фудбал

Маскерано со оптимизам се претстави во Мајами

Легендарниот фудбалер на Аргентина, Хавиер Маскерано, верува дека ќе биде добар тренер на екипата на Интер Мајами за која настапува неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Лео Меси.

40-годишниот стратег кој ја заврши кариерата пред четири години, има работено само во младинските тимови на Аргентина. Тој никогаш не раководел со професионален клуб.

„Убеден сум дека можам да го направам тоа. Свесен сум дека ќе треба да се соочиме со многу моќни тимови“, рече Маскерано алудирајќи на Светското клупско првенство.


Ван Нистелрој со победа дебитираше на клупата на Лестер Сити

Фудбалерите на Лестер го победија Вест Хем со 3:1 на „Кинг Пауер“ стадионот на дебито на Руд ван Нистелрој.

Во втората минута 37-годишниот ветеран Џејми Варди го доведе Лестер во водство. Вториот гол го постигна асистентот на првиот гол, 20-годишниот Мароканец Билал Ел Ханус во 61. минута. Сите дилеми околу конечниот победник ги реши Патсон Дака во 90. минута.

Почесниот гол, за Вест Хем во 90+3. минута го постигна германскиот репрезентативец Никлас Филкруг.

Лестер ја прекина лошата серија поради која Стив Купер доби отказ. „Лисиците“ славеа по шест неуспеси, а ова за нив е најубедливата победа на домашен терен сезонава во Премиер лигата.

Со овие три бода „лисиците“ избегаа од групата на најзагрозени екипи и сега се на 15. место со 13 бода, само два помалку од Вест Хем кој е една позиција погоре на табелата.

Во следното коло в недела, на 8 декември, Лестер повторно е домаќин, овојпат против Брајтон, додека Вест Хем ден подоцна ќе го гостува во Вулверхемптон.


Голманот на Наполи е опција за Аморим на „Олд Трафорд“

Луѓето од фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед го пикирале голманот на Наполи, Алекс Мерет, кој има договор до крајот на сезоната.

27-годишниот чувар на мрежата уште нема добиено понуда да ја продолжи соработката со италијанскиот тим со што се отвора простор да направи трансфер во друг состав.

Доколку „црвените ѓаволи“ го купат Мерет, тој веројатно ќе му биде резерва на Андре Онана кој е прв избор на новиот тренер, Рубен Аморим.


Мундијалот во 2034 година ќе се одржи во јануари?

Светското првенство во 2034 година со 48 репрезентации би можело за прв пат во историјата да се одржи во јануари, пишуваат британските медиуми.

Тој турнир треба да го организира Саудиска Арабија, која е најголемиот фаворит на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Засега Светското првенство се уште е предвидено да се одржи во јуни и јули, но во тој момент температурите надминуваат 40 степени.

Покрај тоа, во тој период е Рамазан, верски празник кој го слават муслиманите ширум светот.

Извесно е дека ФИФА добро ќе ја анализира ситуацијата и веројатно ќе посегне по решение како пред две години кога Светското првенство во Катар го префрли во зимскиот термин.

Следното Светско првенство во 2026 година се одржува во САД, Мексико и Канада, а во 2030 година ќе оди во Шпанија, Португалија и Мароко.


Заврши „црниот“ ноември, Барса со пет гола ја уништи Мајорка

Фудбалерите на Барселона ја прекинаа серијата лоши резултати во домашното првенство со победата од 1-5 (1-1) против Мајорка.

Барселона со оваа победа се одлепи на четири бода од Реал Мадрид кој утре ќе го одигра својот натпревар.

Феран Торес го доведе својот тим во водство во 12 минута, но Ведат Муриќ израмни во финишот на првото полувреме.

Во вториот дел апсолутна доминација на Барселона. Рафиња погоди од пенал во 56.минута, а потоа во периодот од 74. до 84.минута Каталонците постигнаа уште три гола. Стрелци беа Рафиња, Де Јонг и Пау Виктор.

Барселона во следното коло ќе му гостува на Бетис, додека Мајорка ќе патува во Виго каде ќе игра со Селта.


Нојер исклучен, Баерн елиминиран од Купот на Германија

Баерн Минхен го заврши настапот во Купот на Германија во осминафиналето. Бранителот на трофејот Баер Леверкузен ги победи Баварците во Минхен со 1-0.

„Фармацевтите“ од 17.минута играа со играч повеќе и предноста на теренот ја искорстија во 69. минута кога Тела го постигна единствениот гол.

Трагичар на Баерн е Мануел Нојер кој го доби црвениот картон. Та испратидолга топка напред, Фримпонг стигна до неа излезе пред Ноер кој стоеше на 20 метри од својот гол, направи фаул и добри црвен картон.

Ноер ја игра 21 сезона и во 923 натпреварво кариерата прв пат доби црвен картон.


Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

Комисијата за избори и верификација во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го прифати предлогот на Општинскиот фудбалски Сојуз – Свети Николе за поддршка на кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација.

Комисијата за избори и верификација во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го прифати предлогот на Општинскиот фудбалски Сојуз – Свети Николе за поддршка на кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија на Вонредното изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија на 22. декември 2024. година.

Одлуката на Комисијата за избори и верификација во рамки на ФФМ по предлог на ОФС Свети Николе го одреди Масар Омерагиќ за единствен кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија на Вонредното изборно Собрание на ФФМ закажано за 22. декември 2024 година, соопшти ФФМ.


Познати кандидатите за тимот на годината на ФИФПро

Светската асоцијација на фудбалерите (ФИФПро) ги објави своите номинирани за идеалниот машки тим на годината. На списокот има вкупно 26 фудбалери.

Голмани: Едерсон, Емилијано Мартинез, Мануел Нојер

Дефанзивци: Дани Карвахал, Џереми Фримпонг, Вирџил ван Дајк, Рубен Диаз, Вилијам Салиба, Антонио Рудигер, Кајл Вокер

Среден ред: Џуд Белингем, Кевин де Брујне, Фил Фоден, Тони Крос, Лука Модриќ, Џамал ​​Мусиала, Родри, Федерико Валверде.

Напаѓачи: Ерлинг Халанд, Хари Кејн, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Кол Палмер, Кристијано Роналдо, Винисиус Жуниор, Ламин Јамал.


Мбапе уште не е ослободен од обвинувањето за силување

Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец, Килијан Мбапе останува осомничен во случајот за силување во хотелот „Банк“ во Стокхолм, пишува „Афтонбладет“.

Според шведската обвинителка Марина Чарикова, истрагата за инцидентот продолжува.

Пред да даде изјава во полиција, повредената девојка која го обвини Мбапе прво отишла во болница да побара помош. Дополнително, изјави за случајот се земени од неколку неименувани жени кои имаат информации за тоа што се случило.

Истрагата започна на 14 октомври, самиот 25-годишен фудбалер негира каква било вмешаност во инцидентот. Адвокатот на Мбапе изјави дека играчот има намера да поднесе тужба за клевета.


Тен Хаг пред преземање на РБ Лајпциг?

Ерик тен Хаг експресно би можел да и се врати на тренерската работа. Тен Хаг пред еден месец доби отказ во Манчестер јунајтед.

Германските медиуми тврдат дека Тен Хаг ќе биде новиот тренер на Лајпциг. Лајпциг не игра добро во последно време и е во серија од шест меча без победа. Во оваа серија Лајпциг запиша пет порази. Минатиот викенд, Лајциг доживеа дебакл на домашен терен од Волфсбург (1-5).

Во германските медиуми деновиве на големо се пишува за тоа дека челниците на РБ Лајпциг ќе му врачат отказ на тренерот Марк Росе и дека прашање е кога ќе биде официјализирана таа одлука. Наводно веќе биле контактирани неколку тренери, а најсериозен кандидат е Тен Хаг.

Челниците на Лајпциг би сакале да го видат Тен Хаг на клупата на својот тим, а очигледно овој 54-годишен стручњак нема ништо против.