фудбал

Може ли Мурињо да ја преземе португалската репрезентација?

Интересно е тоа што Фудбалската федерација на Португалија веќе подготвува планови да започне преговори со Мурињо доколку тој биде ослободен од Фенербахче.

Идејата добила поддршка и од Кристијано Роналдо, што дополнително ја зголемува веројатноста за можен трансфер на „Специјалниот“ на клупата на националниот тим на Португалија.

Мурињо одамна има изразено желба да ја предводи својата земја, а нестабилната атмосфера во Турција и честите контроверзии во кои се вклучува, можеби навистина ќе го одведат кон тој чекор.


Кејлор Навас: Барса ми испрати понуда по повредата на Тер Штеген

Soccer Football – Champions League – Round of 16 – Second Leg – Real Sociedad v Paris St Germain – Reale Arena, San Sebastian, Spain – March 5, 2024 Paris St Germain’s Keylor Navas during the warm up REUTERS/Juan Medina/File Photo

Кејлор Навас се поврзуваше со Барселона кон крајот на минатата година кога Каталонците бараа голман откако Марк-Андре тер Штеген заработи сериозна повреда. Искусниот голман реши за прв пат да проговори на оваа тема.

„Дали Барселона ме контактираше кога Тер Штеген се повреди? Да, тие го контактираа мојот менаџер кој ме информираше дека има интерес да ме доведат. Тоа беше голем комплимент за мене, но и комплицирана ситуација“, вели Навас и продолжува.

„Доколку Флорентино Перез ме повикаше, со пливање ќе дојдев од во Мадрид од Костарика. Реал е посебен за мене, да ме прашаа ќе ја завршев кариерата таму.“

Костариканецот пристигна во Реал Мадрид во летото 2014 година од Леванте и остана пет години, освојувајќи сè што можеше со „кралскиот клуб“.

Сепак, кога ја изгуби позицијата прв голман во летото 2019 година, тој се пресели во ПСЖ. Тој бранеше и за Нотингем Форест, а во првиот дел од сезоната беше без клуб откако истече договорот со клубот од Париз.

Сепак, 38-годишниот голман се врати на сцената претходно оваа година кога потпиша за аргентинскиот Њуелс Олд Бојс.


Омерагиќ на отворањето на регионална канцеларија на УЕФА во Истанбул

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) отвори регионална канцеларија во Истанбул на пригодна свеченост на која присуствуваше и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ. Свеченоста беше одбележана со присуство на шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган, претседателот на УЕФА Александар Чеферин, како и речиси сите претседатели на фудбалските сојузи од регионот.

Поздравувајќи го отворањето на новата регионална канцеларија во Истанбул, првиот човек на ФФМ Омерагиќ истакна дека станува збор за стратешки проект за понатамошен развој и унапредување на фудбалската соработка во Југоисточна Европа.

„Преку оваа нова канцеларија, УЕФА ќе ја зајакне својата координација со земјите од регионот, а интеграцијата на европскиот фудбал ќе се продлабочи уште повеќе“, посочи Омерагиќ.


Гундоган: Беше чест да се дели соблекувалната со Де Брујне

Фудбалерот, Илкај Гундоган, го потенцираше Кевин Де Брујнe, за најдобар играч во историјата на Манчестер Сити. Познaто е дека на крајот на сезоната Белгиецот ќе го напушти англискиот клуб.

„Тој е незаменлив. Знаеме дека никој не може да дојде и едноставно да го замени. Секако, некако ќе ја пополниме таа празнина, клубот секогаш успева да го направи тоа.

Тоа што Кевин го направи за овој клуб е неверојатно. Беше радост да го делам теренот со него толку многу години“, рече играчот од средниот ред на „граѓаните“.


Рашфорд сака да игра во Шпанија

Фудбалерот на Астон Вила, Маркус Рашфорд, кој игра како позајмен од Манчестер Јунајтед, не крие дека сака да го облече дресот на Барселона.

27-годишниот напаѓач кој нема да се врати на – „Олд Трафорд бидејќи не влегува во плановите на менаџерот, Рубен Аморим, има опција да остане во сегашниот тим за околу 40 милиони фунти или да направи трансфер во друг состав.

Ќе потсетиме дека Барса сакаше да го ангажира Рашфорд во текот на зимата но, не успеа поради одредени финансиски проблеми.


Јуве се вклучи во трката за Украинецот Судаков

Челниците на фудбалскиот состав, Јувентус, веројатно во текот на летото ќе испратат понуда до играчот на Шахтјор Донецк, Георги Судаков, велат последните информации од Италија.

Украинецот во текот на зимскиот период се поврзуваше со неколку екипи но, сепак остана во клубот.

Извршниот директор на Шахтјор Донецк, Сергеј Палкин, неодамна потврди дека во моментов има најмалку два тима што сакаат да го ангажираат играчот од средниот ред.


Влаховиќ се повреди во поразот на Јуве во Парма

Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус соопшти денеска дека неговиот играч Душан Влаховиќ се здобил со повреда на бутот.

„Душан Влаховиќ денеска беше подложен на дијагностички прегледи, кои открија преоптоварување на мускулот на десната нога. Неговата состојба ќе се следи секојдневно“, се вели во соопштението на Јувентус.

Српскиот напаѓач е најдобар стрелец на Јувентус оваа сезона со 14 голови на 38 натпревари.

Јувентус е петти на табелата во италијанската Серија А со 59 бодови, а клубот од Торино на овогодишното Светско клупско првенство ќе игра во групата Г со Манчестер Сити, Видад и Ал Аин. (


Болоња по половина век обезбеди финале на Копа Италија

Фудбалерите на Болоња го потврдија пласманот во финалето во Купот на Италија. Откако во првиот натпревар победија со 3-0 и вечерва на домашен терен го совладаа Емполи со резултат 2-1. За пехарот ќе се борат против Милан.

Домашните поведоа во 7. минута со голот на Џовани Фабијано.

Виктор Коваленко израмни во 33. минута, а Тијс Далинга и донесе победа на Болоња со гол во 86. минута.

Болоња двапати го освои Купот на Италија, последен пат во 1974 година.

Финалето ќе се игра на стадионот „Олимпико“ во Рим на 14 мај.


Ал-Наср тргнува по Кудус, нуди 100 милиони евра за напаѓачот од Гана

Ал-Наср, клуб во кој прва ѕвезда е ветеранот Кристијано Роналдо, во последните години докажа дека не штеди пари, демонстрирајќи голема финансиска моќ.

Во летниот преоден рок, со 100 милиони евра ќе тргнат во офанзива по потписот на фудбалерот на Вест Хем, Мухамед Кудс.

„Чеканите“ најверојатно ќе ја прифатат понудата за 24-годишниот репрезентативец на Гана, кој има договор со клубот до јуни 2028. Се очекува Мохамед Кудс да се пресели во Ал-Наср во првите денови од летниот преоден рок.

Кудус ја започна својата кариера во Академијата „Право на сон“ во Гана, во сопственост на данскиот Нордсјеланд, кој го продаде на Ајакс во 2020 година за девет милиони. Холандскиот гигант подоцна го продаде на Вест Хем за 43 милиони евра.

Мухамед Кудус оваа сезона одигра 27 натпревари за тимот од Лондон во Премиер лигата на кои постигна три гола и забележа три асистенции.


Хау се враќа на клупата на Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, се врати на работното место откако се опорави од пневмонија, соопшти денеска клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Хау, пропушти три натпревари поради пневмонија. Од болницата во Њукасл бил отпуштен минатата недела.

Хау викендов ќе биде на клупата на првенствениот натпревар против Ипсвич кој испадна од Премиер лигата.

Во негово отсуство, тимот го предводеа помошниците Џејсон Тиндал и Греам Џонс, а црно-белите победија на два од три натпревари.

Њукасл се бори за место во Лигата на шампионите следната сезона, поточно за место меѓу првите пет екипи на табелата. Четири бода ги делат екипите од третото до седмото место.

На пет кола до крајот, Њукасл е петти на табелата со 59 бодови, еден бод помалку од четвртопласираниот Нотингем Форест и еден бод повеќе од шестопласираните Челзи и Астон Вила.