуваше на 284 натпревари на сите турнири, на кои постигна 16 гола и 75 асистенции. Оваа сезона 25-годишниот фудбалер настапи на 11 натпревари во сите натпреварувања, на кои имаше три асистенции.
Зидан нема да работи во Премиер лигатае зборува англиски јазик
Зинедин Зидан кој се споменуваше како еден од главните фаворити за наследник на Ерик Тен Хаг порача дека нема да биде тренер на Манчестер Јунајтед затоа што зборува доволно добро англиски.
Подолго време се најавува враќањето на Зидан во фудбалот, сега се поврзува со англискиот гигант, но Зидан ја отфрли таа можност.
„Јазикот е главната причина што не можам да бидам тренер било каде. Тоа ми претставува проблем. Ме прашуваат дали сакам да одам во Манчестер, јас разбирам англиски, меѓутоа не го владеам целосно. Знам дека има тренери кои одат во клубови без да го зборуваат јазикот, сепак јас разботам поинаку. За да победувате треба да имате многу елементи, комуникацијата една до главните работи“, изјави Зидан.
Зидан како играч настапуваше во Франција, Италија и Шпанија, па најверојатно клубови од овие земји се опција да се врати на тренерската работа.
Меси: Мојот сон беше да ја завршам кариерата во Барса
Лионел Меси кој во понеделеникот ја освои својата осма „Златна топка“ истакна ека европскиот фудбал за него е завршена приказна. Се шпекулираше дека Меси може да се врати во Барселона, барем на неколку месеци за време на паузата во МЛС лигата, но тоа нема да се случи.
Исто така во интервјуто „Л’Eкип“ потврди дека бил блиску пред доаѓањето во Интер Мајами да потпише за Барселона.
„Можев да се вратам во Барселоан, но тоа не се случи. Кога заминував во 2021 година се случи одеднаш. Мојата прва идеја секогаш беше да се вратам дома и повторно да играм во дресот на Барселона, сонував таму да ја завршам кариерата. Но, тоа не беше можно. Затоа одлучив да потпишам за ИНтер Мајами.
Имав многу понуди, беа различни. Од Барса, други европски клубови, клубови од Саудиска Арабија…Но, со моето семејство го избравме Интер Мајами и среќни сме поради тоа. Тука се чувствуваме навистина добро, уживаме во секој ден поминат во градот. Можеме многу да направиме заедно, среќен сум за времето поминато со сопругата и децата, тие најмногу ми недостасуваа. Мајами е спектакуларен град со одлична клима“.
Мусиала е планот Б на Реал ако пропадне трансферот на Мбапе
Реал Мадрид планира да го ангажира играчот од средниот ред на Баерн Џамал Мусиала доколку не успеат да го комплетираат трансферот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ова лето. Оваа информација ја објави „Sport Bild“.
Претходно во медиумите се појави информација дека 20-годишниот офанзивен играч за врска не брза да го продолжи договорот со клубот од Минхен. Од друга страна голем број европски клубови се заинтересирани за купување на Мусиала. Покрај Реал Мадрид, интерес за фудбалерот покажуваат и Манчестер Сити и Ливерпул.
Да потсетиме, сегашниот договор на Мусиала со Баерн Минхен е до летото 2026 година. Германскиот фудбалер оваа сезона учествуваше на 12 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна четири гола и три асистенции.
Пиоли под голем притисок, фановите на Милан бараат смена
FILE PHOTO: Soccer Football – Serie A – Lecce v AC Milan – Stadio Via del mare, Lecce, Italy – January 14, 2023 AC Milan coach Stefano Pioli before the match REUTERS/Alberto Lingria
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли повторно е на удар на навивачите на „росонерите“. Стратегот кој ја донесе првата титула на „Сан Сиро“ по 11-годишно отсуство, го навлече гневот на поддржувачите по серијата разочарувачки резултати во изминатиот месец.
Вчера „росонерите“ доживеаја уште еден шокантен пораз на домашен терен, овој пат од Удинезе кој славеше со 1-0 и ова за нив беше прва победа во сезоната. На социјалните мрежи се крена бран незадоволство против Пиоли, каде повторно се појави повикот „Пиоли надвор“.
Уругваецот Араухо добива нов договор, Барса го „блиндира“ својот дефанзивен шеф
Барселона одлучи да го награди дефанзивецот Роналд Араухо со нов договор затоа што одбил трансфер во Ливерпул и Челзи во летото 2022 година, но и за високото ниво на игра што го покажува. Според каталонските весници, договорот наскоро ќе биде реалност.
Во летото 2022 година англиските клубови му понудиле на уругвајскиот дефанзивец поголема плата од Барселона, но Араухо ги одбил бидејќи сакал да продолжи да игра за Каталонците. Како одговор на ова, раководството на каталонскиот клуб одлучи следната година на Уругваецот да му понуди нов договор со зголемување на платата. Забележано е дека Араухо сака да стане клупска легенда на Барса.