фудбал

Реал ќе го позајми Арда Ѓулер во јануарскиот преоден рок

Арда Ѓулер нема да остане во Реал Мадрид оваа сезона, затоа што не му бил потребен на тренерот Карло Анчелоти и ќе замине на позајмица во јануари.

Ѓулер ги скара гигантите Барселона и Реал Мадрид, по што од Фенербахче се пресели во главниот град на Шпанија, каде што воодушеви на подготовките. Турчинот, сепак, се повреди на подготовките, а во меѓувреме се врати во составот на Анчелоти, но накратко бидеќи повторно се здоби со повреда.

Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти нема да смета на Ѓулер оваа сезона, а засега не е познато каде би играл на позајмица до крајот на 2023/24.


Два гиганти го сакаат голманот на Милан

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.

За него силен интерес покажуваат Челзи и ПСЖ, кои нема да жалаат пари на лето да го доведат во своите редови. Мењан потекнува од школата на ПСЖ, во моментов е прв голман на француската репрезентација и „светците“ се спремни на лето за него да понудат 80 милиони евра.

Меѓутоа, 27-годишниот голман започа преговори за обновување на договорот со Милан, кој сака да го награди за добрите партии, но и да се заштити од интересот на ПСЖ и Челзи.

Милан му понудил нов договор до 2028 година со зачително зголемување на платата и се очекува Мењан да биде еден од најплатените фудбалери на тимот.


Варан верува дека Јунајед може да ја освои ЛШ

Рафаел Варан, на прес-конференцијата пред натпреварот од ЛШ против Галатасарај во Истанбул, истакна дека неговиот Јунајтед имал доволно силен тим да ја освои ЛШ сезонава.

Поголемиот дел од навивачите на Јунајтед, па и оние од неутралниот сектор, нема да се согласат со оваа помалку налудничава изјава на францускиот дефанзивец.

Јунајтед има крајно лоша серија во Премиерлигата сезона и го има еден од најслабите стартови од нивното постоење. Но ете, Варан е убеден во спротивното, дека се конкурентна екипа.

„Мислам дека ова натпреварување е едно од најтешките, затоа мора во детали да бидете внимателни, за да го освоимте. Следните недели се наша шанса да се поправиме значително, мора да правиме акции, да има шанси и да постигнуваме голови“.

„Примаме доста лесно голови и тоа мора да биде поправено, исто и ефикасноста. Но верувам дека имаме доволно силна екипа за да освоиме Лига на шампиони. Како што реков, натпреварувањето е тешко, но имаме тимски квалитет па мора да поработиме на подобрување на формата“, порача Рафаел Варан.


Ламин Јамал доби нов договор со Барселона

Барселона објави дека официјално го продолжи договорот со 16-годишниот напаѓач Ламин Јамал.

Новиот договор со бисерот кој излезе од фудбалската школа „Ла Масиа“ е со важност до 2026 година што е максимална должина на соработка за играч на негови години според правилата на ФИФА.

За да се заштити од евентуален трансфер, Барселона постави и откупна клаузула во договорот на играчот во висина од неверојатни една милијарда евра.

Младиот Јамал дебитираше во првиот тим на Барселона на 15 години, 9 месеци и 16 дена во април 2023 година што го направи најмлад фудбалер на каталонскиот тим кој се појавил на терен на официјален натпревар, а воедно веднаш го привлече вниманието со неговиот настап.


Ако Мурињо добие отказ, Конте ќе биде неговата замена во Рома

Рома сака да го контактира тренерот Антонио Конте да го замени тренерот Жозе Мурињо.

Договорот на тренерот на Рома, Жозе Мурињо истекува во летото 2024 година, а голема е веројатноста Португалецот да го напушти клубот. 

Затоа, сопствениците на Рома, според гласините, веќе бараат замена за Португалецот. Сон на раководството на римскиот клуб е да го назначат Антонио Конте кој моментално е без клуб.

Дополнително, алтернативна замена може да биде Алесио Диониси, кој моментално го води Сасуоло. Рома не ја започна сезоната добро, освојувајќи само осум бода во седум кола и се наоѓа на 12. место во Серија А.


Фримпонг добива нов договор во Леверкузен

Баер Леверкузен се подготвува да достави понуда за продолжување на договорот со десниот бек Жереми Фримпонг. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил.

Според Романо, сопствениците на Баер Леверкузен се подготвени да презентираат долгорочен договор за холандскиот фудбалер – до крајот на јуни 2028 година. Забележано е дека и покрај интересот на некои европски врвни клубови, дефанзивецот е подготвен да ја прифати понудата на „фармацевтите“.

Фримпонг игра за Баер веќе две години (од 2021 година). Оваа сезона дефанзивецот одигра осум натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна два гола и три асистенции. Договорот на играчот со клубот од Леверкузен е со важност до крајот на јуни 2025 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 40 милиони евра.


Артета носи уште еден фудбалер на Сити на „Емирати“

Ако минатата сезона Арсенал падна играчки во завршницата од сезоната, каде ја испушти титулата, Микел Артета сезонава сака да биде сигурен дека ќе има поконкурентна екипа во битка за титулата.

Арсенал сега се подготвува за евентуалниот трансфер на Калвин Филипс, играчот на нивниот директен ривал за титулата, Манчестер Сити. Со оглед на тоа дека во минатото, Арсенал ги обезбеди потписите на Хесус и Зинченко, ништо чудно доколку се реализира и овој трансфер.

Артета го посакува Филипс веќе во јануари, а веќе биле пуштени тимови на преговарачи за договор меѓу клубовите.

Англискиот фудбалер сезонава има само 170 минути на терен во тимот на Гвардиола, а во моментов е ставен на листата на играчи кои веројатно ќе заминат.


Левандовски следен на листата на саудиските клубови

Претходното лето не сакаше да слушне за Саудиска Арабија, но догодина, по се изгледа полскиот репрезентативец Роберт Левандовски ќе тргне по патот што го поминаа голем број светски ѕвезди последните месеци.

Во летниот преоден рок, тој имаше одлична финансиска понуда од Абха, ама одлучи да остане во Барселона. Интерес за него покажуваат и други клубови од Саудиска Арабија и најверојатно Лева нема да остане имун на нив. Иако има договор со Барселона до 2026 година, многу е веројатно дека нема да го одработи до крај.

Левандовски стигна во Барса ланското лето од Баерн, а досега за новиот клуб одигра 55 натпревари и постигна 39 гола.


Николовски повторно ќе седне на клупата на Победа

Јане Николоски е нов тренер на второлигашот Победа од Прилеп.

Николоски во Победа го наследува Филип Мирчевски кој доби отказ по слабиот старт на сезоната во ВМФЛ. Јане Николоски е големо фудбалско име во македонската јавност, а во кариерата како тренер ги водеше екипите на: АЕЛ Лимасол, Хоризонт Турново, Победа, Слога Виница, Борец…Исто така беше задолжен и за младите категории во Победа.

Последниот ангажман во македонскиот фудбал пред враќањето во Прилеп, Николоски го имаше во Шкупи каде што работеше како спортски директор.


Саки одушевен од Пиоли и новиот Милан

Ариго Саки особено го пофали Милан после победата во дербито против Лацио.

Саки е еден од најдобрите и најтрофејни тренери во историјата на миланскиот гигант, а вели дека на моменти овој Милан го потсетува на неговиот.

Милан против Лацио, посебно во второто полувреме беше на работ на перфекцијата.Беа организирани, агресивни и сите фудбалери си помагаа еден на друг.Топката постојано беше на теренот, немаше непотребни долги топки, сите линии беа добро поврзани. А, во вакви услови, дури и фудбалер како Леао даваше максимум и имаше одличен настап“.

„На моменти Милан потсетуваше на тој од „златната ера“, од мое време и воопшто не претерувам“, изјави Саки.