фудбал

Јуриќ не го повика Дибала за дуелот со Болоња

Иван Јуриќ е пред отказ во Рома, а сега изненади со неговиот потег пред утрешниот натпревар.

Имено, Аргентинецот Паоло Дибала не доби повик за натпреварот со Болоња. На прес-конференцијата како објаснување Јуриќ изјави дека Дибала се соочил со мал физички проблем, но во Италија веруваат дека тоа е само оправдување.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Дибала бил шокиран од ваквата одлука бидејќи се чувствувал подготвен да игра, но по одлуката на Јуриќ нема да биде ниту на клупата.

Од почетокот на сезоната Дибала е еден од најважните во Рома, а во летото одби и богата понуда од Саудиска Арабија за да остане во Рим.


Пеп Гвардиола: Можеби е време некој друг да стане шампион на Англија

Manchester City’s Spanish manager Pep Guardiola gestures during the UEFA Champions League round of 16 first-leg football match between Real Madrid CF and Manchester City at the Santiago Bernabeu stadium in Madrid on February 26, 2020. (Photo by JAVIER SORIANO / AFP)

Манчестер Сити вчера го претрпе четвртиот пораз по ред, откако загуби од Брајтон на гости со 2-1 во натпревар од 11. коло на Премиер – лига. За Сити ова е првпат од август 2006 година да доживее четири последовлни порази, додека за менаџерот Пеп Гвардиола ова е првпат во неговата кариера да загуби четири натпревари по ред.

Иако Гвардиола и порано се соочувал со поголеми заостанувања кои успевал да ги надомести, англиските медиуми ја истакнуваат неговата изјава по натпреварот и се прашуваат дали е завршена доминацијата на Манчестер Сити во Премиер – лигата.

„Откако освоивме шест титули во Премиер лигата за седум години, можеби е време шампионот да биде некој друг. За сè постои прв пат. Натпреварите се губат. Ова е мојот предизвик, а јас ги сакам предизвиците и нема да отстапам. Ова го сакам повеќе од кога било“, истакна менаџерот на Манчестер Сити.


Сензација во МЛС лигата: Интер Мајами елиминиран уште на стартот на плеј-офот

Атланта во третиот натпревар од осминафиналето на плејофот на МЛС го совлада Интер Мајами на гости со 3-2.

Кај гостите двоен стрелец беше Џамал ​​Тјаре, уште еден гол постигна Бартош Слиш. Матијас Ројас и Лионел Меси погодија за домаќините.

Атланта ја доби серијата со 2-1 во победи и се пласираше во четвртфиналето од плејофот на МЛС, каде ќе ги одмери силите со Орландо Сити.


Слот го менува Салах со уште еден египетски ас

Ливерпул планира да потроши сериозна сума на пари за една од своите трансфер цели. Станува збор за голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш.

„Црвените“ сакаат да го имаат офанзивниот фудбалер во својот состав уште во јануари, а во Англија тврдат дека клубот од „Енфилд“ е подготвен да понуди 60 милиони фунти за египетскиот интернационалец.

Многумина потегот на Ливерпул го протолкуваа како обид да се најде замена за Мохамед Салах, чиј договор истекува на крајот од сезоната и во моментов нема индикации дека ќе биде обновен.

Мармуш има импресивна сезона во Бундеслигата, а напаѓачот постигна 13 гола на 15 натпревари од почетокот на сезоната.

Египќанецот може да игра и како централен напаѓач и на десното крило на нападот, што би било одлична опција за тренерот на „црвените“, Арне Слот.


Голем пех на Милитао, тешка повреда и пауза од една година

Победата на Реал Мадрид против Осасуна со 4-0 ќе го чини Карло Анчелоти скапо, бидејќи Едер Милитао ја заврши сезоната. Бразилецот повторно заработи тешка повреда, ги скина предните вкрстени лигаменти, а исто така и менискусот, што ќе бара нова операција и пауза од минимум девет месеци.

Милитао ја доживеа истата повреда и минатото лето, па се врати на теренот дури на крајот од минатата сезона, што ја прави оваа вест најлоша можна и за него и за Реал Мадрид.

Во моментов, Карло Анчелоти располага со само еден здрав стопер, а тоа е Антонио Рудигер, бидејќи Давид Алаба сè уште не е опоравен од идентичната повреда и ќе се врати дури на крајот од годината.


Брајтон ја продлабочи кризата на шампионот, Сити запиша четири порази по ред

Фудбалерите на Брајтон го совладаа Манчестер Сити со резултат 2-1 (0-1) во 11. натпревар од англиската Премиер лига.

Она што сега стана главна вест во европскиот фудбал е четвртиот последователен пораз на Манчестер Сити во сите натпреварувања.

По Тотенхем во Лига купот (1:2), Бурнемаут во Премиер лигата (1:2), Спортинг во Лигата на шампионите (1:4), сега Брајтон го зазеде скалпот на тимот на Пеп Гвардиола.

А тоа секако ќе запали многу црвени светла во таборот на четирикратниот последователен шампион на Англија.

И се чинеше дека нема да биде така, бидејќи Ерлинг Халанд ја затресе мрежата на домаќините во 23. минута.

Со тоа Халанд собори уште еден рекорд, но тоа нема да биде преголема утеха за него бидејќи заедно со целата екипа доживеа уште еден удар во вториот дел.

Поточно, во самиот финиш, откако Брајтон погреши и Едерсон одбрани се, мораше два пати да ја вади топката од својата мрежа.

Најпрвин капитулираше во 78. минута кога израмни Бразилецот Жоао Педро, а потоа О’Рајли по голема гужва во шеснаесетникот ја смести топката во мрежата за конечни 2-1.


Заглавија преговорите меѓу Ливерпул и Александер-Арнолд

Преговорите меѓу Ливерпул и десниот бек Трент Александер-Арнолд за продолжување на неговиот договор, кој завршува во летото 2025 година, се заглавени.

Според изворот, англискиот клуб не сака значително да ја зголеми платата на 26-годишниот фудбалер и да го направи поскапо платен тимски играч од напаѓачот Мохамед Салах и централниот дефанзивец Вирџил ван Дајк, со кои исто така се преговара за продолжување на нивните договори со клубот.

Претходно беше објавено дека Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат интерес за Александар-Арнолд, но фудбалерот се уште нема донесено конечна одлука за својата иднина.


Манчини пред предавство: Легендата на Лацио преговата да ја преземе Рома

Раководството на Рома започна преговори со Роберто Манчини. Во недела се очекува клубот да го ослободи досегашниот тренер Иван Јуриќ, кој не ги оправда очекувањата откако го презеде тимот на почетокот на сезоната.

Според „Газета дело Спорт“, Јуриќ ќе биде сменет од функцијата без разлика на резултатот против Болоња во недела.

Јуриќ во досегашните единаесет натпревари на чело на Рома забележа четири победи, три нерешени и четири порази.

Роберто Манчини од неодамна е без работа, откако беше отпуштен од Саудиска Арабија, каде беше селектор н анационалниот тим. Еден од условите кои специјалистот ги постави пред раководството на Рома е да добие договор на минимум две години.


Де Зерби: Ако сум јас проблемот во Марсеј спремен сум да заминан

Олимпик падна во резултатска криза. Навивачите се незадоволни по поразот на домашен терен од Оксер 1-3, а тренерот Роберто де Зерби понуди да си замине.

Поразот од Оксер е трет во последните шест натпревари, во кои беа забележани и две победи и едно реми.

„Не ми зборувајте за второ, трето или четврто место. Дојдов овде да дадам, да пренесам. Живеам за нешто надвор од фудбалот. И затоа, ако има проблем со мене, подготвен сум да заминам. Парите не ме интересираат, тоа што го барам е да бидам задоволна од мојата работа. Ако велам дека тоа е моја одговорност, тоа е затоа што навистина се чувствувам така“, изјави Де Зерби.

Олимпик и понатаму е втор на табелата, сега со шест бода помалку од ПСЖ, со натпревар помалку. Тимот од Марсеј има натпревар повеќе од Монако со кој има ист број на бодови.


Баерн има адут во ракавот при преговорите со Леверкузен за Вирц

Баерн Минхен е решен следното лето да ја ангажира ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, со неколку опции како да го направи тоа.

Според „Билд“, Баварците се подготвени да го вклучат во зделката еден од нивните најголеми таленти – Паул Ванер.

18-годишниот офанзивен играч за врска, кој моментално е на позајмица во Хајденхајм, им се допаѓа на „фамацевтите“ и од Алијанц Арената планира да го искористи овој факт. Челниците на Баерн се подготвени да го понудат Ванер како средство за договарање во зделката, а згора на тоа да додадат и сериозна сума на пари.

Паул Ванер одлично ја започна сезоната, откако веќе постигна пет гола во сите натпреварувања. За него е заинтересиран и РБ Лајпциг.

Желбата на Флоријан Вирц е да се пресели во Баерн, а не во Реал Мадрид кој исто така е заинтересиран за него. Во исто време, Баер не сака да го засили директниот конкурент во Бундеслигата, но може да се предомисли доколку Ванер биде вклучен во зделката.