фудбал

Ќатип Османи останува тренер на Ренова

Членот на Првата македонска фудбалска лига, екипата на Ренова, го продолжи договорот со тренерот Ќатип Османи.

Османи ќе остане на тренерската позиција и во наредната сезона, и ќе се обиде да обезбеди подобар пласман од петтото место кое тимот го освои оваа сезона.


Ричарлисон ќе биде замената за Левандовски во Баерн

Ричарлисон би можел да се префрли од англиската Премиер лига во германската Бундеслига, објавија медиумите во Германија.

Истите тврдат дека за трансферот на играчот е заинтересиран Баерн Минхен, кој го гледа како потенцијална замена за полскиот напаѓач Роберт Левандовски, кој може да го напушти германскиот тим ова лето.

Баерн веќе влезе во преговори со англискиот клуб, но засега е во рана фаза.

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон (25) оваа сезона во Премиер лигата на 29 натпревари за Евертон постигна девет гола и даде пет асистенции. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2024 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра.


Ибрахимовиќ наскоро соопштува дали ја завршува својата играчка кариера

Италијанскиот весник Газета дело Спорт објавува вест дека напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, наредната недела ќе соопшти дали ја завршува својата играчка кариера.

Останува уште само едно коло до крајот на италијанското првенство, и доколку тимот на Милан освои барем еден бод на гостувањето против Сасуоло, тогаш росонерите ќе го совојат Скудетото.

40-годишниот Ибрахимовиќ, го чека финалниот расплет во лигата за да ја донесе конечната одлука и да ја информира јавноста.

Актуелниот договор на Швеѓанецот со Милан, истекува на крајот од сезоната, и според информациите клубот нема да му понуди нов договор. Меѓутоа можно е тој да преземе некоја од раководните функции во клубот.


Канатларовски ги отвори картите за дуелите со Ерменија и Украина

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на почетокот на јуни ќе ги одигра двата последни квалификациски меча за пласман на Европското првенство 2023 години во Романија и Грузија.

На 2. јуни, на Националната арена „Тодор Проески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција.

Филип Трпчевски нема да биде комбинација за мечевите со Ерменија и Украина поради повреда на лигаментите на коленото. На списокот се наоѓаат најголем дел од фудбалери кои се очекува да бидат едни од главните носители на оваа генерација во наредниот квалификациски циклус.

Селекторот на Македонија до 21 година, Драги Канатларовски за претстојните квалификациски дуели ги повика следните фудбалери:

Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Марко Алчевски (Борец), Иван Николовски (Беласица);

Одбрана: Блертон Шеји (Шкупи), Кристијан Тасевски (Аугсбург, Германија), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина), Јован Манев (Брегалница), Виктор Крстевски (Гостивар);

Среден ред: Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Димитар Тодоровски (Работнички), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.), Емир Саитоски (Домжале, Словенија), Иван Николов (Вардар), Флорент Рамадани (Шкендија), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Лука Станковски (Газиантеп). Агон Елези (Вараждин), Методи Максимов (Работнички);

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Дашмир Елези (Шкендија), Марио Илиевски (Септември, Бугарија), Луан Абази (Вил, Швајцарија);


Одредени двојките за баражите за пополнување на Првата лига

Познати се двојките за бараж натпреварите за пласман во ПМФЛ. Ждрепката, која се одржа денес во просториите на ФФМ, сакаше Воска Спорт за ривал да го има тимот на Тиквеш.

Минатата година Воска Спорт играше бараж за пласман во ВМФЛ- Запад, а сега може да се пласира и ПМФЛ. Овој меч се игра во Прилеп.

Другата двојка е Скопје – Беласица, меч кој ќе се игра во Штип.

Победниците од овие два натпревари, кои се играат во недела (22 мај), следната сезона ќе игра во ПМФЛ, додека поразените ќе се најдат во единствената Втора лига во следната сезона.


Суарез интересен за Интер од Милано и Интер од Мајами

Голгетерот од Уругвај, Луис Суарез иако е во повозрасни фудбалски години, тој сеуште е интересен за многу клубови. Ова лето Суарез е слободен играч без договор и веќе се поврзува со неколку екипи.

Меѓу клубовите кои се интересираат за 35-годишниот напаѓач се споменува Интер од Милано, кој после евентуалната продажба на Лаутаро Мартинез, би истанал само со Един Џеко како класичен шпиц играч. Тренерот Симеоне посакува да има што поголема ротација, па размислува за ангажман на Суарез кој би стигнал без обештетување.

Покрај Интер од Милано, за трансфер на Уругваецот интерес пројавува и Интер од Мајами. Клубот на Дејвид Бекам сака во тимот да прави напаѓачки тандем Игуаин – Суарез.


Алегри сака дефанзивец на Арсенал за следната сезона

Јувентус од Торино е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Арсенал, Габриел дос Сантос Магалаеш, објавија дел од медиумите во Англија.

Според истите, „Топџиите“ сакаат да добијат 45 милиони евра за продажба на 24-годишниот фудбалер.

Габриел дојде во англискиот клуб во 2020 година, преминувајќи од француски Лил за 26 милиони евра. Оваа сезона бразилскиот дефанзивец одигра 33 натпревари во англиската Премиер лига, на кои постигна четири гола.

Договорот меѓу Габриел и Арсенал истекува во 2025 година. Пазарната вредност на играчот според порталот Трансфермаркт се проценува на 30 милиони евра.


Гундоган заминува од Сити на крајот на сезоната

Илкај Гундоган е подготвен да го напушти клубот на крајот од актуелната сезона. Германскиот фудбалер со турски корени сака да добие постојана минутажа, но Пеп Гвардиола не може да му го гарантира тоа. Гундоган има 26 настапи за Манчестер Сити оваа сезона во Премиер лигата, постигнувајќи шест гола и четири асистенции.

Илкај Гундоган му се приклучи на Манчестер Сити од Борусија Дортмунд на 1 јули 2016 година. Неговата моментална вредност е 35 милиони евра. Претходно беше објавено дека играчот од средниот ред би можел да ја продолжи кариерата во американската МЛС лига, како и во еден од клубовите во турскиот шампионат.


Анчелоти импресиониран од Салах: Тој е најдобар играч на својата позиција

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го подготвува тимот за финалето од Лигата на шампионите кое е закажано за 28 мај во Париз против Ливерпул. Италијанскиот стручњак проговори за најголемата опасност за неговиот тим во битката за трофејот.

За искусниот стратег на Реал, Мохамед Салах е опасноста број еден. Египјанецот ќе има посебен мотив против Реал поради начинот на кој го напушти финалето во 2018 година во Киев, кога Серхио Рамос го повреди по само половина час игра.

Веднаш по пласманот во финалето, еден од најдобрите играчи на Ливерпул во изјава не штедеше пофалби кон самиот себеси.

„Ако ме споредите со кој било играч на мојата позиција, ќе видите дека сум најдобар во светот, а статистиката може да ги потврди моите зборови“,изјави Салах.

Тренерот на Реал Мадрид се согласи со крилниот напаѓач на Ливерпул и ги потврди неговите зборови.

“Салах им кажа на медиумите дека е најдобриот играч во светот на својата позиција, се согласувам со него. На својата позиција тој е најдобар”, изјави Анчелоти.


Кјелини: Ова беше долго патување, потребно ми е ново искуство

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини го одигра својот последен натпревар пред публиката во Торино. Но тоа не значи и крај на неговата фудбалска кариера. Фудбалерот ја најави можноста за негово заминување во странство.

Имено, големи се шансите Кјелини да замине за Америка и да се испроба во клуб од тамошната МЛС лига, од каде има неколку интересни понуди.

“Чувствувам дека ми е потребно поинакво искуство, поинаква култура. Свесен сум дека ќе морам да донесам важна одлука. Одлуката ќе ја донесам заедно со моето семејство. Ова беше долго патување, кое започна кога влегов како замена за Павел Недвед во натпреварот против Месина.Уживав во секој момент“, изјави Кјелини.