фудбал

Заглавени преговорите околу новиот договор на Нојер со Баерн Минхен

Германските медиуми објавуваат дека голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер сеуште го нема обновено својот договор со клубот, и неизвесно е дали воопшто ќе се постигне нов договор.

Ситуацијата со 36-годишниот голман е слична со онаа на напаѓачот Роберт Левандовски. Нојер сака да потпише нов договор со важност до 2025 година, но раководните лица во Баерн Минхен не се убедени дека тој ќе го задржи потребното ниво на учинок во следните три сезони.

Актуелниот договор на Нојер со Баерн истекува во јуни 2023 година. Тој во клубот пристигна во 2011 година од екипата на Шалке, и досега со баварците има освоено 27 трофеи


Сити фрли око на Калвин Филипс од Лидс

Манчестер Сити ќе се обиде да го привлече англискиот репрезентативец Калвин Филипс од Лидс, тврди утринава весникот „Сан“. „Граѓаните“ се во потрага по нов играч за врска, бидејќи се очекува на лето тимот да го напушти Фернандињо, а можеби и Илкај Гундоган, за кого во последните денови се интензивираа шпекулациите дека ќе се пресели во друг клуб.

На менаџерот на тимот Пеп Гвардиола му се допаѓа играчот од средниот ред на Лидс и неговата способност да работи подеднакво добро во двете фази од играта. Се очекува Лидс тешко да се раздели со играчот и да побара сериозна сума за околу 50 милиони евра за Филипс. Во зима одбија понуда вредна 50 милиони фунти од Вест Хем и се очекува да побараат меѓу 60 и 70 милиони фунти. Минатото лето Манчестер Сити плати 100 милиони за Џек Грилиш од Астон Вила, но не успеа во обидите да го привлече Хари Кејн.

Филипс е меѓу опциите за засилување на средниот ред на градскиот ривал Манчестер Јунајтед, но „Сан“ тврди дека ќе преферира понуда на шампионите доколку треба да избере.


Ауар од Лион е најсериосен кандидат за наследник на Тилеманс во Лестер

Челниците на Лестер пронајдоа замена за Јури Тилеманс кој во текот на летото веројатно ќе си замине од таборот на „лисиците“ бидејќи за него се заинтересирани повеќе европски гиганти.

Наводно, англискиот состав е заинтересиран за ѕвездата на Лион, Усем Ауар. 23-годишниот француски репрезентативец има трансферна вредност од околу 30 милиони евра.

Ауар потекнува од школата на „лавовите“ и целата кариера ја помина во татковината. Тој има одиграно 214 натпревари со ефект од 39 голови и 35 асистенции.


Еди Хау добива милиони за летниот преоден рок на Њукасл

Тренерот на фудбалерите на на Њукасл, Еди Хау, планира да купува нови фудбалери во текот на летото иако во јануари потроши повеќе од 90 милиони фунти за засилувања.

„Тешко е да се планира летната селекција бидејќи пазарот е многу непредвидлив. Имам идеја за тоа какви играчи сакам и како треба да изгледа тимот. Промените што ги планирам може да се направат иако ќе биде многу тешко. Ќе видиме што ќе се случи“, вели менаџерот на Њукасл.


Арсенал спрема понуда за Депај

Шпанските медиуми објавуваат дека Арсенал сака да го доведе во своите редови Мемфис Депај, и за таа цел спремаат понуда до Барселона од 45 милиони евра.

Одличните игри во Лион, и солидните партии во Барселона изминатава сезона,  ги наведоа раководните лица во Арсенал да размислуваат за ангажман на 28-годишниот Холанѓанец, кој би бил замена за Лаказет доколку Французинот се одлучи да замине од лондонскиот клуб.

Наводно за Депај, постои интерес и од екипите на Евертон и Њукасл Јунајтед. Евертон е опција доколку обезбеди премиерлигашки статус и наредната сезона.


Севиља нема да го откупи, Марсијал се враќа во Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Севилја, Ентони Марсијал, ќе го пропушти натпреварот против Атлетик Билбао во последното сезонско коло во Примера Дивизион.

Французинот кој заработи повреда на мечот со Мајорка  настапува како позајмен во шпанскиот состав. Тој од јануари реализираше само 12 натпревари на кои постигна еден гол и запиша една асистенција.

Затоа тимот од стадионот – „Рамон Санчез Писхуан“ нема да ја искористи опцијата за откуп и ќе го врати на „Олд Трафорд“.


Свен Ботман најнова желба на Тен Хаг за новиот Јунајтед

Новиот тренер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Тен Хаг, има намера да го ангажира дефанзивецот на Лил, Свен Ботман.

Холанѓанецот планира да ја засили левата бековска позиција и затоа ќе се обиде да дојде до потписот на 22-годишниот Белгиец. За Ботман во текот на зимата беа заинтересирани Тотенхем и Њукасл.

Фудбалерот кој има договор со Лил за уште три години, има трансферна вредност од околу 30 милиони евра.


Колина ги избра судиите за СП во Катар, номинирани и шест жени

Meѓународната фудбалска федерација ФИФА денес избра шест женски судии кои ќе судат на Светското првенство. Ова е историски момент затоа што за првпат жени ќе судат на Светско првенство за мажи.

На списокот од 129 судии, три од шесте жени ќе бидат главни судии на натпреварите, тоа се: Стефанi Фрапар (Франција), Салима Мукасанга (Руанда) и Џошими Јамашита (Јапонија). Избрани се 36 главни судии, 69 помошни и 29 ВАР судии.

Фрапар веќе судеше на фудбалерите во квалификациите за Светското првенство како и во Лигата на шампионите.

„Како и секогаш критериумиот кој беше најважен е – квалитетот. На овој начин сакаме да истакнеме дека за нас не е важен полот туку, квалитетот на судењето“, изјави претседателот на Судиската комисија, Пјерџулиџи Колина.

Помеѓу 69 помошни судии жени се: Нуса Бек (Бразил), Карена Дијас Медина (Мексико) и Кетрин Несбит (САД).


Арсенал фаворит за потписот на Умтити

Челниците на фудбалскиот состав Арсенал планираат да испратат понуда за дефанзивецот на Барселона,  Самуел Умтити, објавија дел од медиумите во Англија.

Тој има договор до 2026 година, но, Каталонците сакаат да го продадат во текот на летото бидејќи не влегува во плановите на тренерот, Чави.

28-годишниот фудбалер во тековнава сезона главно ја грееше клупата на – „Камп Ноу“.


Промовиран новиот дрес на Манчестер Сити

Актуелниот шампион на англиската Премиер лига, Манчестер Сити, го промовираше новиот домашен дрес за наредната сезона.

Дизајнот на брендот Пума, е во ретро варијанта, во која преовладува класичната светло сина боја на Сити. Црвено-белата боја на вратот и ракавите е симбол на минатите генерации на тимот, кои оваа боја ја носеле како дел од својата опрема.