фудбал

Слот го носи Матата на „Енфилд роуд“

Ливерпул е силно заинтересиран за напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, пренесуваат англиските медиуми/

Французинот покажа одлична форма минатата сезона, кога во 39 натпревари во сите натпреварувања постигна 19 голови и имаше пет асистенции.

Неговата вредност во моментов е 20 милиони фунти, а договорот му е до летото 2026 година.

Ливерпул веќе подолго време ги следи неговите настапи и сака на лето да го доведе на „Енфилд“.


Атлетико Минеиро е прв финалист на Копа Либертадорес

Атлетико Минеиро е првиот финалист на најпрестижниот јужноамерикански клупски фудбалски турнир, Копа Либертадорес. Бразилската екипа ја елиминираше Ривер Плата по ремито без голови во реваншот од полуфиналето и го доби дуелот благодарение на победата од 3-0 во првиот натпревар.

Речиси 85.000 гледачи создадоа феноменална атмосфера на Естадио Монументал во Буенос Аирес, но не можеа да му помогнат на Ривер да ја анулира негативата од првиот натпревар и Атлетико успеа да извлече поволен резултат.

Противникот на Атлетико Минеиро во финалето на Копа Либертадорес ќе биде познат вечерва откако ќе биде одигран реванш полуфиналниот натпревар во кој ќе се сретнат уругвајскиот Пењарол и бразилскиот Ботафого. Во првиот натпревар Ботафого победи со 5:0 и само чудо може да го спречи тимот од настап на првото финале на тимот во ова натпреварување.

Финалето на Копа Либертадорес ќе се игра на 30 ноември.


Валенсија бара одложување на натпреварот од Купот на Кралот

Валенсија побара од шпанската фудбалска федерација да го одложи натпреварот од Купот на Кралот против Парла Ескуела во Мадрид кој треба да се игра вечерва, откако во поплавите во југоисточниот дел на земјата загинаа неколку луѓе, а властите препорачаа да се избегнуваат несуштинските патувања, објави Ројтерс.

Метеоролошката агенција АЕМЕТ во вторникот прогласи црвен аларм во источна Валенсија, додека пожарникарите спасуваа луѓе затрупани во надојдените води од бурата Дана.

„Клубот смета дека одложувањето е најсоодветната мерка поради сериозните последици од Дана кои ги доживуваме во провинцијата Валенсија“, напишаа од клубот на својот профил на платформата Х.

Валенсија, која е на дното во Примера, во сабота треба да му гостува на Реал Мадрид.


Елмас асистент, РБ Лајпциг во осминафиналето на Купот

Бундеслигашот РБ Лајпциг на домашен терен славеше против Сент Паули со 4-2 и со тоа оствари пласман во осминафиналето од германскиот Куп.

Елмас беше на клупата за резерви и во игра влезе во 76-та минута, но имаше запазен настап.

Емлас беше дел од акцијата на четвртиот гол и му асистираше на Нуса.


Лукаку и Политано стрелци, Наполи го освои „Сан Сиро“

Во дерби натпреварот од 10. коло во Серија А, лидерoт Наполи на „Сан Сиро“ го победи Милан со 0-2.

Наполитанците одлично го започнаа натпреварот, во петтата минута, по додавањето на Франк Ангуиза меѓу двајцата стопери на Милан, Лукаку го доби дуелот со Павловиќ и ја испрати топката во мрежата за 0-1.

Седум минути подоцна на семафорот стоеше 0-2. Во главна улога беше Хвича Кварачкелија, кој со прецизен удар од 20 метри ја испрати топката во долниот лев агол од голот на Мењан.

Алваро Мората постигна гол за Милан во 47. минута, но ВАР го поништи поради офсајд.

Наполи е лидер со 25 бода, а Милан со третиот сезонски пораз остана на осмото место со 14 бодови.


Роналдо промаши пенал, Ал Наср испадна од Кралскиот Куп

Copy of Copy of Copy of SportsBrief 1920*1080 – 1

Кристијано Роналдо стана трагичната фигура на Ал Наср, кој беше поразен од Ал Тавон во осминафиналето на Купот на кралот со резултат 1-0 и го заврши учеството во споменатото натпреварување.

Роналдо имаше шанса да израмни за својот тим во 96. минута, бидејќи судијата покажа на белата точка, но Португалецот го промаши целиот гол, кој го одбрани Мејлсон.

Она што вреди да се спомене е дека самиот пенал беше многу дискутабилен, додека на видеото јасно се гледа како еден играч на домашната екипа паѓа преку стапалото на фудбалерот Ал Тавон. Гостите претходно постигнаа гол во 71-та преку Флави.

На Ал Наср не му помогна ниту тоа што натпреварот беше продолжен за 12 минути.


Ново заминување од Париз, Коло Муани ќе ги напушти „светците“

Коло Муани сака да го напушти ПСЖ во зимскиот преоден рок, пренесуваат тамошните медиуми.

Коло Муани пред повеќе од една година беше донесе од Ајнтрахт како големо засилување за скоро 90 милиони евра и одигра просечна сезона.

Оваа сезона е во втор план, па не е среќен во клубот и изрази желба да си замине, а интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата.

ПСЖ нема да му стои на патот и за неговата слобода бара 40-50 милиони евра.


Билиќ се враќа на Островот, ќе го преземе велшки Крдиф?

Славен Билиќ би можел да се врати во Англија и да стане тренер на Кардиф, пренесуваат медиумите на Островот.

Екс-селекторот на Хрватска како што се наведува е главен фаворит да го преземе клубот по заминувањето на Ерол Булут.

Билиќ е слободен од средината на август кога замина од клупата на Ал-Фатег. Во Англија последен пат работеше во сезоната 2022/2023 кога го водеше Вотфорд.


Кикс на „лавовите“, Брегалница е нов лидер во Втората лига

Брегалница е нов лидер на табелата откако днеска славеше победа од 4-0 против Борец, додека Македонија Ѓорче Петров не успеа да слави на гости кај Детонит и одигра 0-0.

„Лавовите“ одиграа без погодоци против Детонит за кого ова беше веќе петто реми во низа.

Десетто коло:
Осогово – Охрид 0-2
Детонит – Македонија ЃП 0-0
Беласица – Скопје 0-2
Вардар Неготино – Новаци 3-1
Брегалница – Борец 4-0
Кожуф – Арсими 1-1
Вардарски – Башкими 0-3

Брегалница на свој терен немаше проблеми со Борец и лесно дојде до триумф со кој изби на лидерската позиција со 24 бода.

Башкими и Македонија Ѓорче Петров имаат по 23 на втората и третата позиција.


Реал вршел притисок врз „Франс фудбал“ за изборот на „Златната топка“

Главниот уредник на „Франс фудбал“, Винсент Гарсија изјави дека Реал Мадрид врши притисок врз него да го дознае името на добитникот на Златната топка за 2024 година.

Реал Мадрид ми вршеше притисок да дознам дали Винисиус победил и можеби мојот молк ги натера да помислат дека нивниот фудбалер не е добитник на наградата, па не се појавија на манифестацијата, изјави Гарсија.

Во Париз синоќа се одржа церемонијата на доделување на „Златната топка“. Добитник на наградата е играчот од средниот ред на Манчестер сити и репрезентацијата на Шпанија, Родри, кој во гласањето беше пред играчите на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам.

На церемонијата не присуствуваше ниту еден претставник на Реал Мадрид.